@rainbowec фала ти имаш др пат порачувано од SKinaholics? Зошто вака немаат доста производи, а на нивниот инстаграм гледам порано имале повеќе брендови. Порачав тонер, стикот за лице со спф и кремата за лице сите од skin1004.
Прв пат нарачувам од нив, највеќе заради попустот што го имаа на SKIN1004 конкретно за спф стикот. Нигде на друго место немав видено 50% попуст па начекав. Инаку да, не знам што се случи ама извесно време имаат доста ограничен број на брендови, многу повеќе беа.
Девојки како сте задоволни од корејски креми за лице во есен/зима? Во овој период решив да се префрлам на корески креми за поголема хидратација затоа што кожата ми се суши во текот на зимата, но кај мене имаше спротивен ефект. Кожата почна да станува затегната и да се иритира особено после двојно чистење. Во текот на денот, 2-3 часа после нанесувањето на спф кремот кожата на лицето имаше леплив и сјаен слој.
Сум ги користела Haruharu wonder black rice spf 50 за лето е ок, во зима ме суши. Skin 1004 Madagascar centella за навечер, самостојно ме суши, во комбинација со богат крем со липиди, масла и восоци дава хидратација. Eyenlip zero cloud sun control base spf 50 знам дека е прајмер, ме суши и ако пред него нанесам крем. Mary & may vegan cica soothing sun cream spf 50, сега го користам, но комбинација со богат крем.
Препорака за за некоја пена/гел како втор чекор во double cleansing од coslovecosmetics или eloxy. Да не е агресивен, да нема чувство на затегање по миење а да чисти убаво.Имам чувствителна комбинирана кожа, помрсна т зона-нормален кон сув остатокот и склона кон акни.
Некоја да не има искуство од yesstyle со порачка над 100 евра? Како оди со царина, колкав процент се наплаќа?
Моментално ја користам Eyenlip ceramide rice cleansing foam од elloxy. Имам комбинирана кожа, со слаба бариера, не ме суши. После миење на лицето кожата ми крцка, знак дека е кожата е добро измиена.
Јас го користам од Mary & may интензивниот крем, презадоволна сум за овој период. Летниот период го користам тој со пептиди на Haruharu.
Задоволна сум од овие два Cosrx Hydrium Triple Hyaluronic Geek&Gorgeous Jelly Joker Спојлер Cosrx некако подобар ми беше, ама еден период долго време го немаше, па почнав да користам и истражувам други. Jelly Joker моментално го користам и исто ми се допаѓа.
Јас ја користев од истата линија, пената со јаболко и ми беше предобра и сега баш ја барав ама на страната гледам само од ориз и таа зелената ја имаат? :/
Ја почнав серијата на Centella. Засега лицето ми е многу меко и убаво се чувствувам. Ќе видиме за понатаму.
Има многу вакви прашања на форумов, ама ај ќе ти одговорам и тука: не се плаќа царина за нарачки од таа страница. Доколку ти наплатат - ја скенираш фактурата и ја праќаш и одма ти ги рефундираат средствата (ова е како гаранција од нивна страна, нема шанси да се деси да ти царинат).
Овој нема спф. Имам проблем со корејските дневни креми со спф. Тие ме сушат и ми ја прават осетлива бариерата на кожата.
Мислење за Medicube производите? Конкретно сакав да го пробам маслениот чистач и обичниот чистач од линијата zero pore
Имам доста производи од Medicube и сум задоволна. Посебно што ме изненади е серумот Medicube shot мислам дека така беше. На мојава кожа приметив разлика, како повеќе сјај да добив на лицево. Го користам моментално и витаминот Ц од нивната линија. Ноќната маска ми е одлична, си ја нарачав по втор пат. Сега сакам да им ги пробам тие pads што ги имаат. А би го пробала и маслениот чистач, иако долго време го користам и го земам маслениот чистач од Drunk Elephant