Ги прочитав сте постови од почеток до крај и дојдов до заклучок дека сепак најдобар доктор за корекција на носот е Јане Нетковски... Патем заклучив дека кај него операција е 1300 евра, а доколку те стават на листата на чекање тогаш е од 300-350 евра.. Така ? Имам голема желба да направам таков чекор во мојот живот бидејќи многу ми ја намалува самодовербата носот... Али проблеме тоа што имам 16 години, па би сакала ако знае некоја од вас да ми каже од колку години прават операции ? Благодарам однапред
Операцијата кај него чини 750 евра, а доколку се ставиш на листа да чекаш,тогаш е 350 евра.Јас кога бев кај него прво нешто што ме праша е колку години имам дека секако тоа е многу битно.Незнам дали ти ќе можеш туку така да правиш операција,сигурно ќе треба некаква согласност од родител да се потпише можда на нешто.Треба да си се распрашаш за таа работа.
Ќе може некој да ми каже меил или тел.број од др. Јане Нетковски за да можам и јас да контактирам со него ?
Со здравје да си дишеш со новото носе Прекрасно ти е,воопшто не изгледа како да е оперирано ,освен тоа,многу складно ти стои! Цмокчиња на носето
Барби беше ставена на листа на чекање или? А има врска пример ако ти вршат исправување на носот и исправување и намалување на носот заедно, во парите? Првото да е поскапо а второто поефтино?
Јас имам да ви предложам друг хирург..тоа е Огнен Даскалов.Да,можеби многу ќе кажат е овој познатиов по телевизии шо се мотаи по емисии ама човекот е професионалец во секој поглед! Немам правено корекција на нос имам друга интервенција правено но толку сум задоволна што на секого го препорачувам! Прекрасен во секој поглед и како човек,пред се сталожен,одлично става анестезија што нема ни да почувствувате! Но секако човекот си работи приватно и можеби не е за секој џеб,но мислам дека цените не се разликуваат нешто многу од другиве хирурзи.Тој работи иначе во Промедика што се наоѓа карши Рамстор!
Гиоиа,како можеш да предложуваш некој доктор а немаш лично искуство за таа интервенција со него?!Операцијата на нос е посебна интервенција,се работи за лице,на запад треба посебен сертификат да имаш за тоа,тука кај нас како и за многу др.работи па и за ова ти е гола вода,Даскалов е извикано име како и многу други во медицината.Тоа не ти е како силикони да ставаш во цицки,ако едната цицка ти е неколку мм поголема или помала од другата не се приметува ама на лицето се приметува секој мм.Операцијата на носот е уметност,а даскалов е далеку од уметник,ДАСКАЛОВ Е КАСАП.Ни на најголем душман не му препорачувам да оперира нос кај него,зинат само за пари.Толку сум оштетена што размислувам да го тужам.На тие што планираат да прават операција на нос најдобронамерно им препорачувам ДА НЕ СЕ ОПЕРИРААТ КАЈ ДАСКАЛОВ.
Готово ,ме убедивте! Оддамна имам си имам набиено комплекси за носот и ме нервира искрено премногу. Порано не размислував за операција,ама почнав да си ја читам темава,и се решив Најмногу поради Powerpuff а сега и Barbie-hilton. Искрено ,пластичните операции не ми се некоја табу тема,мислам зошто би трпеле нешто кога може да се смени.Сеа ,нормално не извештаченост и неприродност ко бугаркине ,ама ете кога некој си има маана зошто да не ја среди,нели. Немам испакнат или крив нос,ама некако ми е многу широк во долниот дел.Неќам голем,сакам мал нос. Најмногу некако ме влече д-р Нетковски ,дали ради вашите пофалби незнам Него сакав да прашам,што е разликата доколку е операцијата на државна клиника или во Анчевски? Има нешто подобар третман ово-ово?Или разликата е само во парите? И така сеа ми останува само моите да ги убедам,ама да знаете кривицата ја префрлувам на вас!
Па секако дека разликата е во парите а секако и во третманот со пациентите. Но според искуството на Barbie-Hilton она беше презадоволна од односот на сестрте во државна , немаше никакви поплаки кога ја прашав. А и самиот доктор Нетковски ми кажа,кога бев на разговор, дека нема потреба во приватна да правам операција доколку се решам бидејќи исто си ја завршува неговата работа независно дали ја прави во државна или во приватна болница. Е сега не викам дека не е друго чуството кога ќе влезеш во приватна али колку пари толку музика,нели.. Секој си знае колку му се можностите.
Здраво, дали може на 17 години да се направи операција на носот и дали зависи цената од тоа што сакаш да смениш на носот?
Прво можеш малку да се смириш! Доколку ти се чувствуваш повредена од негова страна јас не се чувствувам така и токму тоа ми дава за право да им го предложам на девојките! Јас лично не правев кај него операција на нос но правеше брат ми,така што многу добро сум запознаена со ситуацијата! јас исто правев корекција така што имам само пофални зборови..воопшто не е така како што луѓето го претсавуваат! Кога некој ти прави волку сериозна интервенција многу е важно да биде пред се сталожен смирен да знае да стави анестезија како треба и да го опушти пациентот! Кај Даскалов јас не се ни почувствував на интервенција..се е на професионално ниво..секогаш за секој доктор ќе се јават гласини доколку некој не бил задоволен како тебе..тоа е нормално! а не знам искрено кој хирург е ефтин али ај тоа е твое мислење
Гиоиа во ниту еден дел од текстот не пишав за цената,во право си дека е најскап ама далеку од најдобар,мене цената не ми беше битна,имав заштедено свои пари и пред операција воопшто не прашав колку чини.Се сомневам дека воопшто ја познава структурата на носот затоа што не може да го предвиди крајниот ефект од постапките во текот на операцијата.И колку за информација анестезијата е општа и примаш лекови преку вена против болка и за спиење,не треба дури и не е пожелно да се дава локален анестетик затоа што се менува обликот на носот и се нема реална слика колку и каде се вади.Ако чита даскалов нека поднаучи нешто.Треба да се предвиди бенефитот од операцијата а ако неможе да се направи тоа што го бара пациентот треба да го одбие.Доктор што вика дека знае и може се не е добар доктор,зинат за пари.Многу доцна разбрав дека има многу незадоволни пациенти од него,дури и меѓу медицинската афела луѓе што рабоатат со него кажуваат дека не е добар. за операција на нос,дека многумина од нив мораат да прават повторно операција.Затоа еден пријателски совет до сите девојки за да не поминуваат низ тоа што јас пминав ДА НЕ СЕ ОПЕРИРААТ КАЈ ДАСКАЛОВ.
Ве молам кажете ми кај кој др. и во која клиника чини 16.000 ден. ако си ставен на листа на чекање, кај сите доктори или само кај поединци и колку време се чека. Ако знаете од ваше или од искуство на ваши пријатели кој доктор е најдобар. Ве молам брзо одговорете ми многу сум заинтересирана неможам повеќе да го поднесам овој мој нос, ептен ме нервирам сакам што побрзо да го решам проблемот и да изгледам екстра.
Ооо,господин Нетковски... Па добри 4,ако не и повеќе години ми нема текнато на човеков. Ми правеше мене операција тој во осмо одделение,имав девијација на носот. Човекот е срце со раце,нозе и глава. Ама стварно. Нормално,работи у државна. Али ова за тогаш. Сега поима немам каде е. Знам дека не чекавме нешто за ред,тие процедури. Многу е фин човекот и тогаш се договоривме да ми прави и операција пластична на носот,дека ми е крив од мала ( кога паднав во Бугарија на 3,4 годинки ) но тоа дури кога ќе наполнам 18 год. Така да,не знам за тоа дали можете малолетни да правите пластични операции. Така да,девојки,ја имате мојата подршка ако сакате кај Нетковски. Сепак,јас мислам природно си е природно. И јас не можев да се замислам на овие години со мојот нос,но ете. Се било до годините и до тоа да научете да се сакате себеси.
Значи не знам што се расправате кога веќе ги утврдивме најдобрите доктори во мк за ринопластика тоа се ФРОДИТА ЈАКИМОВСКА И ЈАНЕ НЕТКОВСКИ е докажано со докази и со искуство (јас се правев кај јакимовска) двајцата се државна болница... И што туку прашвате овој оној прочитајте го цел форум од 46 страни и све ќе ви биде јасно не туку си играјте со здравјето овој оној....
Братучедка ми правеше операција на носот пред околу недела дена, во државна кај женски доктор. И да, чекаше додека не направи 18 за да и се оформела убаво коската.
А како да го најдам др.Јане Нетковски на која клиника работи да ми даде некој негов број ај ве молам за помош
Ејј бе а мора 18 да наполниш, неможам се нервирам вака,сакам што побрзо да си направам пластична операција