Здраво. Заинтересирана сум за корекција на нос не само од естетски причини туку и од здравствен аспект бидејќи имам девијација. Дали некој има искуство со Санте Плус бидејќи тие ги испраќаат пациентите во Турција и дали има некој искуство во Оне Хоспитал со Др. Илкер Манавбаши? Ви благодарам.
Дали некој има информација кога ќе почнат со операции Пластична хирургија и дали повторно ќе се прават списоци на чекање или се продолжува со закажани операции онаму каде што се застана пред Коронава??
Zdravo decki,dali mozhe nekoj da mi kazhe iskustvo za rinoplastika kaj Dr.Daskalov? Pozz pishete mi vo poraka
И мене ме интересира дали некоја има правено корекција со филери и дали откако ќе помине ефектот неопходно е повторно да се инјектира филер или не?
Мислев пример дали мора ако еднаш се стави филер потоа цел живот да се става? Немам некој страшен проблем со носот, ама еве пример сакам еднаш да пробам и потоа веќе никогаш да не ставам, ама не знам дали функционира така
Мора цел живот да ставаш во случај да ти се допадне ефектот. Ако не, носот ќе ти се врати во првобитна состојба, и нема потреба пак да ставаш. Пробај, нема да се покаеш. Сум гледала добри резултати.
Дали некој од вас стапил во контакт со др.Пеев деновиве и дали има некој информација дали почна со работа.Исто така ме интересира за Турскиот д-р Чагри Саде што доага во Скопје во Неуромедика и тука ги врши интервенциите дали има некој информација за стручноста а и цените за операција на нос,естетска, плус девијација колку чини во Неуромедика.
Здраво. Имам отежнато дишење преку нос(во десната носна празнина имам некаков израсток кој што е тврд) и неможам да дишам преку нос. Заинтересиран сум за естетска операција и од здравствени причини а и поради формата. Во Санте Плус гледам сегаа имаат некаков попуст. Некој ако има искуство што правел операција таму како е задоволен и колку време се леже во болница и колку се наплака за тоа. Исто и некој ако има искуство и во државните болници колку чини таму колку време се леже во болница и цената? Ви благодарам.
Здраво, дали имате информација дали почнаа со операции во Клиника кај Д-р Јане Нетковски или само итни случаи?
Здраво, како може да се закаже за корекција на нос? Дали преку телефон или мора лично? И колку се чека за операцијата?
Во Санте Плус цената е 1000 евра за естетската и +200 евра за дишењето.Операциите ги извршуваат во истоимената болница во Истанбул,Турција.Таму се останува 4 дена во болница.Само патот се плаќа плус а другото се ти е во тие 1200 евра,јадење,спиење, со тоа што можеш да си носиш придружба (ништо не плаќа придружбата,само превоз).За тие 4 дена имаш обезбедено и преведувач на мајчин јазик.Болницата во Истанбул одговара за квалитетот на услугата.Таква информација добив кога се јавив во Санте Плус.
Здраво. Заинтересиран сум за естетска операција и од здравствени причини а и поради формата. Па по вашите коментари се одлучив да се консултирам со Др. Пеев па ако може да ве замолам да ми кажете како да го исконтакирам ? Фала поздрав