На оваа носот и е далеку поубав на почетокот после операцијата,отколку после година дена. Речиси и да и се вратил на првобитната позиција,па има и мала грпка! Е уште ова ми требаше!!!
Добро девојки колку пари се движат корекциите на носот? Дали фондот покрива одреден дел од сумата доколку има потреба за операција?
Да,покрива ако имаш здравствен проблем,а не само естетски. Орентационо се плаќа околу 1700 денари, дали од нив ти рефундираат или е тоа откако ќе ти ги рефундираат,не знам.
Јас имам како мала грбка на носот не дека многу ми се приметува и многу ми смета ама ако можам сакам тоа да го одстранам само треба убаво д асе распрашам како иде процедурата
Најпрво закажи си кај докторот што сакаш да те оперира на информативен разговор.Ќе ти објасни како најдобро би ти изгледал новиот нос,како ќе се одвива операцијата,колку ќе останеш во болница и сл,а и ќе ти направи преглед со еден инструмент ама не знам како се вика.Малце е језиво ама ништо страшно не боли Ако се решиш за операција ќе те прати кај анестезиолог да ти направи испитување за да знае каква анестезија да ти даде.После следува операцијата и ако се е во ред за ден-два ќе те пуштат дома.Потоа ќе одиш за 3-4 дена да ти ги извадат тампоните,а седмиот ден гипсот.Се надевам ти помогнав
Инаку да ви кажам за сите оние што планираат да се оперираат во Воена болница- од сигурни извори ве известувам дека условите во одделот за пластична хирургија биле катастрофа. Се вратил тој докторот Добре после прележаниот инфаркт, истиот тој што го фалат во темата за операција за уши, ама јас кога спомнав дека сакам да правам корекција на нос таму, личноста на која што ја прашав за условите (а добро е запознаена, верувајте), остана зачудена и рече дека таму никако да не правам таква операција. А гледам во темата ништо ново, никој да се јави после извршена операција. И како после човек да се реши на ваков чекор ????
Aјде девојки ставете слики да ве видиме,охрабрете не нас малце. Јас никако да се одлучам кога да ја направам..некако не дека имам некои обврски,ама па никако не сум ни слободна Ау колку се нервирам...едвај чекам да ја направам,не можам да чекам више. Ти Лилит што направи?Кога ќе ти биде операцијата?
Се логирав само да прашам што мислите за мојот нос? Дали на мое место би правеле операција, кај кого и колку би можела да чини? Инаку втората слика е правена со фотошоп, само сакам да ја исправам грпката на првата слика. поздрав и однапред благодарам
Jас мислам дека не ти теба операција, зашто не ти е скоро ич искривен носот. И јас имам таква мала слична грпка, само мојот нос не е толку тенок, па дури си мислам и дека моево е поприметливо отколку твојава ситуација. Кога би правела корекција, мислам дека како што ти е такво танко носето би изгледало ептен право и пластично. Да бев на твое место, немаше да размислувам за корекции, голем зафат е тоа и знак прашалник е дали ќе бидеш задовона од крајниот резултат. Јас не би ти препорачала, ама твое е дали ќе се согласиш со советите кои ќе ги пишеме, ти самата најубаво си знаеш што сакаш, а моето мислење еве, го имаш.
Јас пак си реков конечно некој што се оперирал ставил слика Девојко, вака на прв поглед не делува за операција, сега не знам... ако е мал носот, оваа мала грпка може да делува и сипматично, што не би било случај ако носот е голем, ама кај тебе мислам дека не е таков случајот. Седи си мирна, супер ти е и вака носот.
Драги Фемини , еве да се приклучам и јас ...Ве читам неколку вечери и еве заглавив на форумот , но конечно исчитав се и сесшто.Супер е , корисни информации и охрабрувачки пораки Исто како и вие и јас го имам истиот проблем , но јас сум повозрасна, што се вели наполнив и повеќе од 30 години и никако не собрав храброст да се оперирам.Причините за стравот се неколу и се уште се плашам искрено.Но кога имате девијација како мене и не можете да дишете како нормален човек , тогаш се решавате.Мојот проблем е дишењето и плус грпка. Се инфрормирав , прочитав се и сешто и ми стана јасно дека кога треба да се направи операција- треба. Вака одеше мојот пат -Имав само еден неуспешен обид да го направам тоа со д-р Даскалов (уште пред 3 или 4 год, не ме факајте за збор ) уште беше на Клиниката за пластична хирургија во државна.Првин ме прегледа(беспалтно) со картноче и книшка бев , потоа ми кажа да направам фотогфатии и да ми го исцрта носот како би ми изгледал , направив се како што ми кажа , ама ја во последен момент се предомислив , искрено немав довреба.Она што тој ми го исцрта беше менување на личен опис , страв ме фати и не се појавив кај него...А девојката што ми го препорача , што правела операција кај него , беше презадоволна , но тоа е индивидулано, а мене искрено нејзниот нос , воопшто не ми се допаѓаше, како силикоски , како залепен, никаков премногу мал , дупките и се гледаат као прасе.Занчи он, никако , фино што сум побегнала! После си седев некое време мирна и ајде минатото лето се решив за странство во соседството.На препоарака на една моја пријателка која живее и работи во Белград се упатив во приватната клиника кај др.Чолиќ( го фалеа,тој сите ѕвезди ги опереирал).Закажав , тепав пат до Белград и ништо.Типот беше самобендисан , не отстапуваше од тоа што го замислил да ми го прави и точка.Јас се објаснував мала корекција, нормален нос, девијација да ми среди ,дишење.Не тој ми вели цитирам -:Девојко јер ти желиш да урадиш ову операцију или не? Уште поисплашена , си собрав ранецот и назад дома. Пред извесно време вртев во една клиника во Нови Сад , типот правел се и сешто , но и ја си ставив прст на чело не може за се да е стручњак и него го баталив и пак сум на маки... Но ,како што слушнав од вас споменувавте Јане Нетковски е сега сум на мисла него да го барам, помагајте , одговара ли на е-мајлот што го има овде на форумот и дали сеуште работи на Уво, грло и нос ,како што пишувате?(кој ден е на смена , знаете ли нешто , подетално)? Извенете за доглиот пост, но морав да пишам , многу долго го носам оваа во себе , ке пукнев Кисчиња за сите храбри девојки! И уште нешто да додадам што ме плаши? Како што некој пиша , операциите ги изведувал во Државна болница , тоа ич не ми се допаѓа, зошто не отвори приватна? Некако во државното здравство не е за верување, може да снемаат анестетици, гази , секакви хорори ми се моткаат по глава П.С Инаку имам лично искуство (од лекари на државно) од дете од обична операција на слепо црвево , ми имаат заборавено газа внатре , 2 месеци наместо да ми се затвора раната , ми се отвараше, за малку сепса ке добиев и не дај боже...по долго чекање ме однесоа на втора операција , повторно ме отворија и ми го извадија заборавеното-хорор.Сега на стомакот имам ожиљак -широк 5 цм , ми се ежи кожата кога го гледам , а ретко кога се охрабрувам да го допрам.Тоа е мили мои! Сега го разбирате мојот страв од нож, нели?
За доктор Чолиќ (ако зборуваме за истиот од ВМА, Белград) сите имаат пофални зборови, затоа што тој прави корекција според формата на лицето, односно носот да одговара на обликот на лице, а не по шаблон, затоа и така ти кажал на твојата желба како сакаш да ти изгледа- и тоа не е по нарачка овде вака сакаш, онде онака, и јас би се изнервирала да сум на негово место вака да ми кажеш. Мислам дека и ти самата не знаеш што сакаш, дали да се оперираш или не, ти се сака, ама не сакаш да рашириш нозе, ја знаеш народната нели ? Кај Чолиќ, како што читав на српски форум, на почетокот сите се презадоволни, проблемот кај некои е што потоа се јавува некакво мало топче кое при притисок се губи и потоа пак се појавува, и тоа ги нервира потоа девојките и е една негативна критика за него, сега јас не сум стручна да објаснам што е тоа и зошто се јавува, ама доста девојки се жалат на тоа.
Здраво девојки, Да се јавам пак, да не испадне недоразбирање!Докторот кај кој бев јас , минатото лето се вика Миодраг Чолиќ , во приватна клиника бев , така и се вика д-р Чолиќ во Белград.Не сакам да судам за неговата стручност , човекот има еден куп сертификати и сигурно ги заслужил, но јас кажав само ,каков беШе односот и зошто се премислив. Инаку , од друга страна Даскалов беШе супер, опШтен и "cool", ама пак од друга страна може да те утне. А , за тоа топчето Што збориш , тоа може да биде сериозно ,значи ако се одлучиш да правиШ операција , треба да излезеш здрав и без компликации ,а не подоцна трчај кај друг доктор , на уШте една операција,као Што прочитав еден куп примери и тука и на други форуми. Мене да ми е страв , страв ми е не кријам , а затоа имам и лични причини, имам настрадано од наШите доктори као никој , верувајте...А операцијата на нос не е баШ "едностравна" како Што видов што пишуваат еден куп девојчиња овде.Се работи за дел на главата -кој е поврзан со се и сеШто , синуси, грло, усна шуплина.Ч) Го имам анализирано , проблемот долго време , веруј ми. Треба експерт за ваква операција-мислење персонал! Позз
Знаеме ние дека е сериозна работа, ама мене искрено ме изнервира што ти толку време истражуваш, одиш на консултации, и пак си да речам 20% решена да се оперираш. Ако ти е толку страв, тогаш заборави, живеј си со тоа, или среди си го само проблемот со дишењето, без естетика и готово. Сигурна гаранција никој не може да ти даде, еве Холивудските ѕвезди што да не немаат пари за да го одберат најдобриот, па пак на крај има многу “унаказени“. Тоа е ризик- или го прифаќаш или не. Е сега нема да одиш некаде каде што апла гледаш какви се условите, или ете си видела дека Даскалов прави неубави носеви, ама работата е да се одлучиш прво дали сакаш или не, јас мислам ти уште тоа го немаш расчистено со самата себе. А за вакви лоши искуства, сите имаме по некое, ако не лично, тогаш во фамилијата, тоа е...
Еве сум пак! Комплексот со голем или грбав нос е една работа , пробелем заради девијација е друга , не знам каков е твојот проблем?(естетски или здравствен)? Во мојот случај е повќе здравствен , зашто "комлесот" се надраснува.И јас велев , голем нос , крив ,еден куп глупости ми се мотаа по глава...Ве разбирам и тоа е проблем.Но , кога ќе научиш да се цениш и почитуваш , тоа исчезнува, верувајте.Инаку ја ако стојам пред огледало и си наоѓам маани, леле еден куп работа "ке имаат пластичарите" охо што добра -муШтерија! Кај мене проблемот да кажам е повеќе здравствен , а покрај тоа сакам да ми ја средат и грпката значи мала естетика , без промене "личног описа" , ја всушност оваа им објаснуваав и на двајцата доктори , меѓутоа тие ми даваа Холивудски модели, таа беШе во мојот случај.Јас знам точно Што сакам. Кој според тебе , ако имаШ искуство би можел оваа да го направи?Каков е твојот случај , дај совет!
Еве ме и мене пак! Штом ти ја отстранат грпката секако ќе ти се смени личниот опис Што да ти препорачам, си ја исчитала целата тема, тие се докторите, а ти и онака нема да се оперираш
А кај кого се оперираше ти Сесилија , претпоставувам дека си направила операција до сега ми делуваш доста "храбро" Ја Што ќе решам , ќе реШам,може ќе згрешам ,али ок , ризик е ризик
А вие немате поим што е болка на синус и разболен среден крајник,затворено грло,затоа си играте курташак. Хир ви гоу аген. Денес не дишам. Кога ќе заврши ова???