Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корекција на носот

Дискусија во 'Лице' започната од enca.69, 7 јануари 2010.

  1. Allie_88

    Allie_88 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2019
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Јас лично не, знам само еден пријател што правеше операција кај него.. имаше девијантен септум.. му кажа дека малце и носот ќе му го среди, и така го отвара.. носот му беше ист како и пред операцијата...
     
    На Kokickaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kokickaa

    Kokickaa Нов член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Dobro znaci e zadovolen od dr artan dika ili?
     
  3. Allie_88

    Allie_88 Активен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2019
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Ако имаш било каков проблем, очигледно... али естетска операција, не верувам..
     
    На honeyboooo0 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kokickaa

    Kokickaa Нов член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Jas imam problem so septumot i rskavicite vo toi mi kaza deka mora da vadi rskavica od rebro ne od uvo i to me zbuna iskreno posto prvoat slusam deka od rebro

    I imam so koskata problem mie iskrivena na edniot del
     
    Последна измена од модератор: 14 декември 2019
  5. Bojana890

    Bojana890 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски

    Ај те молам доколку имаш e-mail од докторот пиши ми во приватна порака.

    И кажете ми цена за кај Пеев ? 70.000 - 90.000 ден. нешто имам слушнато.. :?:
     
  6. Marijam7

    Marijam7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Не си се информирала добро. Може да биде и од уво и од ребро.
    73000 денари беше ако ја крши коската, а ако не се крши мислам дека околу 60-65000 денари.
    Кај мене треба да се крши па за тоа сум сигурна дека е 73000, а без кршење не сум баш сигурна
     
    На angela996 и Bojana890 им се допаѓа ова.
  7. anitza123

    anitza123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Dali ima nekoj praveno neiznvanzivna korekcija na nos so fileri? I kade? ako ima nekoj iskustvo, neka objasni podetalno kolku dolgo trae efektot i kade pravele
     
  8. Marijam7

    Marijam7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Мислам дека на пластична хирургија прават, или Силуете, Студио Леонтиќ и сличните
     
  9. Anchi82

    Anchi82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да го оперирам кај Пеев.. проблем ми е врвот на носот, па сега ме замисли со коментарот за Др.Пеев. Имаш слушнато/видено за лоши операции кај него? Треба да ми се скрати носот, врвот да се корегира.

    Има некој кај Др.Пеев оперирано врв на нос? За грпка сите коментари се позитивни за докторот, за врв не прочитав коментар, а најспецифично е.
     
    Последна измена од модератор: 8 јануари 2020
  10. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, прочитав нешто од нешто ама изгледа стварно нигде не се спомнува доктор Смиља или така ми се чини?
     
  11. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Дечки знае ли некој воопшто во Македонија да СМАЛУВА нос, значи видов дека сите само кршат гепка а носот пак долг останува, катастрофа. И дали знае некој каде може да најдам слики од носеви од Пеев?

    Еве пример за само скршена грпка, боже па затоа ли се дава 1000-2000еу, најјако е што сите сте презадоволни, ќе најдам некои слики од турција што прават па да видите што значи "Корекција на нос"

    Само ова важи за корекција на нос, кршење па потоа смалување и обликување се друго е аматерски. Јас би западнала уште толку во депресија
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена од модератор: 10 јануари 2020
    На soffce, Trxmx, fina erika и 2 други им се допаѓа ова.
  12. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Убаво си пишува: добив природен нос кој одговара на моето лице.

    Естетскиот дел на операцијата, барем кај Стоименов е одлука и желба на самиот пациент.
    Јас самата одлучив дали ќе ја менувам големината и дали ќе го подигам врвот. Затоа имаш консултативни прегледи каде ти објаснуваат што може и што не може да се среди во твојот случај и каков би бил исходот. За да не биде после ама сеа мал ми е, краток ми е носов, не ми стои на фацава.
    Имам видено катастрофални носеви смалени до минимум ала Мајкл Џексон а глава онолкава, коцкест облик на лице, долга брада, асиметрија, и воопшто не изгледа убаво како скроз друга личност.
    Некој одлучува да си ја задржи автентичноста како девојкава погоре и да не се познава дека е сработен само средниот дел односно да ја корегира само грпката како би се подобрил изгледот на профилот.

    По мое мислење, најдобри се тие доктори кои работат естетски операции без разлика дали е тоа нос, усни, гради, каде што нема пренагласена промена на изгледот која се забележува на прв поглед.
    Најлесно е да изделкаш нос, да напуниш уста со безброј ампули хијалурон и да закачиш силикони као балони кои не одговараат на градба на тело. Како под калап сите да се правени.
     
    Последна измена: 10 јануари 2020
    На fina erika, LiliBoz и jeliz им се допаѓа ова.
  13. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Ако се ваквите носеви желба на пациентите во ред е, но мене ми беше зборот дека кај ниту еден доктор сеуште не сум видела слики во архива да смалува и стеснува носеви туку само кршат грпка и ај чао. На пример јас имам страшни комплекси и очајно барам доктор кој може да ми ја скрши грбката плус намали носот. Значи нешто како на сликите што ги ставив, бев и кај Даскалов и тој не смалува носеви ми остана уште кај Пеев да одам да побарам слики пред потоа. Крајно сум разочарена ми се плаче.
     
  14. Bojana890

    Bojana890 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски

    Пиши ни импресии од Пеев обавезно. :)
     
    На honeyboooo0 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dimkovski

    Dimkovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Јас 3 години веќе се мачам со оваа работа.

    Реалност е дека има многу лажни мислења и доктори кои се фалат, па и луѓе кои наседнале.

    Но има и вистински луѓе кои поминале низ сето тоа и потполно ќе ве разберат. Дел од нив се отвараат и праќаат слики и можеш стварно убав разговор да си направиш и за се да ги прашаш. Барајте им слики и фејсбук.

    Ќе се обидам да го скратам текстов. Имав многу повеќе за кажување

    Поминав неколку доктори. Започнав со Јакимовска и завршив со Пеев. Со сите тие се имам видено барем 2 пати, а со некои и 3-4 пати.

    Моите согледувања се вакви.

    Др.Даскалов Не сум бил, но по добра анализа и добиени пораки од членки со слики( и фејсбук каде детално ми објаснија за грешките) разбрав дека Даскалов тука го фалат/ или самиот се фали тука. Мислам дека стои и зад критики за некои доктори кои се поевтини.

    Др. Јакимовска е добра личност и нема да ве превари. Сепак докторката самата ми кажа. Не сум тоа што пишуваат за мене. Може да те утнам. За естетика не ја препорачувам. За дишење да.

    Др. Никица
    Воена болница ми бараше пари да ме оперира порано. Незгодно и падна и на сестрата.
    Ова е спротивно на правилата и нормите . Не постои приоритетна листа во воена, тоа кај Добри немаше шанси

    Др. Пеев е доктор кој некако од разговор ќе ве убеди дека си ја знае работата и ќе ви влее доверба
    За кратко ќе каже ова е тоа што ќе се корегира.
    Мене единствено ми сметаше тоа што разговорот тогаш се одвиваше во амбуланта покрај уште 2-3 луѓе сестри. Малку непристојно.

    Тогаш решив дека кај него ќе правам, ама ми испадна еден проблем на снимката која ми даде да ја правам.

    И оставивме да го средам проблемот и да дојдам. Искрено јас добив доверба во докторот
    Сакав да си го средам проблемот кој го имав и потоа да одам да се оперирам.

    Така помина доста период и вторпат отидов летово. Со оглед на тоа дека за мои услови операцијата е прилично скапа Имав дилеми дали Пеев или сепак да си одам кај Добри Стоименов, ама искрено се изморив од одење и повторно чекање и сакав брзо да завршам па решив ќе платам и ќе одам кај Пеев.

    -Исто предност ми беше кај Пеев што е еден од ретките кај нас што операцијата ја прави од отворен тип.па ми беше некако посигурно за естетика.

    Така откако го решив проблемот отидов по 2 пат да закажам
    И овој пат истото како и претходно. Бев кај Пеев, а пред вас луѓе.
    Ми кажа овојпат дека треба да се крши коската, и се некако се одвиваше брзо.

    Од тогаш добив и слики од една членка која ми даде facebook, па си реков ај да видам.
    Според мене нема нешто посебно. Но сликите се реални.
    Може девојката сакала така, па така и се договориле. Таа е презадоволна.
    Кај мене реално има доста за средување, па би очекувал доста.

    Реално турциве многу пати користат и софтвери за намалување па не се баш секогаш веродостојни. Јужна Кореа и Гангнам градот се експерти кои чуда прават.
    Но цената е премногу висока.

    Сметам дека пластична хиругрија прави доста операции, докториве не се некои аматери и немаат лажни членови за да прават реклама. Мислам дека и од странство доаѓаат луѓе поради понискиве цени кај нас.
    И државата изгледа разбра дека Естетска доста пари прави, па тој одел е еден од ретките што го реновираше оваа влада.

    Јас сметам дека треба да отидете на разговор и да си направите муабет со докторот.
    Но не одите ако неможете да ги соберете парите. Сепак за многу луѓе како и мене тоа не се малку пари.

    Од разговор ќе сватите дека докторот се разбира, и според мене предност е што ги прави со отворен тип на операција што значи дека има увид во работата и треба да се очекуваат убави резултати.
    Друга предност е што брзо се договара и брзо се завршува со операција на пластична. Да завршите за 7-10 дена работа е супер.
    Има мани како тоа што не се врши проверка на неколку работи како срце, ама таа може да си ја направите и дополнително вие.

    Денес поинаку гледам на работите. Само ќе кажам немојте да го зимате секое мислење за точно. МНогумина особено со едно мислење, и фалба на доктори не се реални. Земете ги за точни и нека ви бидат приоритет оние кои ќе ви дадат фејсбук и се среќни со тоа што го завршиле.

    На крај морам да кажам дека сега кога ќе се навратам, многу ми криво што не ја направив операцијата кај др. Добри.

    Два пати бев кај него и сега кога ќе се навратам, на тоа како се одвиваа работите и токму чудниот момент во кој ме повика сестра Каролина за операција. Многу се каам и ми е криво.
     
    Последна измена: 13 јануари 2020
    На soffce, fina erika, dc15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Знае Пеев да смалува или ? Може слики пред потоа овде или во инбокс? :)

    @Dimkovski мислам нема што да жалиш за др. Стоименов види кај девојката, ист долг нос како порано само грпката скршена 0 работа завршено.
     

    Прикачени фајлови:

    • nos.jpg
      nos.jpg
      Големина на фајлот:
      63,9 KB
      Прегледи:
      195
    Последна измена од модератор: 13 јануари 2020
  17. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    309
    Пол:
    Женски
    Здраво драги феминки,

    Одамна не сум влегла на форумската тема, ама уште не сум си го решила проблемот. Пред повеќе од четири години ,требаше да правам операција на уво, грло, нос, кај доктор Јане Неткоски...долго размислував, правев секакви анализи и што ли уште не и таман се охрабрив, но термин за операција не дочекав. Човекот нешто го суспендираа не одеше на работа...ме препратија кај друга докторка таму не отидов. Во меѓувреме останав бремена и операцијата се одложи за втор план...Сега читам се смениле работите. Гледам нема асален доктор за операција. Од читаното не разбрав, кој лекар е добар?Јас бев на мисла да одам до Систина, чисто на еден предглед, ама гледам само еден лекар има таму, некој Илија Мостров, дали некоја имала искуство со него? Јас сакав еден консултативен преглед да направам , ама ете ме јаде мисла....Не знам дали да закажувам дали да се дробам до таму. А во мојот случај не е доволен само рино-пластичар, туку треба во консултација со лекар од областа на орл, затоа што имам внатрешна девијација, затнати носни канали и плус хроничен синуситис. Ако некоја девојка имала слично искуство или била во Систина нека ми пише коментар или ЛП.Или пак дајте некој предлог, но Неткоски отпаѓа слушам не си ја работи работата како што треба.У суштина отпаѓа и Државна болница, т.е клиника....Зошто после породувањето можам книга да напишам за односот, за немање сестри, за хигиена, за однос кон пациенти, големо разочарување, голема нула....
    Ви благодарам, убав ден :)
     
  18. БАЈКА

    БАЈКА Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2018
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Јас пред две години правев операција на носот во Воена Болница.Цел живот имам комплекс од тој нос,бидејки е предолг.Немав проблем со искривена грпка,и муабетот беше дека носот навистина треба да се скрати!Бев пресреќна,мислејќи дека конечно ке го решам проблемот со носот!Чекав два три месеца да дојдам на ред,дојде време за операција,помина и постоперативниот период, мојот нос остана ист!Како да не сум правела ништо!Многу големо разочарување!Не можам да опишам.Џабе се измалтретирав.Појдов да се консултирам со докторот,но по муабетот ми стана јасно дека едноставно толку е капацитетот.Прават корекции на носна пирамида или грпка и толку.Зашто никој тоа не ми го спомна пред да се оперирам?!Убаво помнам дека сите што беа присутни во просторијата кога бев на преглед,констатираа дека носот навистина треба да се скрати!Како и да е разочарувањето останува!За момент помислив дека и јас ќе имам убав нос.Но на крајот на краиштата пак за тиа пари толку!Но и не мора тоа да биде така...
     
  19. Anchi82

    Anchi82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    А од резултатот задоволен си? Знае ли Пеев да смалува?
     
  20. Dimkovski

    Dimkovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2020
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Jaс немам правено. Ќе правам кај Пеев ако ги соберам парите.

    Сликите особено со камера каде се сликале самите пациенти можат многу пати да те прелажат. Со девојката имам разговарано и други слики видено бидејќи ми даде фејсбук. Многу грешиш.
    Промени има огромни.
    Презадоволна е, и одлично и стои на лицето. Она што си го посакувала си го добила и баш е среќна.
    Навистина ми е драго и се радувам за неа. Не се опишува чуството кога некој е сменет и весел.

    За др. Добри ми е криво бидејќи нажалост е веќе починат. Бог да го прости,

    Кога ќе се навратам назад сфаќам дека голем професионалец беше и желбата да помогне му беше мотив.
    Пример за тоа како треба да биде еден доктор

    Јас немам правено.
    Ќе ти кажам само дека на погрешен начин бараш инфорамции.
    Замисли да бев лажен профил кој фали доктор ќе ти кажев сега одличен е. И уште 4-5 члена наеднаш одличен е. И ти ќе отидеш.

    Ако сакате да добиете вистинска информација , земете ги за веродостојни само оние членови кои ќе ви дадат фејсбук или пак можете лично да ги видите, или истражете ама не вака од коментари. Така ќе се уверите во резултатот и дали ви се допаѓа.

    Една слика ставена тука на форумот не е многу веродостојна од 2 причини
    Прва е можноста аголот на сликање помеѓу before and after да е различен и да ве измами, особено ако пациентот се сликал сам.
    Втора причина е сликата која ќе ја стават да е лажна како што има тука неколку.

    Зашто е погрешно собирање искуства од коментари?
    Па вратете на почетокот на темата и ќе видите дека во почетокот имаше фалби за еден доктор, па за друг, па за трет.
    Се почна со Фродита Јакимовска , па потоа Јане па Никица па Даскалов итн.
    Одеднаш докториве наеднаш стануваат популарни. Но кога отидов кај Јакимовска и видов неколку пациенти разбрав дека тука коментарите се лага. Докторката е јак оториноларинголог и доктор, но не за естетика.

    Следува разочарување на некоја што тука прочитала и веќе направила. И тогаш одеднаш се фали некој друг доктор од истата клиника.

    Овојпат Јане чуда прави, златни раце.
    Јас немав прилика да отидам кај него, бидејќи ми помина терминот. Но ете членовите кажаа како поминале. Второ тие членови кои навидум правеле, а ги имаше многу никој не даваше фејсбук кога им барав (оправдување им беше дека го изгасиле фејсбукот) .

    Јас и денес сметам дека докториве не се рекламирале тука и ако размислам логички ќе дојдам до одговорот. Но да скратам.

    Потоа стана популарен Даскалов. Овде е малку поинаку работава. Тој за разлика од другиве доктори е приватен. Нема работа и си седи по форуми. Наеднаш има 3-4 коментари, докторот е топ, треба да се плати ама стварно е супер. А тој катастрофа. Самиот си пишува тука. Наседнале членки и пишуваат дека и за уши ги промашил.

    Па се чудам како и Никица беше фалена. Таа ајдук невиден.

    Затоа викам дека чудни сте ми женскиве.
    Не купувате крема или пудра па да собирате искуства од број на коментари. Еве 5 коментарчиња позитвни и ќе одам кај докторот.:!:
    Барајте слики, фејсбук од членови кои правеле или пак помачете се малку и истражете сами за слики на интернет.

    Еве бидејќи ми побара слики од Пеев. Тие се извадени од Интервју каде гостувал.
    И други доктори од "пластична хирургија" често гостуваат и може да се најдат слики пред-потоа.
    Докториве не ставаат туѓи слики. Ова е што можат одприлика.

    [​IMG]
     
    Последна измена од модератор: 15 јануари 2020