Побарав ваква тема на форумов и ненајдов можеби е прерано за Македонија но по српскиве форуми доста пишуваат за козметиката од корејски брендови со похвални зборови, а кој гледам ги има и на e Bay , Посебно внимание обрнуваат на козметиката за нега и исхрана на кожата , особено на маските за лице кој се пристапни и не се скапи , има и од популарните креми со екстарат од полжав и сл не е чудо што на корејките лицата им се стакло . Темава ја отворив да видам има ли некој искуство со оваа козметика , кој бренд и дали е задоволен и од кај набавил.
Мене ме интересира една маска за црнки , дали можеби некоја ја има пробано? Имам доста на носот и со ленти имам пробано но немаше успех. Исто и со парење на лицето , па ги стискав и ништо. За оваа поточно станува збор
Tочно за вакви работи пишуваа по српските форуми и ги фалеа немам ни јас пробано но сакам , ги гледав на e bay . Еве неколку такви статии статија http://www.sminkerica.com/ostalo/japan-haul/ https://www.facebook.com/hashtag/korejskakozmetika?source=feed_text&story_id=10154394372417836 http://budiin.24sata.hr/beauty/svi-su-ludi-za-korejskom-kozmetikom-5832
Ова е кинеско. Она со што не можете да утнете со корејската козметика се бб кремите. Имаат разно разни со одлична покривност и висок заштитен фактор од сонце. Почесто знаат и да бидат мрснички, оти на корејките изгледа им се допаѓа да им сјае лицето, ама па и имаат убав ефект на измазнување на кожата. И најчесто нијансите им се на посветлата страна, така да ако тенот ви е потемен тешко е да се најде соодветна нијанса. За кремите за лице, против брчки и слично, немам пробано. Имаат феноменални маски за лице, а особено ми се допаѓаат оние sleeping mask/pack, си ставаш на лице како крема и сабајле само се миеш. Одличен ефект имаат за инста освежување, лицето стварно убаво изгледа уште рано рано од сабајле А да не зборам за ептен кјут пакувањата, махери се. И на кјут и на луксузната страна, едноставно си викаш мора да го имам ова Имам нарачувано по нешто од Кореја, ако ве интересира нешто конкретно прашајте може баш тоа го имам
За маскава конкретно, братучедка ми ја користеше пошто живее во Манила, и баш пред некоја недела ми се жалеше дека уште повеќе ги натрупува порите и и излегоа 13 големи болни и воспалени акни, она и самата се преплаши пошто таа никогаш немаше оние акни, туку само неколку црнки на носот и во предел на образите, нормално кому како, ама можат да настанат и непосакувани реакции.
Не сум пробала нити читала за ваков тип на маски искрено, не верувам дека постои некоја ептен неверојатна што ќе направи чуда За црнките меѓу најпродаваните артикли од сајтот каде нарачував, а фален и од многу бјути блогери е Cosrx BHA blackhead power liquid. Cosrx е името на брендот. Јас го имам, ама најискрено ни до пола не ми е потрошен. Не од што не го бива, туку зашто го заборавив :/ Правев третман на лице пред кој не требаше да користам бха производ, и од тогаш го заборавив :/ Затоа не можам да кажам за резултат на подолгорочно. Производот е стварно нежен, тоа што го приметив кај повеќето нивни работи, многу ретка употреба на алкохол без разлика дали е лосион или тоник или било какви средства за чистење, стварно нежни на кожата и не ја иритираат. Мислам стварно е супер да видиш еден куп шминка на памукче за чистење лице без тоа да те пецка од некој состав лол. Редно време е пак да го почнам Ова е тоа Ако некогаш се мислите за некој производ, земете си семплови прво, ама па за одредени работи за кои треба подолг период за резултат пак ќе мора да купите цело пакување. Побарај инфо на нет за овој производ, јас се изначитав милион позитивни коментари пред да го нарачам
@koritsaki Јас ја имав маската. Не вади толку како што е прикажано на сликите. Пробував и со парење на лицето но не бев нешто wow задоволна. Има друга негативн страна. После неколку пати ставање како да почнуваше да ме пржи лицето (а имам доста осетливо лице) и ја фрлив полуполна од страв да не ми искомплицира нешто.
Извини доцна ти одговарам, на одмор бев :/ Имам нарачувано од неколку места, но најмногу од jolse.com. Имаше бесплатна испорака со бројче за пратење и стигаа стварите за точно две недели. Ама сега има некои измени, претходниот пат кога нарачав немаше бројче за пратење со бесплатна испорака, ако сакаш бројче мораше 2,5долари плус (а јас не заприметив и не доплатив) и пратката ми стигна после еден месец :/ Во секој случај супер ми се, одговараат на секое прашање, а со секоја пратка праќаат повеќе примероци од други производи
Имам користено неколку производи кои ги нарачав од Yesstyle.com има бесплатна достава над 35$ и носат до Македонија. Причината зошто се заинтересиав за корејски производи е бидејќи видов многу познати youtubers како ги користат и почнав да истражувам и веќе една година како користам неколку производи. Сама решив да пробам неколку производи за грижа на кожа па дури и нешто од козметиката која ја нудат. Има огромен избор и навистина голем дел од работите се ефикасни и добри само штета што ги нема тука Имам користено Skinfood Black Sugar Mask Wash Off Exfoliator ( http://www.yesstyle.com/en/skinfood...100g/info.html/pid.1050705516?cpid=1050705515). Мирисот го обожавам, мириса на лимони и се нанесува на лицето во кружни движења и потоа се остава 10 минути. Врши ексфолијација на кожата односно ги трга мртвите клетки од кожата и ја прави мека и мазна. Ја користев еднаш до два пати неделно, и ми траеше многу долго едно вакво кантиче. Ја имам користено истата маска но со јагоди и друга со ориз ( http://www.yesstyle.com/en/skinfood...100g/info.html/pid.1050705521?cpid=1050705520 ) ( http://www.yesstyle.com/en/skinfood...100g/info.html/pid.1050664961?cpid=1050664960) Таа со јагода мириса многу поубаво и мислам дека повеќе би годела на некој со сува кожа бидејќи гранулите за ексфолијација не се толку груби како во таа со кафеав шеќер, се користи исто како и претходната маска. Таа со ориз не врши никаква ексфолијација туку е повеќе наменета за омекнување,смирување и осветлување на кожата. Skinfood е познат бренд во Кореа бидејќи во производите користи храна во своите производи и се природни. Исто така имам користено и маска за лице со глина ( http://www.yesstyle.com/en/innisfre...00ml/info.html/pid.1052939900?cpid=1052939899 ) од брендот Innisfree чии продукти се вегански и не тестираат на животни. Маскава е одлична бидејќи ги чисти порите и го вади вишокот себум од кожата. Одлична е ако имате акни, црнки и ако кожата ви е мрсна или комбинирана. Од Innisfree имам користено и пена за чистење на кожа од зелен чај ( http://www.yesstyle.com/en/innisfre...50ml/info.html/pid.1056737524?cpid=1056737523 ). Во корејската така наречена 'рутина за грижа на кожа' има многу чекори од кој првиот е масло за чистење на кожата кое ја остранува шминката целосно и ги чисти подлабоките слоеви на кожата. Потоа следи гел или пена за чистење на кожата која трга траги од маслото за чистење на кожата, шминка која можеби останала и не се исчистила и го чистат најгорниот слој на кожата. Потоа следат тонерите, кои ја неутрализираат PH вредноста на кожата, ја хидратираат кожата и ја подготвуваат за следните чекори за да можат продуктите подобро да впиат. После тонерот се користи така наречен essence или серум. Има различни и секој таргетира различни проблеми на кожата. Некои таргетираат проблеми со акни, мрсна кожа и вишок себум, некои се за хидратација и за омекнување што ги прави одлични за луѓе со сува кожа, други пак се за против стареење и брчки а некои пак се за смирување на кожата. Откако се нанесува серумот нежно се тапка на кожата за да впие. После се става крема за очи но не е задолжителна. После тоа се става крема како завршен чекор. Многу луѓе користат и SPF креми за заштита од сонцето во текот на денот без разлика дали има сонце или дали е зима или лето. Ја имам испробано оваа крема http://www.yesstyle.com/en/innisfre...50ml/info.html/pid.1038615820?cpid=1038615819 и беше одлична за мојата сува кожа, ја правеше многу мазна и мека. Имам користено и така наречени sheet masks кои се користат во корејската рутина за кожа неколку пати неделно. Има многу различни видови и секои таргетираат различни проблеми. Приметив дека и во ДМ донеле едни вакви но не ми се допаѓаат тие од тој бренд колку други што ги имам пробано. Ги имам пробано овие http://www.yesstyle.com/en/the-face...eet-13-types-1-sheet/info.html/pid.1054812729. Конкретно ги имам испробано тие од боровинка, маслинки и алое вера. Многу се добри и ми ја прават кожата да свети и да изгледа поздраво. Од козметика имам пробано компактна течна пудра од Innisfree ( http://www.yesstyle.com/en/innisfre...cial-set-with-refill/info.html/pid.1056981762 ) која е наменета за луѓе со сува кожа. Покриваше доста црвенило и флеки на мојата кожа. Даваше прекрасен сјај ама освен ако немате екстремно сува кожа како мене може да не годи пудрата бидејќи може да изгледа како да ви е мрсна кожата. Во скоро време планирам да нарачам и други работи и ќе пишам повторно за да ви кажам што ново сум пробала и дали ми годело на мене Имам истражувано многу конкретно за овој продукт бидејќи и јас исто така имам слушано многу за него. Би ти препорачала да го ставаш навечер бидејќи ако го ставаш во текот на денот и потоа излезеш надвор , сонцето може да влијае негативно на овој продукт бидејќи содржи Бетаин салицилат како една од главните компоненти и кога кожата на неа ја има оваа состојка и се изложува на сонце може да синтетизира и да има обратен ефект од оној кој што сакаш да го постигнеш и може да направи флеки на кожата и да не функционира правилно. Затоа ако го користиш наутро користи SPF крема (крема за сончање) за лице со висок фактор.
За корејската козметика е најважно да се прати рутината. Јас ја следам оваа блогерка http://www.snowwhiteandtheasianpear.com/2015/04/multi-step-korean-skincare-routine.html Нарачав доста производи најчесто преку ибеј но и преку yesstyle.и многу од нив содржат екстракти од полжав и јас сум презадоволна ,стварно многу е подобра од врвни западни козметички линии,а за ефтините кои ги продава дм да не зборувам. Дуплото чистење на лице ,масовна хидратизација преку разни серуми,есенции и тоници и самата рутина дава резултат одма,само да се следат правилно чекорите. Инаку имам препорака за два три проверени сејлери на ибеј од кои пратките стигаат многу брзо,за една недела,и секогаш праќаат тестери гратис.
Може ли да ги пишеш тие брендови? Можеби касно го гледам мислењето, ама моментално сум занесена по корејската козметика па ме интересира.
- Aha/Bha тонер -COSRX Galactomyces 95 Whitening Power Essence а можеш и BHa тонерот ако имаш црнки Corsx ноќната маска со ориз. Се е супер од оваа фирма,само да видиш што ти е потребно.
@Cosmi Фала ти, гледав некои креми па ке видам за што ке се одлучам. Читајќи те и по нет што читав не верувам дека ке е утка.
Во ГТЦ до МАНГО се отвара продавница за корејска козметика,дали можеби некој ја посетил,какви цени имаат?