Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корекција на носот

Дискусија во 'Лице' започната од enca.69, 7 јануари 2010.

  1. aliceinwonderland125

    aliceinwonderland125 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Епа вака,многу сум преокупирана со мојот изглед,а посебно со мојот не убав нос.Случајно на нет денес најдов една статија еве како гласи:

    ''Ако не сте задоволни од обликот на својот нос, а се плашите од операција, целосна анестезија или болка, можете да се обидете со најновиот метод наречен „нехируршка корекција на носот“...
    Овој метод е измислен во Бразил, трае само 20-тина минути, безболен е и се базира на вбризгување на хијалуронска киселина. Методот моментално масовно се применува во В. Британија и САД.
    „Со овој метод не е возможно да се скрати носот, но се корегира несиметричноста, се исправаат грпките и се намалува обемот на ноздрите“, вели доктор Aleksandar Rivkin, кој го спроведува методот во САД.
    Тој појаснува дека станува збор за многу прецизна интервенција која може да се применува повторно и повторно, се додека личноста не биде задоволна од својот нов нос.
    „Повеќе од половина од моите пациенти се личности кои претходно веќе имале хируршка корекција на носот, но не се задоволни од истата“, вели Rivkin.
    Единствената маана на оваа нова метода е трајноста на корекцијата, која е ограничена на две години, после кои постапката мора да се повтори.''
    Дали мислите дека ова навистина помага?Имам 17 и се плашам у иднина уште поголем да не ми порасне,нели пубертет и такви ствари :emo:
    Дали знаете нешто повеќе за хијалуронска киселина,каде може да се набави и слично?
    Во иднина планирам операција,но тоа е сосема друга тема :)
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    хијалуронска киселина?ново откритие?

    Вакви операции кај нас сеуше не постојат. Всушност тоа не е ни операција, тоа ти е нешто како ботокс, со шприц и игла ти вбризгуваат некаква супстанца и го обликуваат носот, односно го „исправаат“, а да се намали нема шанси.

    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=uzhifw0vGJo
     
  3. Ormai123

    Ormai123 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Дали си сигурна дека работи во Промедика? Знам дека работи во Ре медина и Систина, плус има своја приватна ординација, но никаде неможам да инфо која е таа и каде се наоѓа!? Ако знаеш нешто за неговата приватна ординација би те замолила да ми кажеш!
     
  4. MaDa

    MaDa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, читам дека има многу девојки кои не се задоволни од изгледот на носот и сакаат да прават операција.Нема ништо страшно во тоа, на свои 15 години се одлучив да правам операција на носот, но бидејќи бев мала докторите не ми дозволија. Ми рекоа дека пред 17, 18 години не е пожелно да се прави бидејќи до тогаш се развива 'рскавицата на носот и ако се направи операција пред 17 години може со тек на време да дојде до деформирање на носот. Едвај издржав до 18 години. Ја направив операцијата 2004 година кај Др.Копачева и сум презадоволна за разлика од останатите кои пак го имаат спротивното искуство.
     
  5. invisible666

    invisible666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Здраво.Ако може некој да ми даде е-маил од д-р Фродита Јакимовска?
     
  6. majuskasrcuska

    majuskasrcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Ако сакаш можам да ти дадам тел.број, маил немам ама искрено не би ти ја препорачала, кај се правев кај неа и ни малку не сум задоволна, а ти како сакаш.
     
  7. jovi.girl.forever

    jovi.girl.forever Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Искрено..не сакам да ве плашам но мојата братучетка има правено тука во мк(не знам точно кај кој доктор) и не е задоволна со својот нос.А од друга страна ми кажа една роднина дека правела тука во мк операција(исто така незнам каде) и е задоволна,а носот и е прекрасен.Ке се потрудам да дознаам кај кого била,сепак се извинувам ако задоцнам бидејќи таа ми е далечна роднина додека исконтактирам ке ми треба време.Но ви препорачувам да не се грижите имаме сигурно некој доктор кој може да го направи вашиот нос како што сакате.Без губење надеж,и јас исто така треба да правам корекција на носот но сеуште сум мала за таква операција.Се надевам дека ке успеам да ви помогнам бидејќи вашите совети на форумов мене ми помогнаа многу. :D :*
     
  8. maca-88

    maca-88 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Да не има некој информација отприлика која е цената на операцијата кај Д-р Јане Нетковски? Слушнав дека од септември, 2012 има нов ценовник за пластични операции.
     
  9. mystic999

    mystic999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    А кој има нов ценовник? ОРЛ Клиника или докторот?
    Ако се работи за клиника оди на шалтер и прашај си, а ако докторот има нова цена за операција на нос ќе треба лично со него да разговараш, затоа што сепак само од докторот зависи цената по која ќе те оперира и кога ќе те оперира ;)
     
  10. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Баш за ова пред некој ден правев муабет со мајка ми дека сакам да одам да си го снимам носот да ми кажат дали ми е скршен или напукнат затоа што во 3то одд удрив со глава во патос :D и една година како да ме болеше носот ама не кажував дома...така да планирам да одам да си го снимам носот и да се консултирам ама тоа сега засега нема да биде затоа што несакам да заостанам со школото.
    Ви ги прочитав мислењата па ќе се размислам.
     
  11. BvD

    BvD Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Вака сеа.. Може да ми кажете мислење кој д-р подобро си ја врши работава со корекција на нос, д-р Фродита Јакимовска или Јане Нетковски? Пошто разбрав дека тие се најдобри во оваа работа, мислам за во државна болница.. И можете да ми кажете колку чини прегледот пред операција кај нив? Ви благодарам.
     
  12. LeonaS

    LeonaS Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    24
    за нетковски не знам, ама за фродита јакимоска нај најпофални зборови. јас се правев кај неа, еве за 4 дена 10 месеци помиати откако ја направив операцијата, жената стварно ја бива ептен убаво ги прави. она секој понеделник е дежурна и прегледот кај неа чини 150 денари упат од матичен ( или специјалијалист беше не се секавам и) сино картонче и книшка. така беше, сеа можеби и со тие електорнски здравствени картички што се новите не знам како оди сега. јас сум презадовонлна, пред тоа носот ми беше катастрофа а сеа е мн мн убав воопшто не личи на претходно. фала му на Бога што ја направив оваа операција и тоа токму кај неа. -НАЈдобра е :* :inlove: :)
     
    На D-Bjanchi и BvD им се допаѓа ова.
  13. BvD

    BvD Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Фала ти многу Леона, позитивните коментари се она што ми се потребни за конечно и јас да се решам за ваков зафат. И баш ми е мило што ти си многу задоволна, се надевам и јас ќе можам во скоро време да му се радувам на своето ново носе :)) :*
     
  14. jabolkoto

    jabolkoto Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    D-T овој тест е кожен тест или преку крв и на колку/кои,ако се сеќаваш, анестетици ти направија тест,на кој оддел и за колку време ти ги дадоа резултатите?
     
  15. majuskasrcuska

    majuskasrcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2

    е срцка и јас се правев кај неа, ама да имам најпофални зборови како тебе за жал немам. Има поминато скоро година од операцијата и со секој поминат месец носот ми е се покатастрофален наместо подобар, целиот ми е со грпки и сеуште го чувствувам отечен , стварно катастрофа немам ни еден пофален збор најискрено.Читајќи низ форумоф пофални зборови за Јакимовска и јас мислев дека е една од најдобрите ама многу се излажав не било така сигурна сум дека има многу подобри доктори од неа.
     
  16. BvD

    BvD Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Офф :( Не е фер вака кога меѓу толку задоволни пациенти ќе се појават и како тебе, незадоволни. Почнувам да сумљам во секој доктор, па си велам, како да не постои доктор во кого ќе можеш да имаш целосна доверба :x Ама ете, како што претходно некоја форумџијка беше напишала, секој прави грешки, така дури и подобрите доктори. Само жалосно е што некој после цел живот на своја глава ќе трпи нечии туѓи грешки.
     
  17. Bila.01

    Bila.01 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Dubrovska nikako! Jakimovska mnogu ja falat i Netkovski !
     
  18. majuskasrcuska

    majuskasrcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Незнам срцка за другите можеби кај нив било се ок како што треба ама кај мене најискрено не е баш се во ред, и јас читајќи низ форумов најпофални зборови за јакимовска се одлучив за неа и со голема доверба без многу размислување се одлучив и се предадов во нејзини раце ама не испадна баш така како што очекував. Понекогаш кога се гледам си викам што ми требаше сето ова поарна бев со грбав нос отколку сега ваква каква што сум искрено ни малку не се бендисувам единствена преднос е тоа што ја нема големата грпка ама наместо неа затоа сега имам неколку помали грпки и напрчен нос како на свиња. Се мразам себеси кога ќе се погледнам.Но не се разочарувај тоа е моето искуство моја среќа или несреќа немора да значи дека и кај тебе ќе ја утне кај секој различно е највероватно има врска со претходната состојба на носот.Убаво распрашајсе, размисли па донеси конечна одлука.
     
    На BvD му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Masterx

    Masterx Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Јас имам еден другар кој правеше кај Јакимовска и баш му е добар носот.
    Иначе и јас сакам да направам корекција на носот, имам мала деформација али никако да соберам храброст.
     
  20. Lenucka

    Lenucka Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Сакам само да прашам колку време после операцијата може да почнеш пак да пушиш, пиеш алкохол и воедно да почнеш пак да излагаш?