Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корекција на носот

Дискусија во 'Лице' започната од enca.69, 7 јануари 2010.

  1. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    ако ти се брза подобро оди веднаш да се ставиш на листа на чекање, затоа што се чека по 7-8 месеци за нормална цена а ако сакаш веднаш се плаќа по 700 еура. позз
     
  2. coconut

    coconut Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Ми се брза,неможам да чекам толку време.Сакам до септември да завршам со тоа затоа што после ќе бидам зафатена со факултетот,така да ќе си платам 750 евра.
     
  3. D-T

    D-T Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    Друштво јас се оперирав во понеделникот. Сабајлето отидов во болница ми земаа крв да ми проверат леукоцити, ми измерија температура и околу 9-10 часот ме однесоа во сала. Срцето ми чукаше 200 на саат па кога ме легнаа на столот ми ставија и средство за смирување а потоа и анестезија. Да бидам искрена мислев дека ќе биде којзнае што, ама помина супер! Во 10-30 ме вратија во соба. За два часа застанав на нозе. Се чувствував супер, единствен проблем се тампоните во носот. Јас утре одам да ги вадам, и едвај чекам, затоа што нити можам да јадам, нити да се смеам, затоа што ми е преполн носот :D :D Сега околу негата... Јас немам за што да се жалам. Сестрите беа прекрасни со мене. За се што ми требаше беа тука. И навечер ги пуштаа моите во соба, а и мене не ми правеа проблем за излегување. И храната беше вкусна. Не видов ниту една лебарка, се беше беспрекорно чисто, и жените по 5 пати во денот само ги чистеа собите и се во стационарот. Посебни забелешки немам. Дубровска дојде вчера ме виде и ме пушти дома. Утре одам да ми ги извади тампоните. И тоа е тоа! :D
     
    На sesilija и loki.c9 им се допаѓа ова.
  4. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    ^ :clap:
    Кога закажа првпат и колку чекаше за да те викнат? И сакаш да кажеш дека немаш никакви болки? :) :?:
     
  5. Bila.01

    Bila.01 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    D-T се вкупно колку ти излезе ако може да знам ??:(
     
  6. anzelikarat

    anzelikarat Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    јас исто така пред 3 недели се оперирав во државна болница. Се помина супер. Дента кога ме примија ме оперираа. Другиот ден си заминав дома. Платив само 12500 ден. партиципација и не чекав многу на ред. наредниот ден си заминав дома и сега носот по 3 недели е баш онаков каков го посакував. Ме оперираше др. Копачева и презадоволна сум. Иако кај секој пациент е се различно, драги мои, слободно оперирајте се и немајте страв. :D
     
  7. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    А кога се плаќа операцијата? Кога ке одиш на преглед кај д-р или после неколку дена пред операцијата? И цената е иста без разлика што ке ти прави на носот ?
     
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Дајте бре девојки објаснувајте поопширно, и ставајте слики (и од напред, анфанс- не само профил), се изморив молејќи ве за ова.
    Вака само со неколку краки реченици не ни кажувате ништо, само уште повеќе не` збунувате :worried: :(
     
    На leona11, Bila.01 и coconut им се допаѓа ова.
  9. Bila.01

    Bila.01 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Девојки носот ми задава најголем комплекс во мојот живот!
    Ке може ли некој да ми каже за исправување и намалување на носот колку ке ми чини ?
    Ве молам пишете ако знаете нешто ... многу ке ми помагате зашо се ми е до цената!
     
  10. D-T

    D-T Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    Mојата операција беше септопластика и чинеше 3000 денари. Болки немам никакви а фотографии залудно да ставам кога надворешно немам никакви промени :D . Заминав од болница третиот ден, и 10 минути по операцијата немав никакви болки, само тампоните навистина нервираат многу затоа што не може да се дише. 2000 денари платив сабајлето пред операција, тогаш и отворив историја, а останатите 1000 кога ќе ја земам отпусната листа во вторник.

    Вчера ги вадев тампоните и тоа ВООПШТО не болеше а во вторник ќе ми ги вадат конците. Тоа е тоа !! Среќно на сите што че се оперираат. Не е ништо страшно!! :D :D
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Случајно налетав на овој нов ценовник и изненадена сум колку е зголемена цената за корекција на нос- од 18000ден на 48000денари :o

    http://www.plasticsurgery.com.mk/page1340427.aspx

    Едит- сега гледам дека ценовникот е од 2011, па како тогаш вие што се опериравте плаќавте по 18000 денари? :wasntme:
     
    На Blabla16 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Леле немој навистина да ги качиле толку цените, наместо 18 000, да биде 48 000 ден. :wasntme: :envy:
    Утре или од понеделник ке му се јавам на тел. на Јане да видам кога ке ми закаже термин. Па ке ве известам. Сакам да се ставам на листа на чекање, ама не верувам дека за бргу ке се среди се :envy: Кој знае колку има пред мене... :wasntme:
     
  13. LeonaS

    LeonaS Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    девојки некој да не знае кои лекарства требаат да се примат ако се добие инфекција на нос по операцијата и кои се симптомите на инфекција, страв ми е дека имам добиено инфекција а пошто не сум во мкд не знам кој може да ми каже за тоа, :worried: :worried:
     
  14. D-Bjanchi

    D-Bjanchi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    31
    LeonaS за лекување на инфекција се користат антибиотици. Е сега за да утврдиш дека се работи за инфекција треба да се консултираш со лекар, таму кај што си, за да не си земаш на своја рака. И треба редовно да се чисти носот. Премачкувај се со некоја маст ако имаш, тие секако имаат антибиотици во нив или пак користи си капки за носот. Незнам што точно ти се случува за да те посоветувам нешто друго.
     
  15. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    Еден совет од мене до сите оние кои се мислат да направат корекција на нос! Размислете два пати пред да се одлучите, а ако веќе се одлучите, осигурете се дека имате направено правилна одлука за докторот кој што сте го избрале! Толку од мене, поздрав!
     
  16. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    ^ Zor да не ти излезе некаков проблем после операцијата? :doh:
     
  17. lliletooo

    lliletooo Активен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Феминки, ја разбрав сеа дека за операција нели е со целосна анестезија, а после операцијата било критично, дека можеби нема да се разбудиш, вистина ли е ова? :worried:
     
  18. Bila.01

    Bila.01 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Јас закажав кај Дубровска! Зор зошто викаш така? Да не имаш некаков проблем? Те молам ако има нешто кажи :worried:
     
  19. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    Да, имам проблем. Кај мене ништо не е корегирано. Пред да се оперирам имав девијација од левата страна, ама дишев поубаво од сега. Сега воопшто не дишам. Што се однесува до естетскиот дел, имав мала грпка која ми ја исправи, ама сега се гледа дека имам нерамнини на коската каде што е стругана, плус несиметрични ноздри.... Она сака да ме корегира ама јас нема сигурно да се осудам да и дадам уште еднаш да ме чепне! Она ако знаела, умеела и сакала да ме среди ќе ме средеше кога ја имаше шансата. Закажав уште една опериација догодина кај д-р Јане Нетковски.
    Размислете убаво пред да донесете одлука, затоа што тоа што го имате нема никогаш да го вратите назад.
     
  20. Bila.01

    Bila.01 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Многу чудно!! Па ти едно време си напишал дека се поминало супер :| како тоа одеднаш :( леле со да правам??
    Јас закажав кај Дубровска :worried: