Д-Бјанчи блазе си ти.Си одмислила,мене као на глава да ми стои. Иначе не сум била кај ниеден доктор до сеа,ама планирам да одам деновиве.Најверојатно кај Нетковски.На форумов го фалеа нели,па се распрашав и ми рекоа дека е дефинитивно меѓу најдобрите кај нас за ваква операција,ако не и најдобар. Ааа...ми се свиѓа идејава на Сеси,за групна операција .
Jас мислам дека Нетковски се чуди од каде наеднаш е толку баран . Треба да ни даде попуст, зарем не ? А Мис, зошто да не- заедно ќе се поддржуваме и нема да ни биде толку досаден престојот во болницата, ќе си направиме една собиранка
Мислам дека го преценивме Нетковски. Досега две се изјаснија дека направија корекции, Пауерпаф кај Ј.Нетковски и Барби кај Ф.Јакимовска (со слики секако). Разликата е во тоа што кај Пауерпаф имаше доста правилно носе и естетски беше корегирана само грпката (повеќе беше од здравствен аспект), а кај Барби корегиран е целиот нос комплетно. Грпката, ноздрите. Има огромна разлика, штета што не ви постираше сликичка и од пред тоа за да видите колку е носето променето и природно направено. Мој совет е Јакимовска.
И мој е исто д-р.Јакимовска. Жал ми е што сеуште неможам да ви постирам слики, но можам да ви кажам дека меѓу обликот на носот предходно и сега нема врска. Не е променет, туку е сосема нов! Мене ми е чудно. На секоја наредна контрола е се помал отокот и се гледа дека е се променето. Порано имав грпка, беше испакнат, долг. Сега е прав, краток, обработен е врвот, ноздрите. Докторкава прави чуда и покрај тоа што кај мене ете се случи многу да крварам (поради стрес пред операција од некои недоразбирања) за време на операцијата, но многу работеше на мене и со Господ на помош се испадна во ред. Значи, ете, кај мене имаше многу силен фактор операцијата да е неуспешна, ама вештите раце на д-р. Јакимовска направија да е се во ред на крај. За д-р.Нетковски неможам да коментирам, не го познавам ни него, ни неговата работа. Ова што го знам е од лично искуство.
Ви се воодушевувам на игнорантноста кон здравјето по цена на лепотата. Секој со своето,јас со својот став,иако го делам вашиот проблем,ама никогаш не дозволив да ми ја поткопа самодовербата. И тоа имам и медицинска причина да го оперирам и ми покрива фондот дел од трошоците (а може и во целост,не се сеќавам),ама се одлучив за алтернатива и никогаш нема да дозволам некој да ми резба по лицето,зошто може да се случи катастрофа,наместо лепота. Од ризик за искрварување,до девијации на носовите и тешко дишење,затоа што посакуваниот и посочениот нос впрочем и не одговара на таа конструкција, по цена фино да изгледа од надвор... Немате поим што значи поимот здравје,а тоа што секогаш нешто ќе си најдете ко маана,си останува. Пластичниве хирурзи кај нас се доживуваат ко копаничари и никој нема да ти рече немој. Не сакам да звучам ко мис на светот,ама стварно треба да имате повеќе љубов за себе. Од совршено здрави се правите нездрави.
Цена на корекцијата 13 500ден., плус 2500д. пропратни трошоци, од кои мал дел се рефундира, затоа што ги плаќаш како партиципација. Но, не е само тоа. Значи има предходни прегледи, снимања, тестови, што чинат околу 3000ден, после тоа што купуваш антибиотици и некои други лекарства. Значи, гледајте ја целосната слика, а не само самиот зафат Ова е цена за да бидеш ставена на листа на чекање, на која и не се чека така долго. Зависи од многу фактори, но по некоја случајност и последна да си, може да испадни многу побрзо да се оперираш од некои пред тебе. Поздрав Па и не сте баш во право. Конктретно јас имав наследно внатрешно искривување. Член на моето семејство има блокирана лева страна, со што е отежнато дишењето. Со тоа се оптоварува и работата на срцето, а следствено на тоа и на други органи. Што значи дека оставено како што е во иднина имам голем ризик од низа заболувања. Така да, ако имате проблем решете си го, секој си има право да си избере на кој начин ќе го направи тоа. А која е таа алтернатива за која што се се одлучиле ако не е тајна?
Ако поимот здравје значи пред секое легнување да си со капките за нос до тебе за да можеш малку да земеш воздух за да заспиеш како човек е пологемо здравје од тоа нема
Абе сум си нашла врски кај Нетковски.Вујко ми се знаел со него,се слушнаа и деновиве ќе ме носи кај него на преглед.Многу сум среќна бе!! Ем поради фактот што знам дека ќе ми обрне поголемо внимание,а со тоа и поголема сигурност и помалку страв.Ем што сега моите полесно ќе се согласат. А иначе за парите,абе нека ми излезе и 100 евра поскапо ако треба операцијата само да знам дека се на крај ќе испадне како што треба.И од здравствен,и од естетски поглед. Некој кажа дека сме го прецениле Нетковски...ја не кажав дека нема и други добри доктори,туку ете јас најдобри критики за него сум чула.И по форумов и надвор од него,затоа и бев поодлучна кај него да направам. Уште па сега кога испадна ова,ако ја правам 100% дека кај него ќе ја направам операцијава.
Мисс ти имаш убав нос, барем според мене совршено одговара на твоето лице. Не дека не може да биде подобар, сите сакаме да сме совршени ама па не ти е за зафат. Мене постојано ми велат дека ми е голем и дека би требало да направам зафат ама не сакам бре! Зошто кога немам здравствени проблеми да си играм?
Фала Марамке,ама јас ич не си го сакам.Не ми е крив,ама ми е некако широк,голем како да кажам.Ко боксерски ,ич не ми е женствен. А ако ти имаш голем нос... Неќам сега ова да звучи као ти мене ја тебе,али си го имаш и покажано лицето и на форумов,нека ти кажат другиве. Тој што ти кажал така сакал комплекси да ти набие очигледно. Абе џабе се ,ја се запнав да го оперирам и крај.Коа ќе наумам нешто мора да биде.Да не се оперирам сеа,ќе се оперирам за 5 години,знам јас. А и операција на нос веќе не претставува некој тежок зафат.Луѓе имаат направено по милион операции,па живеат нормално,и милиони луѓе имаат направено операција на нос. Со таа една операција,нема драми да се случат,само ќе го решам за мене големиот проблем.
Секој втор човек има несовршен нос. Носот е најголема мана кај повеќето луѓе, но од друга страна тоа е и доста тешка операција зашто се крши носната коска. Алал да ви е на храброста да трпите кршење на коски на лицето за 3 мм помал нос. Јас имам несовршен нос, големината е поголема малку, но имам грпка не знам како се вика стручно сигурно си има термин и ме нервира таа испакнатина. Но си го сакам ликот и вака, несовршен. А и да имам совршен нос па и тогаш ќе најдам друга мана и ќе барам чаре и за тоа? И така до недоглед ќе одиме? Толкава болка и таква операција не трпам, бар не на 20 години кога сум убава и со таа грпка. Ај кога ќе сум стара да размислувам на природна хирургија но сега не фала. Не сум против пластичната хирургија, но не сме сите родени барбики и не патете по совршенство. Здравствен проблем е веќе друга приказна, тука веќе потребна е стварно подршка. А воедно имам видено носеви кои се оперирани и кои воопшто не одговараат на изгледот на лицето. Размислете 2 пати дали вреди таа операција. И зашто ја правите? Луѓето повеќе ќе ве сакаат со 3 мм помал нос? Ќе имате повеќе привилегии? Ќе бидете посовршена? Не. Како што дава природата никој друг не дава. Ах да и тоа е една мала несовршеност, недостаток, со која е добро да научиме да живееме и да не ни пречи. Зашто многу пати во животот ќе сретнуваме несовршености, но не се поправа се со операција.
Toa чувство на незадоволство не се опишува и може да сфати само оној кој го дели истото. А Роси на овие твои прашања И зашто ја правите? Луѓето повеќе ќе ве сакаат со 3 мм помал нос? Ќе имате повеќе привилегии? Ќе бидете посовршена? Не. само ќе ти одговорам- не е за луѓето, ние ќе се сакаме повеќе со помал нос, а одговорот на другите две прашања е ДА, бидејќи ќе се чувствуваме многу поубаво во сопствената кожа, ќе го нема веќе тоа чувство дека фали уште ептен малку за се да биде совршено, знаеш дека може, знаеш дека ти е достапно, што веќе гориш од желба за таа промена, па зошто тогаш да не ја направиш, нели? А јас им се восхитувам на сите оние што се прифатиле несовршени и што не им смета тоа, ама искрено, оти јас не можам така да живеам, како што кажа Мис ако не го направам сега, ќе го направам за 5 години, ама вака нема да можам да бидам целосно исполнета. Ќе се прифатам на краток период, ќе заборавам, ама така се лажам самата себе си дека не ми смета, а не го сакам тоа. И ниеден коментар нема да ме предомисли да ја реализирам мојата желба која не е хировита туку е нешто што е многу достапно во 21 век. И јас планирам да го земам
Сеси не планирам да ве разубедувам зашто тоа си е само сопствена одлука. Си кажав само мислење, јас таа која имам голем нос со грпка за кој решив дека ќе го сакам зашто мој си. Моето мислење е дека кога ќе имаш убав нос пак нема да си совршен, тогаш ќе најдеш друга мана. Ваше си е, ако одите до крај јас сепак ви стискам палци и се надевам ќе бидете задоволни со својот изглед. Зашто убава девојка не ја менува едно мало несовршено носе. Ви посакувам среќа во одлуките ваши, нека помине се во најдобар ред и бидете здрави и убави
Се приклучувам кон несовршените носеви Еве и јас си имав комплекси дека носот ми е голем, си го мразев, баш кога бев при крај на средно бев решена да се оперирам. Само за тоа зборев, а сестра ми и татко ми нон-стоп ме зезаа, ми викаа дека со носот можам бурек да сечам и вицови си измислуваа на моја сметка, т.е на сметка на мојот нос. Толку многу намерно ме закачаа што на крај им реков дека за инает нема да се оперирам и дека сум убава ваква каква што сум. А токму и тоа им беше целта. Не сакам никого да премислувам, секој нека си прави како што сака, само мислам треба убаво да се размисли....Навикнати сме на еден лик, оној кој секојдневно го гледаме и сметаме дека е несовршен, оној лик каде штрчи носот....а што ако после операцијата, тој условно речено, новиот лик не ни се допадне....ќе одиме на друга операција и до кога така На травел енд ливинг имаше една емисија баш за пластични операции (не се сеќавам како се викаше ), ги прикажуваа пациентите после операцијата целите завиткани, неможат да дишат, помодрени, коска им кршеле, ставале цевчиња итн.итн....дури и прикажуваа сегменти од самата операција, како ги сецкаат, шијат, мене ми се згади и навистина колку и да мислиме дека има намештаљки во вакви емисии (а баш во оваа емисија целта е да се покаже ефикасноста од пластичните операции и да се афирмираа докторите, да се покаже како со операција може да се постигне подобар надворешен изглед ) сепак се гледаше колку болки поднесуваат луѓево. Јас лично не се осмелувам да се нафатам на зафат за кој со сигурност знам дека ќе биде болен, а не знам дали ќе бидам задоволна од крајниот резултат. Што ако не си се допаднам , враќање нема. Затоа размислете пред да направите можеби грешка. Од време на време пак знам да се загледам во огледало или на некоја слика каде ми се гледа профилот и да си речам-а што ако се оперирав...и знаат да ме мавнат бубачките ...ама некако го занемарувам фактот дека не си го сакам носов и се прифаќам ваква каква што сум. Сепак никогаш не се знае, може некогаш и ќе се оперирам, ама сега за сега не.
Фино тоа како некои луѓе размислуваат во врска со корекцијата на носот, но сметам дека тука пред се треба да се даде подршка на оние кои веќе се решиле на тоа затоа што тоа им е најпотребно во моментот. Ако некој веќе се решил на операција истото треба и да се почитува зашто тоа е и многу голема храброст да се направи. Не сфаќам зашто некои луѓе се трудат да укажат на сосема друго спротивно ,кога секој си има свој живот и одлучува за истиот, така да едноставно доколку сте заинтересирани за нивниот тек, уживајте и чекајте импресии...како и да е еднаш се живее зашто да не се исполнат некои желби
Искрено и јас се мислев за ова ама татко ми ми раскажа за него . На 18 години не му се свиѓал носот и отишол без неговите да знаат за тоа и поминала што поминала операцијата не можел да ја издржи болката и и се јавил на баба ми плачејќи И отишла и што да прави , не може да го натепа .. И сега татко ми има проблеми со дишење ... кога спие како хрчи , мислам некогаш ќе умре од што не може да дише . И после ова мене ми фуфка
Многу нормално сите ние немаме исти ставови во врска со ваков тип на операција. Убаво е да се слушнат различни мислења но сепак,ве молам, доколку немате ваше лично лошо искуство или на свој близок немора да укажувате дека ова е лош чекор, лоша одлука.Немојте погрешно да ме разберете но најискрено тука потребна е голема поддршка. :up: Секој втор човек има лош нос,да. Но и секој втор човек на планетава има направено операција на нешто.. Јас за ваква операција конкретно не познавам некој со лошо искуство освен тука што прочитав неколку. Сите луѓе имаат различни навики,ставови,способности,темперамент,карактер,интереси...Велите имате голем нос, но очигледно не и комплекс. Но јас да,имам комплекс. И незнам како да живеам со него. А и зошто би живеела цел живот со комплекс кога можам да си го решам тој проблем ?! Никој нема да ме сака многу повеќе со помал нос или пак ќе имам повеќе привилегии негде туку јас ќе се чуствувам поубаво, посигурно,посамоуверено.Ова би го направила само за себе а не за другите. И јас им се восхитувам на тие што собрале храброст за операција но истовремено им се восхитувам и на тие што решиле да си го сакаат својот нос, да си се сакаат такви какви што се. Како само јас не можам така да се решам да си го сакам ... Секој со своето... Јбг никој не е совршен знам. Јас не се ни трудам да станам совршена, имам и други маани но со тие можам да живеам. Нема да бидам првата во Македонија што направила операција. Нос по нарачка нема,и ова го знам. Но полош од сегашниот па и нема да ми биде сигурно И го видов носето на Барби-Хилтон во живо и ги видов и сликите од предходно и разликата е неверојатна. Носот и е совршен. И воопшто не се приметува дека има правено операција.
А кој рече дека операцијата боли? Па девојки, под анестезија сте, нема да осетите ништо. Јас ни после тоа немав ама баш никакви болки. Повеќе ме здоболи раката на местото кај шо беше иглата од анстезијата. Дека има посинети места на лицето, има. Ама пак дека боли - не боли. Барем јас немав никаква болка, да не генерализирам, неблагодарно е.