Здраво девојки.Еве сум јас 11 дена после операција ама уште се осеќам лошо,изморена сум цело време неможам да се вратам у нормала.Фластерите и цевките ќе ми ги вадат тек во среда,ама делот од носот што можам да си го видам ми е страшен,едната страна ми е многу поинаква од другата.Можно ли е да се отоци и затоа носот да изгледа така?Ве молам за искуство зашто искрено се плашам да не остане вака како што е сега
Јас после операцијата не можев да се препознаам од отоци. Носот ми беше многу страшен, ужасно изгледаше и исто имав асиметрија на двете страни, ама кај мене остана така плус целата операција беше неуспешна и морав да правам ревизија. Инаку треба правилно да се масира носето секојдневно, треба да ти објасни тоа докторот што како. Секојдневно ќе ти се менува формата, ќе спаднува отокот. Кај мене после месец дена ноздрите ми беа уште многу широки, тек после два месеци ми доби носот колку толку форма. Така да си бара време, може едната страна да ти е поотечена од другата. Не се секирај толку околу тоа. Врвот и профилот како ти делуваат моментално?
Уште сум со фластери па неможам да си го видам профилот а врвот ми изгледа ок освен едната ноздра што ми изгледа многу отечена.ама од друга страна имам уште цевки и плус засирена крв што паѓа постепено.се надевам во среда кога ќе ми го извадат фластерот и цевките нема да биде толку страшен.незнам колку време после операција се нормализира отокот.
Девојки,денес конечно тргнати ми се цевчињата и фластерите и иако носот е уште отечен,испадна многу убав.ќе ви прикачам и слика само да средам и ќе ви пуштам да видите разлика.
1700 денари затоа што имав здравствен проблем па поради тоа естетиката не се наплаќа,се е вклучено во тие 1700 Фала ви многу девојки,мило ми е што ви се допаѓа
ivi koga odese na ispituvajne pred operacija me interisira kakvi ispituvaje ti pravat jas treba bo ponedelnik da odam poz☺
Многу луѓе се задоволни од Др. Добри Стоименов, а можам да видам и зошто! Браво! Одлично изгледа носот! Само имам едно прашање, дали правеше отворена операција или затворена? Не можам да забележам на сликата. Со здравје новото носе
Луѓе препорачајте некој добар доктор си го мразам носот, не е нешто премногу голем или крив ама имам како планинка и малку ми е шпицаст не ми се допаѓа како изгледа морам да правам операција... Инаку проблеми со дишењето немам, ако знаете кажете ми од прилика колку би ме чинела операцијата
Желба ми е да направам операција на носот. Ич не си го сакам. Сум слушала дека многу боли, ама би истрпела се, само да го променам. Ај, некогаш и таа желба можеби ќе ми се исполни.
Јас правев комплет лабараторија,трансфузиологија одредување крвна група и уште едно испитување има таму,рентген на граден кош,екг и на крај со сите испитувања одиш во анестезиолошка амбуланта за мислење дали можеш да примаш анестезија.и после тоа со сите испитувања и мислење од анестезиолог идеш на орл за да видат дека имаш се напавено и ти потврдуваат кога да отидеш за прием.ајде со лесно и брзо да ги завршиш сите испитувања
Фала ти многу,мене уште не ми се верува дека ми е таков носот Инаку затворена операција беше мојата,од внатре е работено,таму се кончињата.А доторот е дефинитивно најдоба,уште имам отоци ама формата е топ,имав страшно широк,долг и грбав нос а докторот го среди ептен добро.Да спаднат уште малку модриците и отоците ќеви пуштам нова слика