Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корекција на носот

Дискусија во 'Лице' започната од enca.69, 7 јануари 2010.

  1. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Ако добиеш додека си таму нема да те оперираат, многу крв се губи и затоа избегнуваат да ризикуваат непотребно за не толку итни операции. Пријателка за корекција на уши ја вратија од таа причина.
     
  2. Searcher

    Searcher Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2017
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Самошто се враќам од кај матичен, бев да се консултирам за истото, тој рече дека не било тоа проблем... Меѓутоа нели хирургот и анастезиологот најдобро знаат. Сепак многу ти благодарам за одговорот, секој одговор ми е сега од големо значење. Но секако, се надевам дека нема да биде како што велиш :lol:
     
  3. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Нема да те оперираат ако имаш добиено. Извести ги со време за да ти презакажат операција на друг термин после менструацијата.
     
  4. leona11

    leona11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Што направи со србија?
     
  5. simonkica992

    simonkica992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки :inlove:,
    се зачленив на форумов да ви ја раскажам мојата приказна и се надевам дека некому ќе помогнам.
    Уште од дете имав скршеници на носот, левата ноздра 5% фукционална, десната малку повеќе, девијација на назалниот септум, главоболки, мали отоци и естетски не убав нос. Со години се распрашував по доктори, медицински сестри, приватни болници, читав литература и форуми, искуства, мислења... Од сите собрани информации решив да одам во болницата 8-ми Септември во Скопје кај доктор Добри Стоименов. На 15 Март 2017 год. ми беше првата средба со докторот. Ме прегледа, ме праша какви проблеми имам со дишењето и го закажав датумот за операција на 19 Април. Средбата траеше кратко. Од болницата ми се јавија две недели подоцна да направам испитувања: испитувања на крв на трансфузиологија, испитување на уреа, ЕКГ , и анестезиолошки преглед и мислење. Сите испитувања ги завршив во два дена и за сите нив платив околку 1300 денари. Со сите резултати ме примија ден предходно на 18 Април во Оториноларингологија со личен прибор за хигиена. На денот на операцијата на 19 Април утрото разговарав со докторот Добри и не му побарав нос од списание, го сослушав неговото мислење во врска со тоа кој дел ќе се промени и не кажав никаква желба, затоа што не се обратив на пластична хирургија туку на ОРЛ. Во 9:45 часот ме зеде сестрата и ме однесе во предоперациониот простор, таму ми ставија инекција Дијазепам. Додека чекав да дојде друга сестра да ме истурка со креветчето во операциона сала бев премногу возбудена и мислев дека ќе побегнам надвор во секоја секунда. Сестрата дојде и ме однесе во сала, ми ставија на раката канила, на другата ми мереа притисок, дојде анестезиологот ми ставаа инекции во раката, почна да ми се врти и заспав. |-)
    Моментот кога се разбудив не ми беше баш јасно кај сум и што се случува, но сестрите околку мене ми објаснија и ме однесоа во соба. На мене имав гипс, фластери, тампони и силиконски сплинтови (цевки внатре во носните канали). Се чувствував истоштено, болки немав. Секое сабајле ми ставаа инекции Антибиок и Кортекс, понекогаш кога имав главоболка пиев и Ибупрофен. Како што поминуваа деновите во болницата ми стануваше се подосадно, болки освен главоболка немав никакви и многу јадев. :P Се случуваше да имам крварење првите денови и ми дадоа Биофлавоноиди за пиење. Шестиот ден докторот ми ги извади тамплоните и тогаш прв пат почувствував непријатна моментална болка и мислев дека го дишам целиот воздух на светот и не можам ја го опишам чувството со зборови. Деветтиот ден докторот ми го извади гипсот и ми го масираше носот, кога се видов во огледало личев на коала. :drunk: баш и не бев за бендисување, имав големи отоци на носот, очите, образите, малку помодрена и жолта кожа околу очите, горниот дел од устата не ја чувствував. Си заминав дома истиот ден со силиконските сплинтови во носот и мал фластер. Без разлика на отоците и коала изгледот носот се гледаше дека има правилен облик.Секој ден отоците се повлекуваа, болки немав. Во вторникот докторот ми ги извади силиконските сплинтови од носот и сега носот ми изгледа прекрасно :D Вчера излегов да го прошетам новиот нос, отоци има малку ама тоа е малку забележливо. Добив нос каков што одговара на моето лице и кога некој прв пат би ме видел никогаш не би кажал дека имам направено ринопластика. За целиот зафат платив 1700 денари. Од болницата и персоналот сум презадоволна. Докторот не е некој муабетџија. Јас се бавам со архитектура и не може секој да ми се меша во столбови и греди, па ни јас не сум специјалист хирург,не можем да се мешам во работата на докторите.
    Јас сум презадоволна од мојот нов нос, посебно неговата функција :D
    Во прилог ви испраќам фотографија и се надевам дека некому ќе помогне моето искуство. Доколку имате било какви прашања може да ме контактирате ;) Поздрав
     

    Прикачени фајлови:

    • nos.jpg
      nos.jpg
      Големина на фајлот:
      63,9 KB
      Прегледи:
      374
    Последна измена: 4 мај 2017
    На Semine, Anon, CameliaMiller и 29 други им се допаѓа ова.
  6. Searcher

    Searcher Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2017
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :) Претходно ви пишав дека ќе одам на операција, а сега ви пишувам дека и покрај тоа што бев со циклус мене ме оперираа. Па еве и дел од моето искуство, иако погоре веќе се е кажано :) Бев во 8ми Септември и ме оперираше Др. Никица Атанасова, која притоа е еден прекрасен лекар и навистина голем професионалец. Исто само пофални зборови имам и за сестрите и целиот персонал таму како и хигиената. Се што е напишано во погорниот коментар од simonkica992 е точно и поминав низ истото меѓутоа разликата е таа што јас немам никаква промена на лицето, никаква боја променета ниту модринка, имам само еден мал неприметлив оток, едноставно неможе да се забележи дека само пред две недели сум оперирана. Болките не се така страшни како што мислев само чувството дека дишеш само на уста е незгодно и реално немав спиено недела и пол ниту пак можев да јадам со што се здобив со 5 кила помалку и добив win win ситуација :clap: Единствено болно што го доживеав во текот на целиот период беше вадењето на тампоните, но не продишав целосно како што е погоре напишано бидејки сеуште ги имав сплинтовите кои го попречуваа дишењето, а нив ми ги извадија после една недела од кога ме пратија дома. И така, сега имам поубав нос кој секако кога скроз ќе се намалат отоците кои притоа не се големи ќе биде и поубав, а и дишам како што не сум дишела, едноставно сега живеам подобро. Уште еднаш да напоменам, Др. Никица Атанасова е еден извонреден човек и хирург. Кој и да оди кај неа, нема да згреши. Девојки, каква информација и да ви притреба овде сум да ви одговорам :*
     
    На Semine, N.2106, Zivyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Aestas0609

    Aestas0609 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Фала многу што го сподели твоето искуство... Сега ми олесни многу не се плашам да одам на операција сега
     
    На Searcher му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Searcher

    Searcher Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2017
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мило што сум ти олеснила, сепак знам какво е чувството пред операција и колку е потребно некој да те опушти. Па, ќе те чекам сега јас да го споделиш твоето искуство. Со лесно :)
     
    На Aestas0609 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    194
    • Ве молиме пишувајте на кирилица
    Здраво,
    Може ли да ми кажеш колку те чинеше се вкупно?
    Мене ми треба чисто од естетска причина
     
    Последна измена од модератор: 11 мај 2017
  10. Aestas0609

    Aestas0609 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Да секако и јас ќе споделам само што сеуште сум на листа на чекање ... Само ако можеш уште да ми кажеш колку време беше на листа на чекање?
     
  11. Searcher

    Searcher Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2017
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Mene me cineshe 1700 denari se vkupno ne smetajki gi predoperativnite ispituvanja koi ne chinat povekje od 1500 denari. Megjutoa jas bev poradi zdravstven problem, a iskoristiv i za estetika pokraj toa :) Najdobro ti e da se rasprasash tamu dokolku nemash nikakov problem so dishenjeto.
     
  12. Searcher

    Searcher Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2017
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    • Ве молиме пишувајте на кирилица
    Neznam tochno kolku ama otprilika mesec... Mi reche doktorkata deka za tie operacii se cheka, ima luge i po godina dena koi chekale bidejki ne se itni... Jas mislam deka pomalce bidejki ne dishev voopshto so ednata strana... :?:
     
    На Aestas0609 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Мојата операција помина со трауми 2 правев,втората од невниманието на докторката.Како мала се имам удрено,како раснев во тинејџерски години почна коската да ми се криви не можев да дишам,дур еден ден не добив гушење и морав хитно на операција.Во Државна ме оперираа,докторката бараше мито и дадовме и тоа два пати.Операцијата прва ми траеше 3 часа кога се будев од анестезија ми беше многу ладно се тресев,тогаш беше време за посета моите не ги пуштија мене ми дојде тешко како во желудникот да имав зејтин.Сестрите ми оставиле едно мало легенче колку рака плитко,јас не можев да стигнам со рака да го земам се исповраќав целата со крв сите од посета се исплашија врескаа.Дојдоа сестрите почнаа да ми се дерат да ме влечат да ме пресоблекуваат како мало маче.Мојата докторка отишла на одмор други ме контролираа.Многу спиев,не можев да јадам со лажичка пиев сокче и толку бев многу натекната болки во глава ми чукаше сигурно од тоа што коската ми ја дробеле и кршеле.Дојде време за да се вадат тампони друг доктор ми ги вади погрдо нешто нема од тоа мислам,но дишев бев многу среќна,после тоа маската ми ја вадеа со јод многу ме печеше лицето,кога ја извадија мислев леле ми отиде и носот со се неа,после некое време конци 1 недела јас секој ден одев и 4 докторки не можеа да ми ги извадат затоа што мојата докторка ме лажеше секој ден дека ќе дошла и се скорениле конците со крв па мачкај со кантарион оди пак и така една недела.Помина и тоа ниту пола година мене само ми мрда нешто во носот,гребе како да ќе ми искочи почна на кожата како лузна да сече.Отидов кај докторката вика аиии паничиш не е ништо тоа.Јас не можев веќе отидов пак и вика е во право си графтот е организмот не ти го прифатил,пак операција ми вика јас можам вака амбулантски ама ајде со анестезија.Викам докторке нема да бидам модра нели имам за 5 дена веселба,не бе душо уживај.Операцијата 2 часа,јас целата претепана немам сила,кога чувствувам лицето ми се дуе.Моите не сакаат да ми кажат идам ја во тоалет,аиии натечена кога почнав да се дерам да ја кубам инфузијата сестрите исти тие што ме влечеа почнав со нив да се карам,и се јавија на докторката она дим да ја нема.Не сакаше да ми ги вади конците не било страшно ми вика ми даде жилет и сама дома да ги вадам а конец како од фармерка штеп и само ставав борова вода и гази на лице да ми се намали оток.Мене многу време ми чукаше главата од кршење и една голема траума.Често ме здоболува носот и имам мала вдлабнатина и не можам да дишам.Се извинувам на долгиот пост;(
     
    Последна измена: 12 мај 2017
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Aestas0609

    Aestas0609 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас се трауматизирав сега ја почувствував твојата болка :(... Која е таа докторка и другите да внимаваат случајно да не одат кај неа...
     
  15. Zivyle

    Zivyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    А женски да ве прашам, дали е морално да си полнолетен или нема врска тоа? Имам 17 и поради естетска причина би сакала да одам на корекција, странично ми е правилен носот, но многу краток- немам истакната коска, но имам комплекси поради широки ноздри и незнам дали некој доктор би се нафатил за таа област, и дали првично е возможно? Читајќи го позитивното искуство во постот на @simonkica992, размислувам за доктор Добри :)
     
  16. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Дали знаете колку чинат вакви операции во странство, без разлика дали е на запад или во скандинавските земји? И дали прават поуспешни зафати од овдешните?

    Ми помина времето кога можам да редактирам и морам нов пост, штом веќе не знаете доктори во странство дали може да ме упати некој за доктор во Македонија кој прави најсовршени носеви, конкретно за државни болници бидејќи ако одам во приватните би одела кај Даскалов. Ваше мислење?
     
    Последна измена од модератор: 24 мај 2017
    На Zivyle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simonkica992

    simonkica992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
     
    На leona11 и Zivyle им се допаѓа ова.
  18. leona11

    leona11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7

    Дали можеш да ми пратиш слики од напред. Ме интересира дали докторот ја прави и усната или таа не ја работи ? Ти благодарам
     
  19. Vili4

    Vili4 Нов член

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво може ли некој да ми даде имформација за др.Филиповски искуство ислично имам закажано операција кај него а немам никакви информации околу тоа како работи и колку се задоволни пациентите од него
     
  20. Vili4

    Vili4 Нов член

    Се зачлени на:
    29 мај 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo i jas imam zakazano kaj dr.Rade ke moze li da mi kazes kako pomina kako ti e nosot sega i kolku plati