Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корекција на носот

Дискусија во 'Лице' започната од enca.69, 7 јануари 2010.

  1. MeriB

    MeriB Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Девојки, дали некој од тие што правеле операција кај др. Јане Нетковски може да стават слика пред и потоа.. или да споделат реално искуство. Ќе се оперирам кај него и стварно ми е потребна оваа информација, а ќе им биде од корист и на другите. Низ сите одговори до сега само 2-3 слики најдов и тоа не се пациенти на Јане. ВЕ МОЛАМ ако не сака некој во јавност , нека се кропне само носот нека го остаи или нека ми прати во пораки. ВЕ МОЛАММММ
     
  2. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Мене два пати ми е корегиран носот и многу сум задоволен. ;) Речиси и да не се приметува 8)
    Малку имам проблеми со дишење на двете ноздрви (не циркулира воздухот подеднакво) но генерално е ОК.
    Иначе боли, мрак, поготово што коската ми ја местеа „на живо“, без анестезија. ;( Најголем проблем е навечер, спиењето. Мора да спиеш на грб, на висока перница. |-) , да не зборам што цела недела неможев од дома да излезам :( .
     
  3. MeriB

    MeriB Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    А кај кого правеше операција ? Зошто без анестезија ? И колку време после не можеш да спиеш нормално ? :worried:
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Првиот пат корекцијата ми ја правеше Зоки, со врата :lol: . За жал немаше време за анестезија.
    Втората „корекција“ ми е од непознат сторител, пред дискотека, затоа што му ја смував женската дур он беше на шанк по пиво. И вториот пат немаше време за анестезија :lol: :lol: :lol:

    Извини. Не мислев дека некој за озбилно ќе ме свати. Тој ден бев некако ..... свој..... и циничен |( као по обичај.

    Факт е дека боли. Не зборам за моментот на кршење. Првиот пат не ни знаев дека ми е скршен. Боли после, дур не зарасне коската.
     
  5. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Еве ме 3 месеци после операција :) Имав искривување на носот (иако на сликата не се забележува бидејќи е сликана во профил) и плус ми беше подолг (што и може да се забележи) :) Ме оперираше др. Јане Нетковски и презадоволна сум. Очекувам ваши коментари ;)
     
    На tinan му/ѝ се допаѓа ова.
  6. soncence1979

    soncence1979 Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите.Нова сум на форумов и би сакала да ми кажете кај кој доктор да се обратам на клиника кај нас.Сакам да направам операција на носот од естетски причини, бидејки здравствени проблеми немам.Долги години ја имам оваа желба која до ден денес ми е само пуста желба.Но пред месец дена брат ми правеше свадба и се супер помина, но кога си го видов носот на сликите во профил, премногу се разочарав.Сега сум решена да го средам овој проблем и би ве замолила да ме упатите кај кој доктор да се обратам.Да ми кажете некој што веќе има направено.Поздрав.
     
  7. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    564
    Во државна др.Јане мислам дека е најдобар, јас си го имав скршено носот кај него се оперирав, ме врати у нормала :lol:
     
  8. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    Дали некој има правено функционална операција кај Др.Лидија Дубровска и какво искуство има со неа?
    Дали некој има правено операција на синуси кај Др. Фродита Јакимовска или кај Др.Лидија Дубровска и какво искуство има кај нив?

    Дубровска НИКАКО! Ниту на сон! Мислам дека на таа треба да и забранат да се приближува до носеви. Толку од мене.
     
  9. Ikky123

    Ikky123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пред 6 месеци правев операција кај др. Дубровска и лично сум задоволна бидејки го имав најлошиот нос на свет.. имав ''машки нос'' со голема грбка (барем јас така се гледав) :D ... не можам да прикачам слики од сега и пред операцијата,не знам зашто не се појавуваат иако пробав да ги постирам.. Инаку имам 18 год. и единствена желба ми беше да го средам носот...и ете после толку год. како роденденски подарок ја направив операцијата и искрено сега се чуствувам многу подобро и самодовербата ми е на повисоко ниво... Еден совет до сите оние кои сакаат да направат операција... Воопшто не е болно и пред да ја направите добро консултирајте се со докторот :) ..тоа е моето искуство :$ :D
     
  10. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    Од тие што биле на листа на чекање кај Д-р. Нетковски, дали некој може да ми каже колку се чека од прилика?
     
  11. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    Денеска добив информација, па би било добро да ја споделам и со Вас, сите заинтересирани за корекција на нос... За околу 3 недели во Ре Медика доаѓа да работи естетски хирург од Хрватска. Пребарав по интернет, и го најдов неговиот сајт.


    Ми ги пофалија, демек бил ептен добар. Прашав за цената, ми кажаа дека не им е дефинирано уште колку ќе биде, моментално кај нив Даскалов оперира за 96.000 денари.
    Кај докторов од Хрватска се очекувало да биде малку поскапо, ама колку што можам да приметам на ценовникот на неговиот сајт, операцијата на нос се му движи од 1.500 до 1.700 евра.

    Поздрав!
     
  12. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    дали има некој искуство со стеснување на ноздрите, мене ми ми е прав носот се ок, ама ептен широки ноздри имам и не изгледа воопшто убаво, може е смешно ама мене ова ми е комплекс, ако знаете споделеете. ако има и некој друг начин, освен операциа ве молам кажете ми побрзо..
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    а некој да ми одговори...некој совет, како да го решам проблемот без операција?
     
  14. teodorcka

    teodorcka Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    16
    МИслам дека нема шанса тоа да се среди без оперативен зафат. А да пробаш да го надминеш проблемот психички, сигурно не изгледа толку лошо како што велиш :(
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.732
    :?:
    Најди некој да ти удри бокс?
     
  16. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    ahah Lilit баш ме насмеа, окк ќе најдам некој да ми удри бокс !
    не ми замерувајте знам дека е глупо прашањето, ама ајде што да правам кога сум опседната со носот...
     
  17. Bila.01

    Bila.01 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Поздрав до сите, сакав да прашам...дали некој ја познава Др.Никица, дали е добра, кој, какво искуство има?
     
  18. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    Duje Ostojic, се вика докторот кој што сега започнува соработка со Ре Медика.
    Ќе доаѓа од Хрватска по потреба. Колку што можев да прочитам низ интертет, има доста позитивни коментари за него. Јас стапив во контакт со него, ми кажа дека меѓудругото има направено и над 1.600 операции на нос. На интернет ќе ви излезе неговиот сајт, има слики пред и потоа. Операцијата ќе чини околу 2.000 евра. Се надевам дека ќе Ви помогне оваа информација. Поздрав.
     
  19. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Кога веќе даваш 2000 евра, подобро отиди си во Белград na VMA кај др. Чолиќ или пак кај доктор Глумичиќ,и ќе ти го средат носот. Долгогодишното искуство и многуте задоволни пациенти, меѓу кои и Емина Јаховиќ, кажуваат за нивната способност :) А покрај толку добри македонски доктори (Нетковски,Јакимовска) да отидеш да правиш операција во друга држава или да ти ја прави операцијата некој доктор од друга држава за 6-7 пати поскапо, е непотребно.
     
  20. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    798
    Како да стапам во контакт со Јане?? Кои денови е во државна како би отишла на преглед?? Знае некој??

    Фала многу.