Здраво дечки И јас сум заинтересирана за малку поправка на носов, главно доле на 'рскавицата, па гледам го фалите доктор Јане Нетковски па ќе ве послушам и ќе отидам на преглед па за понатаму ќе видиме. Инаку, колку се движи цената за операција и дали знаете некои други доктори од оваа област? И исто така ако може некој што бил да ми даде контакти од докториве и во кои ординации работат.
Не може на помала.Јас бев на разговор кај Д-р Јане Нетковски и ми кажа дека мора да имаш полни 17 години и бидејќи имав 16 не можев да правам.Демек до 17 коската на носот се уште се оформувала и затоа не смеело да се прави.Дури и на 17 ако правиш има шанси повторно да ти се искриви,но јас сум спремна да ризикувам. Позз
Ја исчитав цела тема и да ви кажам ми се врати сузбиената желба за корекција на носот. Поради две работи досега не направив... финансиите и болката (тешко поднесувам и најмала болка, многу сум осетлива ). Меѓутоа сега вие ми влеавте надеж, велите дека болката не е голема, а гледам дека и ако се ставиш на листа на чекање цената воопшто не е голема и можам да си дозволам. Инаку јас имам голем комплекс поради мојот нос, не ми е крив, туку ми е многу голем спрема моето лице (машки нос имам)... јас сум слабичка во лицето, немам јаболчници и кога и да се погледнам во огледало само нос гледам. Како помала доста ми влијаеше и на самодовербата, дури и сега избегнувам да се сликам, бидејќи не ми се допаѓа тоа што го гледам. Од вашите искуства повторно се окуражив, и доктор си избрав , според тоа што го прочитав Јане Нетковски е најдобар... така да да не се зарекнувам, ама откако ќе завршам со дипломската во септември веднаш ќе отидам на потребните прегледи и ќе се ставам на листата на чекање. Сакам да ве замолам тие кои веќе се имате направено операција, да ставите слики од вашите носиња, пред и потоа, бидејќи така најмногу може да ни дадете волја и храброст за ваквиот чекор
Да,имам проблем и со дишењето,но повеќе сакам да ја правам корекцијава од естетски причини.Имам искривување,кое многу се познава особено во профил.Колку што приметив најчесто праваат корекции кај Нетковски и Јакимовска.Кај Нетковски имам отидено на разговор,ама не бев многу задоволна.Ја видов сликата на Барбие Хилтон,која има правено кај Јакимовска,и многу и е убаво носето,но не знам каков и бил пред тоа,дали има голема промена.Дај кажете кој е најдобар доктор за исправување на носот.Ке се ставам на листа на чекање,такада морам побрзо да ја закажам операцијата.Сакам зимоска да ја правам додека сум на распуст,зашто не можам месец дена да отсуствувам од школо.
Што пишувате глупости. доктор јане нетковски е најдобар доктор во македонија и подалеку. мене каков ми беше носот а каков ми направи, како на холивудски звезди. кој сака навистина добар нос само доктор јане другиве си немат врска, пошто специјализација во америка и тука не е иста. ке ви постирам слики само да ги извадам фластериве поздрав
Знам дека може од 17 да се прави корекција,но ме интересира дали можам да ја закажам пред 17,а на 17 да ја правам.Знам дека многу треба да чекам,бидејќи ке се ставам на листа на чекање.За некој месец правам 17,па ме интересира дали можам уште отсега пред да наполнам 17 да се ставам на листа или мора и за да се закаже корекција полни 17.Кој знае нака ми одговори побрзо пошто ако може да одам побрзо да си закажам.И по колку најчесто те викаат ако си на листа на чекање кај Нетковски,а колку кај Јакимовска? Спојлер знам дека напнав со ова 17 сто пати,али тоа е...
Кај Јакимовска ме повикаа за 2 недели, по завршувањето на сите подготовки. Немаше чекање, а не платив ништо повеќе.
А да ве прашам мора ли да се закаже преглед за во државната болница или не и ако мора ве молам бројот да ми го кажете сакам и јас да направам операција на носот кај Д-р Јакимовска благодарам однапред
Здр, јас направив корекција пред 11 дена, сега сум со фластери...ќе може ли некој да ми каже дали се уште треба да спијам на грб или?
Леле се плашам веќе да ја отворам темата- сите се прво возбудени, па потоа со фластери, се` е супер и после никој не става слика и исчезнува .
Здраво Веќе подолго време сакам да се напрам операција од носот ама незнам кој доктор е најдобар во МК и колку би коштало то Ако се има некој напраено операција нека клај слики пред и потоа Фала ви однапред и чекам шо побрзо слики и одговор
Здраво дечки Денес бев на болница и ми го преорачаја доктор Јане Нетковски Сега ме интересира колку пари е операцијата кај него и колку време треба да чекам и ако сакам за побрзо колку пари треба да доплатам И ве молам нека пиши некој шо се има праено операција кај овај доктор и слики ако можи пред и потоа