Прво и основно едно е ти што сакаш од носот, друго е што може да се направи.Во цел твој пост ја кажуваш само твојата страна(мое субјективно размислување). Убаво е што се распрашуваш, но кога одиш на доктор прашај што всушност навистина може да се направи, не ... сакам вака и вака. Втора работа.. државни болници. Да, има услови катастрофални,ама операционите сали не смеат да се нечисти и неопремени. Жити Бога како може на сред операција да им снема газа?? Премногу преувеличуваш.
http://www.poliklinikabagatin.hr/korekcija-nosa.php Само што налетав на ова, најдоле има 3Д анимација за зафатот. Искрено прв пат слушам за оваа поликлиника, ако има некој некакви информации нека сподели.
Девојки , Да не бегаме од темата...Јас споделив мое искуство и рамислување и она Што мене ми се има случено, не мора да значи дека сите лоШо ќе поминат.А дека јавното здравство е во хаос и дека врие од корупција , тоа не мора само ја да споделам , погледнете ги вестите на ТВ и ќе чуете Да не бегам ни ја од темата,но само уште ова пред 3 месеци , другарка ми се породи во Државна болница, нејзниот маж"мораше" да даде 500 евра на лекарот за да ја третира подобро-да го почасти.А породувањето во Систина чини 800 евра.Само 300 евра плус , ама ммирна работа Така е на сите оддели, за жал...
Балонче, оваа апаратот со ЗД анимација е супер! Како што забележав клиниката е во Хрватска ?! Далеку е за нас!
Не ми требаат вести за да се уверам за условите во болниците,ама за операционите сали не ми кажувај какви се молим те! Навистина е примитивно да размислуваш дека во денешно време во операциона сала ќе заборават газа или анестетици. Таму во операциона само да те известам постои доктор и тој ја прави операцијата. Исто така тој ти става анестезија, па можно е да се заборави и да се подразбудиш малку, исто така тој над тебе си ја брише потта од челото па можно е ти падне на отворениот нос некоја пот и да добиеш воспаление. Исто така докторот е и чистач на операционата сала, па ако има многу работа претежно чисти еднаш дневно, затоа што не може да постигне се. Ако заборави газа во операциона ќе излезе таков и одма ќе оди до амбуланта да набави и ќе се врати да те доправи. Ете какви се условите во болниците во Македонија!
Здраво, сакам да направам мала корекција на носот и закажав термин кај Др.Копачева, ќе може ли некој да ми каже неколку информации за неа, до сега прочитав само негативни коментари, а операцијата ми следи за неколку денови.Фала однапред.
.... несакам да те плашам ама моја другарка направи кај неа операција и првата и беше неуспешна. па после тоа ја наговори на втора операција која исто така бесе неуспешна. ако можиш најди друг доктор. Јас би ти го предложила Нетковски. правев операција пред недела дена кај него и задоволна сум. и плус многу е коректен и ке ти каже што ти одговара, а што не.
КОПАЧЕВА-НИКАКО бе девојче.. камо јас да ги бев прочитала сите коментари за неа, па никогаш да не ја запознаев.. немој никако да правиш операција кај таа, и јас сакав мала корекција, ама добро се зезнав, ми го направи катастрофа носот... ако не сакаш да се каеш цел живот, после сите предупредувања од луѓево на форумот, откажи ја операцијата, и отиди кај друг доктор. Било кој друг е подобар од таа неспособна.. П.С. тебе ти бараше ли 100 евра за да те оперира побргу?
sega zakazav pregled kaj dr.novevski ...ja otkazav operacijata kaj kopaceva, inaku barase pari za tocen termin odnosno da mi opredeli tocna data na operacija i mn povekje od 100e btw fala vi na odgovorot (zeznata,anajlip) [mod-kirilica:2rrporyh][/mod-kirilica:2rrporyh]
здраво да ве прашам што мислите дали би било во ред да и се јавам на докторката за операција, јас сум на листа на чекање а она ми рече ке гледа да ме направи некаде почеток на април, бидејки мај одам во странство, па дали би било во ред да и се јавам и да прашам, страв ми е да не ме заборавила еве помина првата недела од април ке помине и уште една, а мај морам да заминам во странство, што мислите
Дали некој имал искуство со д-р Раде Филиповски? Претходно работел во воена болница,ми го препорачаа.
Корекција на нос Здраво девојки! Во план сум да направам корекција на носот.Дали имал некој искуство со тоа,и дали некој знае нешто околу новиот начин на корекција со хиалурон што сега пристигнал во Куманово ? Хеллп плиз
Здраво на сите!!! Заинтересирана сум за работата на Др.Нетковски дали некој има правено операција кај него и како е задоволен? Поздрав.
Јас сум решена да направам операција кај др. Нетковски Овие ваши коментари ме охрабрија, иако малку се двоумев, сепак решив да правам операција. Е, сега кога ке одам на преглед кај него - не знам, бидејќи одкако ќе одам на разговор кај него, тој би требало да ме стави на листа на чекање, а јас не знам кога би би ме оперирал, можеби да ми каже во мај / јуни а јас тогаш не би можела поради училиштето, баш сега се ближи крајот на учебната година. Не знам колку време се чека. Препорачливо е во летниот период да не се прават операции, дали знае некој/а од Вас колку е тоа точно ?! Ако е така тогаш ќе се изначекам додека да си го корегирам носот