1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корекција на носот

Дискусија во 'Лице' започната од enca.69, 7 јануари 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Девојки, сега ме збунивте :?: , нели цело време дискутираме кој е најдобар хирург, кај кого да одиме- како сега ви закажуваат без да знаете кој ќе ве оперира? :^)
    Powerpuff, мислев дека закажа операција кај Нетковски во јуни? Сега ништо не ми е јасно.

    Јас колку што знам сами си бираме кај кого ќе одиме, баш една моја роднина се оперираше кај докторката Дубровска, сеуште ја немам видено за да ви кажам како поминала, ама си пишев со неа на мсн и ми пиша дека се поминало во најдобар ред и дека е задоволна сега за сега, неможеше да каже каков е крајниот ефект бидејќи била сеуште со отоци, меѓутоа таа стварно имаше изразен крив нос и кај неа мислам кој и да ја оперираше би излегло добро, така да незнам што да кажам за тоа, но таа ми кажа дека и две нејзини колешки се оперирале кај Дубровска и биле супер направени па затоа и таа ја избрала Дубровска.
    Така да вие си го бирате лекарот, незнам зошто кај вас испаднало така да закажете без да знаете детали?
    Кога ќе разговарам со неа во живо, ќе ви ги пренесам деталите и моето мислење за нејзиниот нов нос.

    Како и да е Зор, секако дека ја имаш подршката од сите нас тука и очекуваме информации, истото важи и за тебе, powerpuff :)
    поздрав ;)
     
  2. powerpuff

    powerpuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    49
     
  3. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    Ви благодарам на поддршката! Искрено после коментарот од Karanli погоре не се ни осмелував да видам што ново има на форумот бидејќи очекував да бидам критикувана...
    Јас сум во дилема веќе неколку години за тоа каде, кој да ме оперира.... Разговарав со многу луѓе кој досега имаат направено корекција на нос....Оние кој се задоволни, нормално го препорачуваат докторот кој нив ги оперирал.
    Во клиника отидов најпрво за консултации кај човек кој е професор на клиника за Уво нос и грло. Професорот ме убеди дека нема воопшто место за грижи, вети дека ќе биде покрај мене и за време на опериација, како и пред и после тоа, како и тоа да оставам јас тој да одлучи кој ќе ме оперира кога ќе дојде време. Јас верувам дека ќе бидам информирана навремено за тоа кој ќе ме оперира и сигурно пред операција ќе отидам на консултации кај пластичниот хирург. Не верувам дека ќе ме однесат на месар да ме оперира.
    Ако веќе зборуваме за тоа кој е најдобар пластичен хирирг во Македонија, по мојата информираност можам да кажам дека Даскалов е нај изрекламиран. Но како што можевме да прочитаме...луѓето плаќаат 1500 евра, и сепак има некој кој не е задоволен.
    Успеав да зирнам во тетратката на закажани кој чекаат на ред на клиника за операција на нос...премногу се, и верувајте ситее имаат одлучено за различни доктори меѓу кој беа: Јовчевска, Дубровска, Нетковски, Кирјаз и не се сеќавам кој други. Што значи за тој пациент тој доктор би бил оној во кој што може да верува.
    Инаку јас мислам дека мене ќе ме оперира Дубровска, но се уште не е сигурно. И колку што можам да претпоставам, дека има многу пријавени, сигурно ќе ме фати летнитот период додека стигнам на ред, а тогаш не оперираат, што значи ќе почекам до есен.

    Поздрав на сите и ви посакувам многу среќа! :*
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Зор, сигурно не оперираат во летниот период? :^) Зошто е тоа така? Јас пак цело време си планирам да се оперирам летото, тогаш сум најслободна, ама сега стварно се разочарав ;(
     
  5. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    Да Сесилија, дека крвните садови на топло се шират а тоа предизвикува зголемено крварење. Ама сепак тоа не значи дека во лето воопшто не треба да се оперира. Сепак зависи за каква операција станува збор. Но мислам за нашава, не би требало да оперираат на лето. Да беше нешто итно, веројатно не би гледале дали е лето или зима, но дека е нешто што може да почека...тогаш најдобро би било пролет или есен. А и ми кажаа дека ваквите операции не ги прават на лето. Е сега дали е стварно така не сум 100% сигурна. Консултирај се сепак со докторот, па види што ќе ти каже. Ако во меѓувреме дознаам нешто ќе ти пишам.
     
  6. rekina

    rekina Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    здраво. Јас сакам корекција на носот ама незнам кој доктор и дали може некој да ми препорача и да ми каже поточно нешто. каде и колку е една операција кај некој доктор ? ВЕ МОЛАМ
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Да ти кажам, рекина, стварно се нервирам од коментари како твојот. Значи пишуваш пост без претходно да имаш прочитано барем една страна од темата. Мислам, немој да ме сфатиш погрешно ама стварно нема смисла, прво треба да прочиташ нешто па да реплицираш.
    Поздрав
     
  8. karanli

    karanli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Rekina imash se napisano navratise nazad i procitaj si...

    Devojki sto mislite da pokanime nekoj od nasite doktori na forumov pa da ni odgovori na site nasi prasanja gledam po stranskite forumi toa cesto se slucuva.
     
  9. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    Идејата Ви е баш добра. Доколку некое стручно лице би сакал да одвои време и да даде неколку гратис совети, зошто да не. Ние и онака цело време бараме одговор од такви луѓе. Ако постои начин да се информира некој доктор да ни се приклучи на темава...би било супер. Еве на пример, можеме да испратиме е-маил до некој доктор, па доколку сака нека се регистрира.
     
  10. Anabela2

    Anabela2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Здраво на сите.
    Јас прв пат пишувам на овој форум.
    Размислувам за естетска корекција на носот уште одамна, но до сега немав храброст да го сторам тоа.
    Освен естетиката имам проблем и со дишењето и ми кажаа дека имам девијација на носната преграда. Бидејќи слушнав многу добри критики за др. Јане Нетковски би сакала да ве замолам ако имате негов број да ми пишете. Јас мислев дека тој работи на државна клиника но кога се јавив во одделот за пластична хирургија ми рекоа дека нема таков доктор таму.
    Благодарам однапред
     
  11. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    Др. Нетковски е на клиника за Уво нос и грло. Еве Ви негова е-маил адреса: jane@ukim.edu.mk
    Пратете му маил, ќе Ви одговори.
     
  12. rekina

    rekina Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    СЕ ИЗВИНУВАМ СЕГА ВИДОВ. ФАЛА МН МИ ПОМОГНАВТЕ МИСЛАМ МЕ УПАТИВТЕ КАЈ КОЈ ДОКТОР И СВЕ,ЈАС КЕ ЗАКАЖАМ ОПЕРАЦИЈА НА ЛЕТО КОГА КЕ БИДАМ НА РАСПУСТ ЗА ДА ПРЕСТАНАТ ДА МЕ ЗЕЗААТ ЗА НОСОТ, ИАКО ДОМА НЕ МЕ ОСТАВААТ ДЕКА ИМАЛО РИЗИЦИ АМА ВИЕ МЕ ОХРАБРИВТЕ ПА СЕА СО БИДЕ НЕКА БИДЕ. СЕ ИЗВИНУВАМ УШТЕ ЕДНАШ ПОЗЗ
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Рекина, мислам дека Зор рече дека во лето не правеле операции, и јас планирав да се оперирам летото ама сега незнам што да правам :worried:
     
  14. karanli

    karanli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Site imame mnogu nerazjasneti prasanja, kako sto kazav najdobro e da pokanime nekoe strucno lice na forumov i da ni odgovori a site nasi prasanje jas bi pisala mail da pokanam nekogo no nemam kontakt od nieden hirurg ako nekoj ima kontakt mail neka mi pishe.
     
  15. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    Еве погоре го оставив е-маилот на Др. Јане Нетковски. jane@ukim.edu.mk
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Девојки, немојте да ме сфатите погрешно ама мислам секој што има сериозна намера да се оперира треба да оди лично кај докторот и да си праша се што го интересира, бидејќи нема смисла некој доктор да ни дава одговори на сите наши прашања. Точно, има и такви лекари кои што пишуваат по форуми, како што имам приметено на повеќе наши форуми тоа е еден бугарски хирург, но кажете ми искрено дали мислите дека некој хирург би имал време да одговара на сите наши прашања на форум? Па колку само членови постојат кои и не се баш сериозно заинтересирани за операции, а само така прашуваат. А тие доктори што одговараат по форумите најчесто на тој начин си бараат потенцијални пациенти, бидејќи на друг начин неможат да ги најдат.
    Мислам дека ми ја сфативте поентата ;)
     
  17. karanli

    karanli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Извини но не се сложувам со тебе, зошто не би одвоил малку време да ни одговори на сите наши прашања прашања од типот дали во лето или во зима, зарем не мислиш дека е подобро да ни одговори и подоцна тие одоговори ке можат да ги прочитат многу луге кои се заинтересирани наместо сите да одиме и да правиме дополнителена гужва по хаотичните шалтери не заборавај не живеат сите во Скопје како нас.
    Ова е сосем нормално во развиените земји еве ти еден од многуте сајтови каде што стручни лица даваат совети на луге кој се заинтересирани http://www.realself.com/
     
  18. Zor

    Zor Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    22
    Доколку се оперирате во некоја приватна болница, тогаш можете да се договорите за термин кој вам најмногу ќе ви одговара. Но доколку се оперирате на клиника...не ми се верува дека вие ќе можете да го одберете терминот. Прво те запишуваат на листа на чекање....па после ќе ви се јават тогаш кога ќе дојде вашиот ред....а колку ќе чекаш тоа никој не ти го кажува. Но затоа постојат приватни клиники каде што секогаш можеш да се договориш за вредноста на твоите пари.
     
  19. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    80
    со мене во средно една соученичка си го среди носот, но тое е само поправка, инаку нејзинит татко има таков нос , а и нејзините деца ке имаат таков нос оти тоа е генетски.
     
  20. karanli

    karanli Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Кај нас колку што знам нема приватна болница..