нема да се стесни, само ке видиш понатаму ке се менува обликот на врвот, тоа поради спласнување на отоците. еве и јас правев кај јакимовска, 1 година веке помина од операцијата, фала богу се е ок и со дишење и со форма и изглед. жолт е дека е тоа се работено, не се секирај ке исчезне тоа за некое време. и мене ми се лупеше кожата и многу беше мрсна наоколу, тоа е се последица од операцијата, дај си време, тоа е се ке се среди, не си едниствена. уште некое време да помине, ке се среди. уживај сеа
хахахха кога ќе ми текне каков е носот по операција, и жолт и како пиперка се лупи, а богами и мрсен како зејтин се ќе помине.... и мене ми беше така
Здраво, јас имам проблем со синусите, имам полипи, задебелена слузница на максиларните и етмоидалните синуси, стеснети хоани, хроничен rinosinusitis, носот секогаш ми е полн со секрет, нонстоп ми тече носот и многу тешко дишам на нос. Дали некој имал слични проблеми и кој доктор е најдобар за овие проблеми? Читам Др.Јане Нетковски е најдобар во државна болница, колку време се чека кај него за операција? Поздрав.
Јас го имам се уште овој проблем, се освен полипите. Полипите ќе ти ги оперираат, но не очекувај друго да ти средат. Тоа кај тебе е исто како и кај мене хронично, а штом е хронично, лек нема.... За кај Јане, ќе мораш да си закажеш преглед, да те види, па ќе ти каже колку ќе чекаш а зависи и дали сакаш да се оперираш државно (во тој случај ќе чекаш) или приватно (многу помалку ќе чекаш). Можно е да ти ги исчистат синусите, но повторно џабе ќе го правиш тоа. Ако сакаш еден совет од мене, закажи си преглед кај Др Мери, јас одам кај нејзе, таа ми ги чисти синусите со цревце, и сум презадоволна од неа.
Дали некој има правено функционална операција кај Др.Лидија Дубровска и какво искуство има со неа? Дали некој има правено операција на синуси кај Др. Фродита Јакимовска или кај Др.Лидија Дубровска и какво искуство има кај нив?
Јас се оперирав кај Дубровка, девијација на септум....Искрено , добра е, ама...не би ти ја препорачала... Добра е ама не најдобра...
имав и проблеми со синуси, и операцијата ја правев за подобра дренажа на синусите но и поради дишење, а најмногу за главоболка. За дишењето, не можам да коментирам некако исто ми е, септумот ми се враќа на старо, а синусите се е исто. Имам само поголем проблем-ми смрди носот, многу и постојано сум со спрејови за да не ми смрди. Не знам што да кажам...Освен да ти посакам среќа
Дали може некој конечно да каже отприлика колку чини операцијата кај Нетковски и дали се прави анализа за пушач/непушач ? Колку се чека за операција ?
Кај Јане операцијата чини околу 16 500 денари секако ако се ставиш на листа на чекање и се чека најмногу до 1 година, инаку ако сакаш самата да си одбереш датум тогаш чини 750 евра. Има ли некоја од вас што е правела операција во државна болница за да ми каже колку пати одприлика се оди на тие испитувања пред операцијата?
Девојки дали се сеќавате за колку време го добивте крајниот резултат???за колку време ви поминаа скроз сите отоци и ви се нормализирасе носот??? Јас сум многу нетрпелива,сега на 12 мај ми поминаа 3 месеци од операцијата,не како на почетокот но сеуште имам отоци од двете страни на носот и по целата должина на носот,и сеуште ми е малку затегнато/прецвикано местото измегу двете ноздри кај што ми беа конците.И иако докторот ми кажа дека и кога ке поминат 3 месеци ке имам сеуште отоци и дека се е во ред и дека се ке си дојде на свое место и дека супер испаднало све.Јас да ви кажам многу се плашам на моменти ми доаѓаат некои мисли да не остане вака ,што ако никогаш не ми се нормализира носов и не ми поминат отоците и слично,исто така на моменти си го бендисувам носов, ама на моменти си викам сеуште е голем и нечини Се надевам дека е тоа поради отоците и слично и дека кога ке помине се ке си го добијам саканиот резултат. Дали на некоја од вас исто и доагале некои вакви страшни мисли или јас сум се мрднала До сега се беше во ред и немам причини да си имам вакви мисли плус неможев да бидам во подобри раце,но ете Инаку јас имав само 2 конци,имав девијација на септумот,иначе немав здравствени проблеми и правев најмногу од естетски причини.
Јас би ви рекла да не се брзате толку и да правите операција на државна болница подобро почекајте и соберете пари и добро распрашајтесе за докторите и за приватните болници зошто јас се направив операција ама ете не испадна како шо требаше па сега по вторпат ќе се правам.
Што има врска дали некој лекар работи во државна болница или приватно ? Ако е професионалец нема врска во која болница работи. Пример за ова е др. Јане. Таков професионалец се раѓа еднаш во 100 години. Немам коментари за него. Со свои очи сум видела какви убави носеви има направено. А пак кон пациентите како се однесува... Воодушевена сум! Од лично искуство го кажувам ова. Наредната недела правам операција кај него. Целосно му верувам! Кој планира да го оперира носот, му го препорачувам Јане, и воопшто да не се двоуми, бидејќи подобар доктор не може да избере
10 дена пред операција се оди и ти кажува кои испитувања треба да ги направиш, истовремено се договарате и кој ден и во колку часот да одиш да те фотографира. Еден ден пред операција треба да ги однесеш резултатите и тогаш остануваш во болница. А тие испитувања се прават за 1 ден, еве јас денеска ги завршив. Операцијата е 15 500 ден. али не знам дали тука влегуваат и болнички трошоци, мислам дека тоа се доплаќа плус, исто така и испитувањата и фотографирањето не ти влегуваат во таа цена, што е и нормално. Али оваа цена е доколку се ставиш на листа на чекање, а тоа може да потрае и до една година. Еве на пример јас чекам 11 месеци. Али ако на некого не му се чека толку, може да се оперира на кој датум сака, али во тој случај цената е 750 €
Дали ја направи операцијата и како си задоволна со резултатот и пост-оперативното искуство со Нетковски ?
После толку чекање, конечно ја направив! После операцијата ми беше многу лошо, неколку дена не можев да станам од кревет,ми течеше крв, имав болки во носот, иако сите ми велеа дека ништо не боли, сепак кај секого е ралзично. Сепак сетоа тоа трае неколку дена и кога ќе ви ја извади маската и ќе си го видите носот заборавате на се низ што сте прошле. Сеуште не можам убаво да го видам од фластери, но од она што го гледам, значи формата и големината, можам слободно да кажам дека сум презадоволна. Го имам најубавиот нос на светот !!!
а дали можи да се прави операција во мај, пошо имам слушнато не било добро кога е топло да се прави??
Во животот ќе направам корекција на носот зошто стварно ме нервира ...Само да пораснам и да имам пари