Незнам зошто сите го фалите Нетковски, јас можам да ви кажам дека имав лошо искуство со него.Прво додека закажав - ми презакажуваше неколку пати, а второ носот ми е ужасен после операцијата, воопшто не е каков што ми ветуваше дека ќе излезе...
Здраво женски, Нова сум на форумов, и искрено најмногу се регистрирав поради оваа тема. Долго се измачувам со изгледот на мојот нос. Верувам поголем дел од вас,кои пишувале на темава ме разбирате. Се решив на чекор операција , но сум тотално не упатена. Пробував да прочитам поголем дел од вашите мислења , но не наидов на слики , лични искуства. Инаку, имам 20 години. Сакам да се јавам кај д-р.Јане Нетковски, за него најмногу читав дека имате пишувано .. Па имате ли некој совет за мене пред да пуштам нога во овие води ?
Еве пак самата ке се цитирам. Не знам кој е смислата да се регистрираш на форумот во 18 и 50, во 19 да напишиш вакво мислење и после никаде да те нема. Супер.
Една година после корекцијата (пред тоа беше голем, со грпка и издолжен. Кај Фродита Јакимовска се оперирав. Самата операција не боли, тоа го имаме кажано веќе, но после тоа нормално си има период на опоравување, проследен со отоци, отежнато дишење и сл. Но, сето тоа е минливо и се заборава, особено ако е успешна како во мојот случај. Немам ама баш никаков проблем ниту со дишење, ниту со естетиката. Ве охрабрувам сите што сте сериозни во намерата да си го решите проблемот, без разлика дали се работи само за естетска корекција или и за проблем со дишењето. Никој неможе ни да ви суди за вашата постапка, ниту да одлучува во ваше име. Предходно веќе имам доволно постови за самата постапка и за цена на зафатот. Бидете одлучни ако навистина сте сигурни дека ова е она што ви треба и она што го сакате, затоа што ова не е детска игра и секогаш имајте ја во предвид сериозноста што секој оперативен зафат ја носи со себе.
Дечки и јас ке се надоврзам на постот на д-бјанки. значи и јас се правев кај Јакимовкса пред 6 месеци и тоа само од естетски причини, носот е значи пре преубав, како што е напишано погоре значи да операција е и има нормално пост оперативен период кој и не е баш лесен ама се се заборава ДА. не знаете пред тоа каков ми беше носот предтоа па докторката ептен го среди, сеа е мн мн убав, имам и слика постирано на форумот. не знам за другите доктори ама за Јакимовска дефинитивно вреди да се чека и верувајте мн е убаво чуството кога ептен си се допагаш самата себеси.
Јас отидов неколку пати во државна,но никако да се погодам кога е Јакомовска.После дури дознав дека е само во понеделник.Овој понеделник не сум тука,но другиот обавезно ќе отидам,но едино што ме мачи е дали ако би ја закажала сега крај на октомври би стигнала да ја правам почеток на јануари.(за да ми се фати зимски распуст,да не губам многу од школо)и дали воопшто би ми правела тој период пошто нели викаат во лето и зима не се правело.
Фала ти за исцрпниот одговор, но читав од некој други дека не била добра Фродита.. не знам во дилема голема сум меѓу Нетковски и неа. .. Фала ти сепак
Zdr na site , jas napraviv korekcija kaj dr.dubrovska i toa dva pati! IC NE MI E DOBAR NOSOT , SO DISENIETO NEMAV I NEMAM PROBLEM AMA SO ESTETIKA IC NE MI E DOBAR , NAPRAVI SE PO SFOJA GLAVA I PAK NE MI IZLEZE KAKO STO TREBA! ISKRENO VI KAZUVAM AKO SAKATE KOREKCIJA NA NOSOT VO DRZAVNA BOLNICA JAS VI GO PREDLOZAM JAKIMOVSKA ILI NETKOVSKI! NAJ ISKRENO VI KAZUVAM ... zatoa sto samo jas znam kako se cuvstvuvam koga ke se pogledam vo ogledalo pozdrav [mod-kirilica:2bc6yu6m][/mod-kirilica:2bc6yu6m]
Толку скапо? А во државна колку е пошто глеам погоре во коментарите коска и 'рскавица околу 300евра се фаќа би требало само за 'рскавица да е поевтино или грешам?
Како бе така прашувате колку е коска,колку е рскавица?! Ко божем во месара да прашувате колку е мелено, а колку чисто месо,немелно....=