Хммм...не сфаќам... Нетковски оперира во државна така?И кога плаќаш за операцијата?Пред или после во кеш?
Па мислам дека пред ,би требало неколку дена пред операцијата да платиш, нема логика по неа нели ?! штознам..А Нетковски оперира во државна да , но и во приватна оперира али самиот ми кажа дека нема потреба таму зошто многу е поскапа операцијата а не го ни прашав за цена.Моја грешка е признавам што не го распрашав малку повеќе околу плаќањата и цените,повеќе бев сконцентрирана околу самиот процес на изведување на зафатот бидејќи ми е страв и затоа околу тоа и ни се вртеше целиот муабет.
Доколку ве стават на листа на чекање, операцијата на клиника чини 16.000 денари. Доколку ве оперираат во термин кога вам ви одговара се плаќа повеќе, ми се чини околу 500 евра.
Па ајде да речеме еве дека некако знам, како одат тие работи. Да, понатамошните прегледи, контроли, преврски кај истиот доктор треба да се бесплатни. Не говорев за испитувањата кои и претходат на самата операција, како на пример испитување на крв, време на крварење и сл. кои сама бираш каде да ги направиш. Може и да си налетала на погрешен доктор миличка, сите доктори не се печалбари.
Во дилема сум и неможам да се одлучам...Нетковски или Туџарова...а може и Јакимовска само не сум баш толку сигурна во неа како во претходните двајца... :/
Mini-Mouse јас бев на листа на чекање и ми се јавија за операција после неполни 2 месеци од денот кога ме ставија. lakibebe дали Вие зборувате од ваше лично искуство или од општо познавање за процедурите околу операцијата?
Е добро де,ако знаеш толку сподели нешто со нас мајката не биди таква Јас решив да одам кај Д-р Нетковски бидејќи слушнав многу пофални зборови за него а и тука на форумов прочитав доста позитивни работи ,а тоа што го пишав е од мое лично искуство а не прераскажувања.Точно пред еден месец бев кај него на консултација и тоа е тоа.Ти велиш треба да се бесплатни контролите,прегледите али немора да значи дека се! Како што кажав да не се повторувам после операција немаш многу прегледи али затоа пред - има! И не верувам дека се бесплатни... па што е бесплатно кај нас веќе? уште малку и воздухот што го дишеме ќе го плаќаме.И дај (од лично искуство или не,не е битно) препорачај ни некој доктор што не е печалбар ?! (од љубов што работи?.. ) ќе ти бидам многу благодарна. Зор може Нетковски така намерно ми кажа дека се чека кај него година дена, незнам...
Е па драги феминки јас конечно го направив носето хухуху леле вчера ми го тргнаја гипсот кога се видов ууффф неможев да и оддолеаааам меѓутоа сега треба да носам фластери уште 2 недели. Инаку опеацијата после толку двоумења и размислувања ја направив кај доктор фродита Јакимовска на уво нос и грло во државна болница жената е супер значи се помина во најдобар ред воопшто немам никави болки само малку оток но ми даде таблети и сега ми поминува и тоа за све си има терапија. Зачи за тие што се мислите кај кој да одите ви ја препорачувам Ф.Јакимовска ко ќе ги извадам фластерите ќе ставам и слики да видите колку ми е природен како таков да ми бил цел живот и тоа ми е потечен сеуште кога ќе оттечи ќе биде поубав Само после операција треба многу да се внимава посебно со спиењто и јадењето леле многу ми е страв да не си го зафркнам во спиење бидејќи многу се превртувам
Е алал да ти е barbie-hilton и наздравје операцијата! Јас додека да се одлучам да одам, еве дојде и крај на светов ебаго! Ај може ќе соберам и јас сили летово...
Консултацијата бар кај мене беше бесплатна, патем ја уште оддамна го напишав истото што ти го кажал. Инаку операцијата приватно кај него е 1300 евра, беспотребно си фрлила 1200 денари. Хилтон, честито сонце.
Фала душички мои се надевам дека за брзо и вие ќе се одлучите воопшто не боли како на фризер да сте дури да трепнете ќе ве разбудат за една недела ќе ставам и слики can't wait
За Дубровска немам некоја посебна информација, но и искуството на barbie-hilton покажува дека сепак др. Јакимовска е најдобриот избор. Честитки за новото носе.
@Twetty а ќе можеш и ти подетално да опишеш како помина со операцијата ? Дали те болеше и колку време ти траеше операцијата? Велиш не си задоволна како ти го направила врвот,а грпката дали ја снема како што очекуваше? И уште пофино ќе биде ако си во можност да ставиш некоја фотографија од твојот профил пред и потоа Позз
Ништо не боли после операцијата, некои вика глава ги болело ама ништо сериозно. Мене ме вратија по 6 саати од операцијата е сега не знам дали во шок соба сум била, како и да ги викаат, но не ни сакам да знам што како за мое добро......И затоа викам дека не сум задоволна зш толку долго време ме правела и пак девијацијата ми се поврати и тоа многу, уште кога ги извадив тампоните внатре рскавицата ми беше искривена а па и најлошо и надворешно се приметува ама ептен ако ме загледаш......и јас сега....И баш ја прашував зашто така она ми даваше некои глупи одговори. Немам слика од предтоа како ми бил ама нешто како на Аshley Тisdale, и сега приближно ми е таков направен како и на неа што и е направен. Абе и да ме видиш ништо нема да приметш ама има еден куп грешки. Не очекував совршенство ама ова е веке премногу...
УУууу многу бе 6 саати што ти правеле толку ...?! Баш ми е криво што не ти испаднал носот како што сакаш или барем приближно.Јас од тоа и се плашам. ..еве најдов некое сликиче на нет од оваа девојкава што ја спомна ама ако ти бил носот ваков пред операцијата па не ти бил многу лош бе мене поголем ми е
Е толку мал не и е, залажува сликава Ама горе - доле и мене ми е ваков само ти викам кога ке се насмеам некако ми се издолжува..... http://www.zimbio.com/photos/Jared+Muri ... C2cGDAHbnM