Здраво на сите! Браво на храброста на сите кои веќе си го корегираа носот, со среќа на оние кои допрва ќе го сторат тоа. Јас повторно се ставив на листа на чекање. Пред две години бев на листа на чекање, па после ја откажав операцијата. Овој пат нема да откажам. Сега сум во исчекување да ми се јават. Здравје, понатаму ќе ве информирам за детелите.
јас бев во јануари на преглед и ми се договоривме со нетковски да правам операција за во мај, највеќе се чека до 8 месеци така знам, а ако сакаш одма ке те чини околу 800 евра инаку вака е поефтино. позз
Ако имате и вие вакви проблеми ве молам да ми дадете совет и да ми помогнете. Незнам дали тоа ми е преокупација или нешто друго ..Неможам едноставно да се поднесам себеси. Тоа е грдо чувство, бидејќи секој го гледа носот неможеш да го скриеш од никој, а осовено кога сум во профил. Највише ме повредува кога одредени деца разговараме и некој ќе види некој со голем нос и одма ќе даде критика негативна секако за него. Тогаш ја незнам ни самата како се чувствувам. Гледаш дека луѓето околку тебе имаат глупо негативно мислење за луѓето како тебе и во некој момент, барем на секунда се запрашувам шо барам со нив и ми е страв во секој момент некој да не ме поврди оти знае каде највеќе те боли. Никој не е совршен но ја не барам совршенство. Највеќе од се сакам да имам мало убаво носе шо додека нема да ми биде страм додека зборувам со некој да го гледам во лице затоа што иако сме на растојание мојто нос е испакнат и глупо ми е некако незнам ни самата. Веќе некое време сум по форумиве за ринопластика, но за тоа сум сеуште мала треба да чекам уште 2 годнин да наполнам 17 за тоа за мене значи век, затоа што најубавит годнини ми се сега. Но на ова незнам како ќе реагираат и моите родители, но се надевам дека ќе ја прифатат мојата долгопосакувана желба бидејќи знаат и самите колку ми е страв од операации и игли, а ова сакам ја сама да го направам без никој да ме приморува. Знам и самата дека секако има ризик, сепак е операција но мислам на крјаните резултати од таа операција. До неодамна не бев доволно свесна за овој проблем, но почнав да размисливам кога го случнав трачарењето ненамерно од стррана на моите блиски другарки. Го кажаа во мое отсуство и се смееја, а ја бев многу гневна и плачев цела вечер. Тоа многу ме повреди и отогаш почнав да мислам на операција. А сега ако може некој да ми даде некој совет што да правав :'((
Девојче, не си единствена, и јас го имам тој проблем. Немој многу да обрнуваш внимание на глупите коментари, бидејќи никој не е совршен. Однесувај се како да не слушаш, биди попаметна од нив, игнорирај ги. Со тоа ке им докажеш дека тоа не допира до тебе, па ке престанат да оговараат. Почекај си уште малку, па ке дојде денот кога и ти ке можеш да си го корегираш носот. Во меѓувреме, прифати си се таква каква што си. Секој човек си има свои недостатоци. Мораш да си ја подобриш самодовебата, бидејќи е многу важна. Што се однесува до твоите родители, мислам дека не би требало да има проблеми, објасни им се, како се чувствуваш поради тоа. И јас се двоумев околу тоа, но со разговор се се решава. И немој да се плашиш од операцијата, бидејќи мислам дека не можеш ништо да изгубиш, можеш само да добиеш.
Дали некој направил операција летен период и дали има некои негативни последици ако се прави баш тогаш?
Благодарам за подржката и убавите зборови, ќе гледам максимало да вложам напор и да се поправам, ќе ги видиме резултатите, и секако нетрпеливо ќе ги чекам 2 години да поминат. Секако дека има и малку страв но не се плашам, се што се сака се се може.
Не постои такво нешто, 65 страни тука се исполнети со лаги и невистини!!! А пошто нема таква операција, нормално да нема ни најдобар доктор!!! Ако го прочиташ ова, значи знаеш да читаш, што води до логичен заклучок дека си во можност да си прочиташ неколку страни наназад, па да си добиеш одговор на прашањето. Нема на што, пријатно.
Значи вака девојче, само предомислуваш, си направив сметка замо за да ти пишам, велиш дека си правела операција кај Јакимовска и дека си задоволна а сега пак 100% си сигурна и кажуваш дека се е лага и невистина, дека нема најдобар доктор..... Шо е проблемот??? Задоволна си од докторката или не??? Тука сме за да дадеме мислења и совети, и да споделиме искуства а не лаги!!!!
Не си го сфатила постот на D-Bjanchi, апсурдно е прашањето поставено претходно после 60 и кусур страни дискусија на оваа тема. Ама мрзата за читање е поголема ваљда, па многумина на форумов после огромни дискусии поставуваат прашања како темите да се штотуку почнати, а нивните прашања се разглабани на долго и широко наназад.
Поздрав на сите. Јас се оперирав во средата. Се помина во ред. Сега во очекување на резултатите. Ако има некој прашања, слободно прашајте
Леле Зор, супер. Многу бргу те викнале, м? Ајде, знаеш дека сакаме да знаеме детали- дали беше кај Нетковски, како помина целиот процес, дали ти кажа како би изгледало од прилика, или остави се да биде по негова замисла за тоа каков нос ти одговара на твоето лице, и за крај, колку плати? Леле те бомбардирав со прашања
Не бев кај Нетковски. Дубровска ме оперирaше. И однесов неколку слики од носот.... И кажав што сакав. Се согласи и таа со моите желби. Побарав да ми се среди девијацијата која ми го искривува - ше целиот нос, да можам нормално да дишам, дека 95% воопшто не дишам (или не дишев) од левата ноздра и да ми се исправи горната коска (грпка), дека ми беше испакната малку. После тоа се беше оставено на нејзина замисла. Операцијата ја поминав добро.Траеше нешто помалку од 2 саати. Кога се освестив од анестезија, осекав малку болка веројатно кај што ми е стругана коската ама ми ставија кетонал инекција помина веднаш. Потполно се согласувам со некој тука што има напишано, не се сеќавам кој беше, дека глава ме има болено повеќе отколку ова. Првиот и вториот ден се осеќав малку малаксано, веројатно од опојката. Единственото нешто кое мене ми е најтешко барем до сега е дишењето на уста цело ова време, и тоа што немам никаков осет за мирис. Така да, што и да ставам во уста јадење или пиење сеедно ми е. Денес, два дена после операцијата излегов од болница, и се осеќам супер, па дури и готвам во моментов Во понеделник ќе одам да ми ги извадат тампоните, а во среда ќе ми го извадат гипсот. Сега сум во очекување на резултатите и се надевам ќе го добијам посакуваното. Платив 15.500 денари тотал. Ги охрабрувам сите оние кои сакаат, а се плашат, да се решат и да си направат операција. Во самиот процес нема ништо страшно. Ќе ви дадам уште update за понатаму
Зор многу ти фала!!! Јас за една недела ќе се оперирам и јас кај Дубровска и стварно имав потреба од некој како тебе да ми даде поттик и да ме охрабри Среќно со резултатите! Поздрав
хахахах обавезно ќе земам, знам како е кога е сува устата, затоа што мене секогаш ми е затнат носот, па без лабело не моќам да функционирам... А кажи ми како е во болницата? Дозволена ти е посета цело време или не? Извини што те малтретирам, ама ти си последна оперирана и со најсвежи информации Ако не пиши ми во пп Фала однапред
А откако ке ти го извадат гипсот(ако добро разбрав недела дена после операцијата)дали после се си е нормално(да можеш да одиш во школо...)без фластери и слично или мора уште да мируваш.Бидејќи имав разбрано дека се мирува 3 недели по операцијата и затоа решив да чекам распуст за да не губам 3 недели од школо.Али ако е само недела дена тогаш би можела порано да правам И ако може исто да ми кажеш колку време после операцијата те викнаа?(се разбира ако си била на листа на чекање) Плисс одговори ми,тука или во лп
Би сакала да ве замолам да одговарате тука, а не по лп, бидејќи така сите ќе видиме и ќе знаеме како тече целиот процес, плус нема да ги замараме членките што се оперирале да одговараат исто на повеќе членови по лп, туку своето искуство ќе го пишат еднаш- во темата
Cloee, јас пред две години се ставив на листа на чекање, чекав еден месец и се откажав. Сега чекав само една недела. Имав можност да одбирам веднаш да се оперирам или на чекам уште неколку месеци, дека после тоа листата била исполнета. Девојчето што се оперираше истиот ден со мене кај Јаќимовска, беше на листа на чекање од февруари. За тоа дали може нормално да се функционира од кога ќе извадат се, ќе ти кажам во наредните денови, и мене тоа ме интересира Поззз