Здраво.Имам закажано за една недела кај д-р Софија Пејкова дали можеби некој ја познава да сподели искуство?.Благодарам однапред
Здраво, заинтересирана сум за корекција на носот. Од пребарувањата, Игор Пеев изгледа многу добар доктор, ако може да ми помогнеш доколку имаш телефонски број од него или е-маил да го контактирам некако. Не живеам во Мк, затоа не сум во можност да идам да го побарам во болница. Благодарам однапред.
Поздрав на сите, сакам да ве прашам за добар доктор кај кого можам да се обратам за операција на нос. Машко сум, но имам девијација и многу тешко дишам и ми е преголем товар сето тоа на секојдневните обврски... Вие кај кого имате правено операција, колку ве чинеше тоа итн. итн. ?
Здраво драги членови на овој форум...прв пат пишувам па би сакала за малку помош. Сакам да го оперирам носот уште од кога знам за себеси. Она што најмногу ми смета е неговата големина, немам грпки, ниту пак кога ми се гледа ликот се приметува дека имам лош профил Но кога ќе се свртам , неможам да го поднесам она што го гледам.Конечно се одлучив за оваа постапка па би сакала да поставам неколку прашања. 1.Кои се врвни доктори за ринопластика во државна болница ( искуства ваши или препорака од близок ) 2.Која е цената за операција на нос ? 3.Како оди процедурата за закажување операција...некои совети и слично. днапред Ви благодарам доколку наидам на вистински и искрени одговори!!!!
Разгледајте наназад, има добри совети за доктори и од државни и од приватни болници. Има и слики од членки кои што се имаат оперирано, пишува и цени.
Ќе може ли да ми дадете малку информации за Јане Нетковски во која болница се наоѓа моментално и како да воспоставам контакт, телефонски број, маил било што.. Се прочитав од почеток во рок од еден ден и мислам дека умот ми се замати.Запишав еден број од него ама не се јавуваше да не постои некој друг нов број ? Нова сум на форумов и решителна да правам операција кај него бидејќи е нејвеќе фален. Ве молам ако некој знае нешто нека ми врати на поракава. Фала однапред
Гледам долго време не е активен форумов. Сакам да се оперирам или кај др Добри или кај др Јане. Дали некој знае колку кошта кај двајцата приватно? Немам здравствен проблем,чисто естетика. Благодарам
Исто и мене ме интересира за др. Јане или некој друг од подобриве дали оперираат во приватниве болници, пошто битни ми се и условите.
Здраво Феминки , Најпрвин благодарност до сите оние кои исцрпно го опишале своето искуство на самиот зафат како и искуство при преглед со докторите( appreciate it), . Ме интересира дали некој има искуство со др. Раде Филиповски од 8ми Септември ?. Самиот доктор е фантастичен во разговор , ама едно е теорија - друго е вештина во раце . Однапред благодарност
Здраво ! Поздрав до сите членки и членови на форумот. Имам девијација на носот и плус сакам да правам и естетика. Веќе ја почнав постапката и ги бев направила сите потрени тестови.Останува на 26ти е закажано разговор, а потоа веројатно и операција кај Др. Фродита на кое се разбира сеуште сум во неодумица дали и ќе ја правам кај неа Ја прочитав цела тема 2 пати но искрено повеќето мислења ми се за неверување. Гледам дека има членки кои се регистрирале и фалат неколку доктори, но од тие ниту една слика не бев видела а да ми биде и посомнително уште имаат по 1-2 мислења. Точно е дека има и неколку слики кои искрено помогнаа доста на неколку членки. Па ме интересира секој што има искуство со Фродита, Јане, Добри или некој друг доктор тука или надвор да пишат како поминале. Многу ќе ми значи. Во недоумица сум дали Фродита ќе ме среди како што треба. Некако ми делува ептен несигурна кога бев била и првиот и вториот пат. Ако може некоја членка која правела исто така да пише искуство. Јас веќе на неколку пишав и ќе пишам па се надевам дека ќе добијам одговор. Фала многу. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред па во иднина ќе бидам и јас тука за искуство кое се надевам ќе биде позитивно.
Здраво дечки, имам комплекс уште од детството дека ми е голем носот и сакам да се направам операција. читав во дел од пораките како тоа нашите доктори тука во мк не се доволно стручни за ринопластика и слично што лично се сомневам во тоа дали некој има искуство со Бојан Ристески од Прилеп за операција на нос??? Прочитав исто на доста места дека Даскалов бил многу добар, може информација за цена и колку се чека за кај него? Благодарам!!!
Андријана98 те молам ако не ти е проблем да споделиш како помина кај др. Пејкова, јас сакам да се оперирам кај неа
Здраво на сите. Неделава ги прочитав сите мислиња и за поголемиот дел се информирав. И јас сум кандидат за корекција на нос, искрено не ми е некој комплекс или да си го мразам толку носот, али стварно мислам дека ќе бидам многу поубава, имам нежен лик и носот воопшто не ми стои убаво и само ме огрубува. Инаку се работи за мала грпка и малце смалување на носот. Девијација не знам дали имам али можно е, ќе се проверам. Ептен ми е страв од операции и такви ствари, али ако е решен човек тогаш се оди до крај. Трпи бабо за убавина ќе се издржи првата недела некако. Највеќе ми е мене до тоа дали ќе ме погодат. Знам дека тоа е вечното прашање и секогаш има ризик али ќе бидам многу посмирена ако знам дека сум во добри раце. Од се што прочитав се двоумам меѓу Јане Нетковски и Добри. Најмногу позитивни коментари од тоа што јас приметив. Само ме збуни сега лошиот коментар на Rose, како била ептен разочарана од Добри и дека ја уништил. Исто не ги сфатив некои од коментарите дека Јане едноставно вратил некои пациенти и не сакал да ги оперира. :/ И дека после периодот со митото не бил истиот. Не знам навистина што да правам. Дадете ми совет, мислење, како да се одлучам, кој е подобар...
Девојки јас имам прочитано на нет дека можело и без операции но само ако ви е многу месест носот еве го линкот дали некој ако пробал знае какви резултати дава да ми каже во план ми е но се плашам да не биде нешто лошоо незнам https://makedonijadenes.com.mk/mask...i-toa-za-15-minuti-i-15-denari-video-retsept/
Здраво феминки. Темава ја читав дооолго време и решив да се регистрирам дури откако направив операција на носот Имам еден совет: доколку сакате да правите естетска корекција појдете на пластичен хирург, а не на оториноларинголог бидејќи сите тие што ги споменувате: Јане, Фродита, Дубровска, Копачева...се на клиниката за уво нос и грло. Јас имав лошо искуство со Јане. Прво да нагласам имав и здравствен проблем (девијација) и естетски (грпка). Едвај преку врски од 100 места успеав да закажам кај Јане. Ме влечкаше по разни тестирања кои дополнително ги платив за да ми каже на крај дека ако сакам естетика треба да платам плус 500 евра од она што би чинело само за здравствениот дел и да чекам не знам колку време и тогаш се откажав од кај него и заминав на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и се решив ќе си платам приватно само да го средам носот како што треба. По препорака отидов кај др. Лазо Новевски (пребарував на форумов скоро и никој да не го споменал) за кој ми кажаа дека е еден од најдобрите пластични хирурзи кога е во прашање нос и не се покајав. Закажавме операција за една недела, појдов, се оперирав и можам да ви кажам дека носот ми е прекрасен. Пред некој ден ја извадив лонгетата и уште ми е отечен ама новата форма се гледа. Пред операцијата му однесов слика каков нос сакам и до милиметар ист како на сликата ми го направил а воедно и здравствениот проблем ми го решил и пресреќна сум! За повеќе инфо дополнително прашајте ако ве интересира.
Како што пишав, лонгетата ја извадив пред некој ден и сеуште ми е отечен носот и делот околу него. За недела две кога ќе се тргне отокот и модрилото и кога ќе се гледа финалниот ефект ќе ставам.