Jaс би го препорачала д-р ГОРАН МИЦЕВСКИ задоволна сум од човекот, не правев операција на нос нешто друго но во тој одел и докторот ме оперираше. Кога идев на прегледи другите доктори кога не знаеа да постават точна дијагноза го викаа цело време д-р Мицевски. Многу е одговорен за своите пациенти и има големо искуство човекот.
хААХА од пред некој ден кога се појавиа на вести она за корупција во државна за операција на нос сега на сите ви се отвори устата секој може да каже дека бил тој. НЕМА ЛОГИКА БЕ ДЕВОЈКО 800 Е ХАХА ај те молам, у приватните не бараат 800 е во државна нема шанси тоа на др кажиму го јас со месеци бев во државна на тој одел и неможеш мене да ми кажеш.САМО ГЛУП МОЖЕ ДА ПОВЕРУВА. БАБАМИ ЗА 1000 Е ВО ПРИВАТНА ЕЈ ВО ПРИВАТНА НАПРАИ ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕ- РАЗЛИКА ОГРОМНА ?
Не ми побараја 800 евра хахаха далеку од тоа мене ме чинеше операцијата 300 евра. Сакам да ви кажам на сите што сакате да се правите операција на нос немој да се плашите не е страшно и јас се плашев многу и читав разни форуми за тоа пред да се одлучам и сега сум пресреќен поради мојата одлучност. Значи кој и да ве убедува и предомислува за таа работа немој да се правиш убав ти е ваков носот па страшно е немој да ве разубедуваат ако сте одлучени цврсто во тоа ја имате мојата подршка сите оти знам како е да живејш со тој комлекс,сигурен сум дека потоа ке бидите многу задоволни полни со самодоверба и горди на себе. Извинете за мојот пост што е малку подолг но морав да објаснам некои работи поздрав до сите и што ве интересира друго слободно прашајте ме.
Јане е и што? Само он го прави тоа? Ако ги апсат заради мито тогаш Македонија ќе остане без лекари. Не знам зошто го пријавила женава. Кога одиш на преглед те прашува ако сакаш да чекаш додека да дојдеш на ред плаќаш помалку, а ако сакаш да правиш операција преку ред кога на тебе ти одговара си плаќаш плус. Докторот тие две опции ти ги нуди, а одлуката е твоја. Жената никој не ја присилил да даде. А на ист принцип работат сите лекари на орл. Така да мислам дека зад ова стои некој на кој што не му одговара успешноста и професионалноста на Јане и сака да го оцрни . Али ништо чудно, овде секогаш по најдоброто се плука. Но, добро кажале - зад добриот коњ прашина се дига.
Кој рече дека Јане ми побара 800 евра?Реков ми побараа 800 евра во државна,небеше Јане,туку друг/а,и толку побараа за да направам побрзо,инаку на листа ако ме ставеа да чекам ќе ме чинеше 300 евра.Во приватните нема под 1500 евра и плус испитувања кај нив кои се скапи.Операција на уши во државна е 19000 илјади,имаш ценовник отвори на веб страната и види.
Ова здраство отиде у јабана... Кога отидов на орл на се оперирам , мислам отидов во подолната амбуланта каде што се изведуваа прегледите останав без здив нај првин помислив дека сме отишле во ремедика. ЕВЕ НЕКОЛКУ ЦЕНИ ЗА ЛУЃЕ БЕЗ СИНИ КАРТОНИ КРАЈНИЦИ- 30.000 МАСКУЛАТНИ СИНУСИ - 60.000 ФРОНТАЛНИ 100000 ДЕН. среќа имав картон и завршив работа за негде мислам 3000 ден беше. Но претерани се овие цени за во државно здраство бе, па зарем оној што нема сини картони треба да умре? А ЗА ОПЕРАЦИИТЕ САМО ДА ВИ КАЖАМ НАПРАВЕТЕ ВЕДНАШ !!!!!!!!!1 Јас многу време се двоумев ми беше страв, од страна добивав и поитивна и негативна енергија, некои ми викаа направи го тоа веднаш имаше и некои што ми вика немој ! Дури имаше луѓе што на денот на операциата ми рекоа немој те молам можеш никогаш да не прозбориш и слично, тоа е преголем стрес,но ттоа само се страи сваќања и јас сепак се одлучив. Бев толку одлучна кога чекорев по патот кон операциона сала дури нејкев ни на мајками да и одговорам на нејзините зборови ќерко каде??? ќерко дојди да те бакнам ! ОДЕВ ГОРДО И НЕ СЕ ВРТЕВ.Знаев ако презборам можеби ке се расплачам сепак имав трема. Болно е кога се разбудив, ( ОВА НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА ОПЕРАЦИЈА НА НОС, НА НЕШТО ОД ТОЈ ОДЕЛ Е НО САКАМ САМО ДА ВИ ДАДАМ ПОУКА) Одкако заздравев и се оправив почнав да живеам. Моите проблеми исчезнаа а јас само се обвнивуав себеси зошто порано не си го дозволив тоа и повеле време да бидам здрава и среќна... Денеска медицината е на високо ниво така да неможе да има утка. А тоа што ве лажат луѓе од страна дека ке си направите поголеми компликации или незна што е само лага. Животот е еден и направете се за да можете да изгледате самоуверено, да се осекате убаво и да бидете горди на себе. пред 2 месеца правеве 2 операции, бидејки имав една несреќа и за да си го подобрам изгледот морав да изджам 2 операции но фала богу проблемот си го решив. Ризикувајте 1 недела болка за цел живот мирен да ви биде. СРЕЧНО НА СИТЕ КОИ ШТО СТЕ СЕ ОДЛУЧИЛЕ НА ОВОЈ ЧЕКОР И НЕМА ОД ШТО ДА СЕ ПЛАШИТЕ
Има некој искуство кај др. Раде Филиповски? Ај ве моламм ако било кој знае нешто за него нека пише многу е важно
Мене ми е познаник,пријател на татко ми,се видов со него пред два дена,го прашав дали да правам операција на нос кај него,ми рече дека е подобро да правам кај Добри Стојменов,ми рече кон крајот на Јануари да отидам сега имале гужва.Ако ти е за операција на уши можеш кај Раде Филиповски,ама за нос е малку понестручен па затоа ме прати кај неговиот колега.Треба да земеш упат од матичен да ти закажат и да одиш на преглед,секој понеделник прегледувале Добри и Раде во Јануари.
Девојки ова тема ја следев цело време и гледав разни мислења и критики. Јас се одлучив за доктор Добри Стоименов во воена болница. Операцијата ми ја направи на 10ти Јануари а денес ми го извади гипсот и ме пушти дома. Од целиот персонал сум многу изненадена, значи 24 часа се нарасполагање, цело време ве проверуваат како сте и премногу се фини. За доктор Добри можам да кажам најпофални најдобри зборови алал да му е. На сите ви го препорачувам еве слика и самите да видите пред операција и 7 дена по операција (денес) откако ми го извади гипсот. Уште сум модра и имам отоци но тоа е нормално. А операцијата прегледи сместување се вкупно е само 1700 денари. За било какви прашања слободно пишете.
Ти благодарам и јас уште неможам на носето да се изнагледам. Да да 1700 и јас се изненадив и ми кажаа нема операција кај нив што е над 3000 ден.
Имаше проблеми со дишењето или чисто само од естетски причини...? Пошто кога пациентот има проблеми со дишењето тогаш дел од операцијата ја покрива и фондот па излегува околу 5.000..
Па затоа ме зачуди, фондот не покрива ако ти е од естетски причини. Ако имаш и здравствени паралелно, тогаш да.
Прашав во Војна болница,и фондот не покрива.Од естетски причини чинело 15000 денари а 1700 од здравствени само.Значи ако сакаш и од здравствени и од естетски причини ќе платиш 16700 плус испитувања.Така ми кажаа вчера.Незнам како некој плаќа само 1700 а некој 17000 денари.
И јас правев од здравствени и од естетски причини па си платив 15 500 ден. Баш чудно ова, само 1700 ден. Знае ли некоја што се случи со др. Јане, дали уште работи на ОРЛ ?