Здраво девојки.Ги имам прочитано сите страни во врска со оваа тема .И редовно ги следам вашите разговори.Веке долго време размислувам за операција на носот.Искрено мене не ми смета толку иако е прилично голем , сепак за ваков чекор се одлучив заради мајками.Може нема да ви делува искрено но сепак е точно.Сакам да се гордее со мене како со брат ми јас сум грдото дете и само заради тоа не сум го добила потребното внимание и љубовта на мајка ми .Во почетокот нетковски бил херојот а сега игор.Се информирав за цената и ми рекле дека се движи од 1000 евра па на горе.Во почетокот била 300 евра дали се уште има кај некои доктори таква цена.Ви благодарам однапред.
кога отвараат клиникиве бе 3 ебени месеци чекам да се оперирам една обична сезонска настинка го бутна цел свет
Сите ние еве се нервираме,сите сме во неизвесност,јас едвај чекам да се оперирам...со еден корона вирус животот ни се промени на сите,меѓутоа имам јас инфо дека би требало да стартуваат со работа од јуни,ништо не е сигурно,само претпоставка од други. Кога веќе станува збор за корона вирус,зошто тогаш приватни болници како Др.Даскалов кој што оперира во РеМедика,бара 121 илјади денари за операција на нос и тоа веднаш ве оперира за време на кризава што е ....немам зборови..ако постои корона вирус што тогаш не прекинат да работат и приватните болници?Не,тие работат само парите да ни ги земат,само за оние хитни случаи што неможат да чекаат во државна болница!
Ако ти се чувствуваш убаво таква каква што си нема потреба од корекции. Мајките треба да ги сакаат и ценат своите деца поради нивната душа а не поради нивниот изглед.
Сакам некој да ми каже дали се имат напраено нехируршка корекција на носот кај Promoitalia anti aging center во Скопје и дали сте задоволни?
кај го најде ти центаров од толку споменати клиники/амбуланти на целиов форум? кажи си подобро доктор кој ќе го прави зафатот место вака цел центар.
Се лажеш ако мислиш дека не те сака само затоа што имаш голем нос. Ако мајка ти се гордее со брат ти, а не со тебе тоа е затоа што не е добра мајка, а не заради нешто толку неважно како што е облик на нос.
Зборувам за нехируршка корекција на носот а не хируршка. Значи прашувам дали некој се имат напраено нехируршка корекција на носот кај тие на таа слика што ти пратив сега а не да се смееш, јас барам мислење и од искуство и да споделуваме... Толку
https://instagram.com/dr.muratustundag.europe?igshid=sd9gbgvm4k3a Овој ли е тој во Турција што сите го зборат? Има ли некој повеќе инфо?
Фала ви piksooki i mantub.Дали некој има искуство со др.Раде Ф. Повекето имаат кај него корегирано грпка ,дали на некој има корегирано широк нос? Јас лично такво искуство немам .Но на yt има како се врши тоа .И викаат дека е безболно.
денес се јАВИВ НА ПЛАСТИЧНА ХИТУРГЈА НЕМА ДА ПРАВАТ ОПЕРАЦИИ ВО ЈУНИ И НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ќЕ ПОЧНАТ АКО ЧЕКАШ ЗА НОС НЕМА ДА ОПЕРИРААТ ДО СПТЕМВРИ НЕ БИЛО ДОБРО ДА СЕ ОПЕРИРА ВО ТОПЛО ВРЕМЕ ЈАС СУМ КРАЈНО РАЗОЧАРАНА ЧЕКАМ ОД ФЕВРУАРИ КАЈ ПЕЕВ РАДИ СИТУАЦИЈАВА НИШТО МОжЕБИ ќЕ ОДАМ КАЈ ДАСКАЛОВ НЕ МОжАМ ДА ЧЕКАМ ПОВЕЌЕ
ВЕ МОЛАМ ПИШЕТЕ МИ ИСКРЕНИ ИСКУСТВА ЗА ДАСКАЛОВ ЗА КОРЕКЦИЈА НА НОС И ДЛИ ИМА ДРУГ ПЛСТИЧЕН ХИРУРГ ВО РЕМЕДИКА
Да читав наназад,ама не знам какви носеви праи не сакам прчест многу да ми го напраи или како Волдеморд без нос да бидам.