Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корекција на носот

Дискусија во 'Лице' започната од enca.69, 7 јануари 2010.

  1. coconut

    coconut Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Ако има некој правено операција кај Туџарова нека пише што е потребно за преглед и секако детали за време и после операција..
     
  2. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Berry мислам дека ако вистински сакаш да направиш операција на носот нема зошто да те плаши да им кажеш на твоите.Нормално очекувај дека прво нешто што ќе ти го кажат е дека немаш потреба и како и секој родител своето дете им е најубаво и без маани но ако убаво им објасниш дека не е само каприц или како што викаш ти бубачки би требало да те сфатат.Јас никогаш не сум зборела отворено на таа тема дека не сум задоволна од изгледот на носот и дека сакам да направам операција па затоа кога им спомнав мислеа дека се зезам.И ок не напнував со муабетот туку трај прај терав :) ...пред извесно време им кажав дека бев на разговор кај еден д-р колку да се информирам што,како.. тогаш сфатија дека сум сериозна и сериозен муабет направивме.Јас работам и фала богу неморам да барам пари за операцијата дека никогаш не би ми дале знам,али секако многу ми е важна поддршката од дома.Имам 26 години и доволно сум возрасна и знам што сакам во животот,свесна сум за се и не е ова каприц или незнам што.Не се чуствувам убаво во своја кожа кога ќе се погледнам во огледало и веднаш прво нешто што ми паѓа во очи е мојот нос.Може да ме сфати само оној кој исто така се чуствува.Тоа беше отприлика муабетот а од мајка ми добив одговор (кој искрено го очекував) - дека верува во мене и без разлика што и да се одлучам (дали да правам или не) ќе биде со мене и ќе ме поддржи. Па сега останува да заштедам и дефинитивно да се одлучам кај кој д-р да одам. :)
     
  3. berry

    berry Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Правев муабет со личност од фамилија која мн ми значи но ми кажа дека не ме подржува затоа што тоа биле само знаци на депресија,сум немала што да правам и сум се набљудувала себе и сум си наоѓала причини да бидам несреќна.А не можам да и објаснам дека секој ден се повеќе ме мачи ова и се повеќе сакам да го направам тој чекор.Како што пиша и ти,може да не разберат само личности со ист проблем...
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Знаци на депресија? ајдееее очигледно таа личност не знае како е да живееш со "нешто" што допринесува до намалување на самодовербата. Мислам дека е нормално секоја девојка,жена сеедно да се набљудува и како и секогаш да си наоѓа маани и да се стреми кон некое си нејзино " совршенство" . Ако тоа е твојата причина што си несреќна баш би требало да те поддржи ако вистински те сака и сака да си среќна ете така можеш да и кажеш.И не дозволувај секој да ти соли памет зошто не знае како е да си во твоја кожа, нели? Едноставно би те советувала ако вистински тоа сакаш да го направиш да бидеш упорна и да не се откажуваш! Како викаат нема победа без борба ;)
     
    На powerpuff му/ѝ се допаѓа ова.
  5. berry

    berry Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Фала ти на поддршката и разбирањето...секоја посета на форумов и читајки ги по милион пати коментарите се охрабрувам повеќе... :) ти посакувам среќа.
     
  6. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Повели и друг пат :) Баш ми е мило што на некој начин вака те поддржуваме и охрабруваме.Само напред!! Па пиши понатака ако се сменат работите во друг правец... во оној кој би сакала ТИ да се одвиваат! :)
    Поздрав
     
  7. b.04

    b.04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Се регистрирав на фемина само заради темава :)) Значи вака.. Имам голема желба за корекција на носот и + полнолетна сум, но домашниве никако да ги убедам да ми дадат пари за тоа.. Како и да е, мислам дека човек ако многу посакува нешто тоа нешто може тоа да го оствари така да ич не се обесхрабрувам. Но, искрено ме фаќа малку страв од последиците.. како шо прочитав некои се задоволни, некои не.. сепак знам, зависи од докторот кој те оперира. Но не е само операцијата, после тоа мораш да се пазиш и од најмала повреда, нели? Ве поздравувам многу сите шо имате направено корекција на носот или шо ќе правите, браво за храброста :) Се надевам и јас еден ден ќе ја имам таа можност да направам ринопластика.
    пс. Дали и колку се плаќа прегледот кај докториве на приватно ( Нетковски, Туџарова ..) ?
     
  8. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    b.04 јас контактирав со д-р Нетковски и се договоривме за разговор кој траеше преку сила 15-20 мин чисто да се информирам околу целиот процес и кога излегов од кај него ми побараа 1200 ден . Убава политика си има човекот,операциите ги прави во државна а те вика во приватна за разговор и да си платиш фино лепо 1200 ден за ништо. Значи јас ако се решам кај него да правам испаѓа за секое доаѓање па макар и на 5 мин ќе си плаќам по толку ... :^) некако не ми иде ..
     
    На leona11 и Cloee им се допаѓа ова.
  9. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Еј ама нешто се преценил тој Нетковски а?! :^)
    Значи да го елиминирам од листата... кај бе толку пари за еден обичен преглед??? Па што после операцијата кога ќе треба да одиш на контроли и преврски? Ќе испадне да дадам повеќе пари за прегледи отколку што ќе дадам за самиот зафат. :fubar:
     
  10. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Да да,баш така! Истото и јас си го помислив и некако многу е.
     
  11. coconut

    coconut Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Дали некој знае дали се плаќа преглед кај др.Смиља Туџарова и колку?Ме информираа дека операцијата чини 500 евра,а некои викаат 750...има некаква врска дали ке ве стават на листа на чекање или...?
     
  12. lakibebe

    lakibebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    58
    Би сакала да појаснам дека се наплаќа само првиот преглед, т.е. првата консултација, која се движи некаде од 1200-1500 денари, во зависност од докторот, при што докторот ве прегледува, му кажувате какво носе сакате, па и при прегледот се гледа и дали имате уште некој медицински проблем, кој не се гледа, пр. искривување на носна преграда и слично, се договарате за целата процедура, датумот и цената на самата операција(нели е малку бесмислено сето тоа да го врши бесплатно, затоа што и покрај сето тоа можеш да се предомислиш за операцијата, нели?).
    Откога ќе се договорите за операцијата и цената, сите преврски, прегледи, консултации, контроли и сл. се бесплатни. Значи таа сума се плаќа само при првиот преглед и тоа е секаде така, независно кој доктор ќе го одберете. :)
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. b.04

    b.04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Фала Mini-Mouse, фала ти и тебе lakibebe многуу :)) Инаку би одела право на државно ама се плашам дека можат да утнат нешто па после не дај боже да се влоши ситуацијата и да ми е отежнето дишењето ( инаку операција сакам да направам чисто од естетски причини, не од здравствени :D ).. Не е едноставна работа операција на нос.. А за цената како што разбрав зависи од тоа каков зафат треба да ти направат и + ако не сакаш да си на листата за чекање, ако сакаш да направиш операција преку ред, ке треба да платиш нешто повеќе.. Уф.. И сега останува мислата кај кој доктор да се оди.. Нетковски или Туџарова :D
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    После денешниот ден, кога си ја видов сликата од матура, каде што носот ми го направиле како некоја белосветска аеродромска писта, дефинитивно ми набија комплекс и дефинитивно сакам корекција на носот! :@ :@ :@
     
  15. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    А Нетковски каде оперира? Јас мислам на клиника за уво нос и грло. Зошто закажува прегледи и консултации на приватно, ако веќе оперира на клиника. Јас кога отидов на консултации на клиника за уво нос и грло, не ми наплатија ништо.
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. angelinaangelina

    angelinaangelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Sum cula za Dr Daskalov-go falat mnogu,jas bev kaj Dr Kirjas na Otorinolaringologija vo Drzavna Bolnica i konecno sum presrekna so mojot nos.....Lele-se ve razbiram,nemozev da se gledam,se mrzev sebe i se okolu mene.Super mi e nosot,se operirav pred 7 meseci i prezadovolna sum......

    [mod-kirilica:2fp2wv1h][/mod-kirilica:2fp2wv1h]
     
  17. lakibebe

    lakibebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    58
    Да и јас мислам дека таму оперира. :)
    Каде ќе закажува преглед, а каде ќе оперира си е избор на самиот доктор. :)
    Поздрав.
     
  18. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Од каде ти е информацијата дека само на првиот преглед т.е. консултација се плаќа? Јас првпат слушам вакво нешто :^) И сакаш да кажеш дека од кога ќе се договорите за операцијата за понатамошните прегледи,контроли,преврски,да не ги заборавиме и тестирањата,сликања итн.. нема да се плаќаат? А за 15 мин разговор што ми зема ко од шала 1200.. ?! :^) Не ми се верува во ова. Еве и јас да појаснам нешто, значи јас бев само на еден разговор а не преглед, зошто не ме ни погледна не ми ни искоментира дали треба или не треба корекција,само околу неговата работа збореше и сето тоа беше многу кратко.Инаку да нема забуни докторот ви кажува дека има само една цена а таа е 750 евра (само операција-со нагласок) и тогаш се договарате за датата кога вас ви одговара, но постои и друга опција доколку немате толку пари може да се ставите на листа на чекање а кај него се чекало година дена и операцијата би чинела 350 евра.Ова беа неговите зборови.Инаку он спомна дека оперира во државна , нема потреба на приватно зошто операцијата ко операција исто ја извршува само разликата е што во приватната е многу поскапо заради собата што ја плаќаш.
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  19. coconut

    coconut Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    САМО операцијата се плаќа 75о евра?Или све влегува во цената?Болнички трошоци на пример...?
     
  20. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Па да бидам искрена колку што го разбрав докторот во таа цена влага операцијата и првиот ден во болница кога ќе останеш( следниот си одиш ако е се во ред).А за останатите прегледи пред и по операцијата не прашав дали и колку се плаќаат, но доколку сите консултации пред операцијата се во приватната болница нема шанси да не се плаќа,а на преврска идеш само еднаш кога ти го вадат гипсот и ти останува само фластер.Значи повеќе прегледи има пред операција него по операција освен скраја да е па да треба.
    Мислам хелоуу нема логика утре да сакам да правам кај него операција во државна он да ме вика за се во приватна... ќе се утепам од пари давање!