јас во петок поминав на алерго-тест и овој петок ке правам историја а во недела останувам во болница.хехех многу сум среќна
Дали ќе може некој да ми каже дали трошоците направени пред операцијата,испитувања,тестови и слично влегуваат во цената,конкретно во тие 750 евра кај др.Јане Нетковски?
Пред точно две години јас правев корекција на носот кај д-р Јане Нетковски, но не од естетска причина туку од здравствена. Имав девијација, од десната ноздра немав речиси воопшто проток на воздух, постојано дишев на уста. Ми беше голем проблем, но мораше да имам минимум 18-19 години за да се направи интервенцијата бидејќи порано не е препорачливо а и можно е сам да се реши роблемот или пак влоши (во период на интензивен раст и развој). Морам да кажам дека мојот нос доби поинаква форма. Пак е таков шилест како што беше но сега е по прав затоа што се стругала и самата коска. Абе за мерак, ме среди! Мноогу убаво, не мислев дека ќе има таква промена, мислев дека само ќе ми биде олеснато дишењето ама ете си добив правилно носе хихихихи Мојата операција траеше 4 часа, болки немав ама никакви после тоа, 1 недела ја носев маската а околу 1 недела само фластерче. Можам да кажам дека за 3 недели бев нова! Сега си помислувам, леле арно што сум имала девијација, ми се погоди
Девојки некој да не знае што треба да пијам,имам болки во носот,веројатно заради променливо време тука, може ли парацетамол да се пие за болки???
Пиј си капсули кетонал од 50 mg тие се добри за болки, а ако имаш многу јаки болки, тогаш таблети од 100 mg кетонал.Поздрав.
Еве сликце, али како што кажав погоре самото отстранување на девијацијата продонесе да се подизмени формата на мојот нос. Претходно не ми беше ваков, можам да кажам дека беше малку кривест ама сега е баш онака ок да речам Ми се погоди операцијава, вредеше дишењето на уста дооолги години наназад
И кај мене е истото. Ми ја исправија девијацијата и носот ми стана поисправен од претходно Тоа е и видливо и сите ми велат дека ми е поправ носот од претходно
еве дојде ред и јас да ви пишам само што изглегов од болница ги извадив тампоните а маската во вторник ке ми биде извадена. Операцијата ми ја правеше др Нетковски човек со посебни чувства и милост кон панциентите таков човек само еднашка се раѓа. стварно незнам како да ви го опишам. многу сум задоволна со операцијата носот ми е за скратен и разубавен. ми го смени ликот за 50% .
Јапонците сметале дека може да се избегне естетската опереција на носот па измислиле нешто вакво http://www.motika.com.mk/index.php?...7-50-54&catid=8:2011-03-26-19-23-19&Itemid=23 што не ќе измислат јапонциве
Вчера бев на преглед кај др. Јане и се уверив дека навистина е таков каков што многумина го објаснуваа. Премногу добар човек. Прегледот не е 800 ден. како што некои имаат напишано, туку е само 150 ден. Се ставив на листа на чекање,али ми рече дека треба да чекам до мај/јуни ( а тоа е многу и некако не ми се чека толку) па можеби и ке се предомислам да платам повеќе али самата да си изберам датум. Ми рече дека деновиве ке ми се јави за подетални информации. Инаку имаше премногу пациенти кои што доаѓаа на преглед, сите се задоволни од него. Преубави носиња им има направено Разговарав со неколку од нив и ми рекоа дека не е ништо страшно и ми ја објаснија целата процедура, со што дополнително ме мотивираа.
денес ја извадив маската и го видов резултатот, сега сум со фластери а утре конците ке ми ги вадат. носот ми е феноменален ептен многу ми е убав.
Lining за 10 дена ке ставам слика пошто уште сум со фластери. Someone2 после 18год може да се прави операција. позз