Имам закажано операција за во јануари кај Нетковски, па некој што има правено кај него ако може да ми објасни детално како течат тие работи, колку време отприлика трае операцијата, колку време ќе треба да бидам со фластери и дали боли кога ги вадат тампоните и конците.. Страв ми е, а поради здравствени и естетски проблеми морам да ја направам оваа операција Ја прочитав цела тема и само пофални зборови видов за Јане, се надевам дека ништо нема наопаку да тргне ии пишете искуства и совети....
Olgitsa во петок е во амбуланта и тогаш врши прегледи, така да можеш да отидеш тогаш Инаку, мислам дека секој ден е на одделение DirtyQueen јас правев кај др. Јане операција Операцијата трае различно во зависност од тоа што треба да се работи, трае од 1,5 - 3 часа . Маската ке ја носиш неколку дена, околу 3,а одкако ке ти ја извади ке ти стави фластери кои ке ги носиш околу 1 недела, ке одиш на 2-3 дена на контрола и ке ти ги менува Конците нема да ти ги вади, со текот на времето сами ке ти испаднат. Мој совет е да не се плашиш , бидејќи во подобри раце не можеш да бидеш Вреди да се направи операцијава, особено поради тоа што ја правиш и од естетски причини. Животот ке ти се смени 100% , од искуство ти го кажувам ова
Како нема да ги вади И за колку време ќе паднат сами? Фала за советот, сигурно ќе ја правам операцијава па страв - не страв се ќе биде
A за докторка Смиља? Некое искуство, нешто што имате да кажете?? Мене исто ми ја збореа за многу добра докторка , со таа разлика што помалку се чека кај неа на список за разлика од Јане кој е најизвикан и сите сакаат операција кај него... Јас планирам сега да почнам со целата таа процедура, зимава да се оперирам, и до пролет лето веќе во нормала да бидам вратена.. Кај Јане искрено една година баш и не ми се чека...
Ете он не ги вади конците , за разлика од останатите доктори. А како - не знам Почнуваат да паѓаат после 1 - 1 ипол месец, али додека сите да ти паднат ке треба да поминат околу 3 месеци.
Со упат од матичен ли се закажува за операција кај Јане и колку време стои отокот,после колку време се се врака у нормала и колку чини точно?
Проблем со носот естетска корекција мислам дека во санте плус можеш да ја завршиш тоа смао мислам дека е малку по скапичко мислам може и во државна на пластича хирургија
Одете секаде само не кај Др. Дубровска...имав случај како мал го скршив носот и моите ме однесоа кај нејзе, поради нејзиното не внимание и не грижа денес ми е крив носот.
И мене ме интересира ова за упатот... мислам дека треба, ако правиш операција поради здравствени причини
Смее само ако имаш полни 17 години.. Пред 17 не оперираат освен ако е некој сериозен здравствен проблем
Јас и мојата другарка од Куманово се решивме да правиме корекција на носот кај Др.Кирјас Маја. Презадоволни сме и од изгледот и од пристапот.Многу ми го фалеа доктор Чолиќ од Белград, но ми беше прескапо, па тука испадна совршено.Исто така ја фалат и Др.Добрила Андоновска од градска болница, работела супер.
Работи во државна болница на 3 кат на оториноларингологија - уво , нос и грло . Јас се знам со неа бев на тој одел една недела и ја запознав
Само што слушнав на тв дека некоја докторка од држана мислам барала 450 е за операција на корекција на носот да не е е некоја од вас леле што веке нема во ова наша држава ах ова моја чудесна земја
И јас слушнав сега само не ми е јасно зошто го пријавила докторот кога во дрзавна болница убаво ти кажуваат за 15.000 ден си на списокот за чекање, а доколку несакаш да чекаш си плаќаш 450е
еви ви го линкот, јасно се гледа дека е доктор Јане Нетковски а другиот соработник не го знам. http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=26431
Здраво девојки знам дека овај форум е женски извинете затоа што јас сум машко ги следам вашите дискусии подолго време. Решив да станам член на овај сајт и затоа сакам да ви кажам дека др. Фродита Јакимовска не е толку добра во работата како што ја фалат ова ви го пишувам од искуство поздрав.