Мене ми е се топ од оваа фирма. Моментално користам SKIN1004 Hyalu-Cica Water-Fit Sun Serum 50+ PA++++ и ми е една од подобрите креми со заштитен фактор.
Се впива ли брзо навечер? Кремата да не ја имаш користено? Некој да не ка користи centellian хидратантната крема ? дали е погодна за комбинирана кожа
Маската се суши за некои 4-5 минути, зависи колкав слој ќе ставиш. Јас сум презадоволна и ја нарачувам цело време. Сега направив нарачка да го пробам нивниот серум со пептиди и маските. Medicube collagen jelly ја користам, не знам дали ми се допаѓа. Многу ми е леплива кога ќе ја ставам на лице и тоа ме нервира, е после тоа баш има ефект на хидрирано и сјајно лице.
Каде го има и колку му е цената?. Гледам многу ја купуваат, за што е конкретно, дали може замена за хидратантна крема?
Хм... Не знам, може е стварно нешто „уау“ ама, сепак, јас би ти рекол да не ги следиш многу интернет-трендовите. Од причина што често ми се покажало дека тренди-производите (козметика, храна, што и да е) се само маркетинг, и тоа е сѐ. Ова е и прилично скапа варијанта, барем за мене. Тоа ти се памукчиња-дискови натопени со состојки кои треба да ги чистат и минимизираат порите на лицето. Подобро купи си чистач за лице и некој серум или крема за намалување на пори. Пример, биодерма зелената линија е совршена за таа проблематика. Ова чисто мое мислење, не мора да значи дека сум во право.
Креми и серуми за намалување пори не постојат. Тоа се е маркетинг. Порите доволно е чисти да се оддржат а продукт што намалува пори нема.
Никако како замена за хидратантна крема. Овие се туфери натопени во киселина (млечна и салицилна) наменети за чистење пори. После нив секако ти треба барем некоја лесна хидратантна крема. Јас на пример лично овие не би ги купила, бидејќи не ми се допаѓа составот, имаат многу масла, непотребно според мене за кожа која лачи себум и е склона кон акни. Би зела серум/и со почист состав. А, ако ти треба совет за убава крема со добар состав, пиши каква кожа имаш.
Мислев крема е некоја, гледам од секаде ми излегува. Користам на Конопка и Лавера наизменично. Моментално ја користам на Конопка и супер ми е. Ти благодарам многу
Сега, да не идеме со научни истражувања за да се докажуваме, ама... Со самото тоа чистење (независно дали е крема или серум или што и да е) - визуелно се помали. Помалку видливи. Јас од сопствен пример кажувам. Користев зелена линија Биодерма и ми помогна во таа проблематика. Не е баш „сѐ маркетинг“.
Скапичок е јас го нарачав од нет тука кај што живеам некаде накај 25€ беше. Во мк не знам каде го има. Не се користи како замена за хидратантна крема повеќе е како пилинг. Јас имам сува кожа и доста агресивно ми влијаеше на лицето. Лицето следниот ден ми беше црвено. Дали јас многу притискав или самиот производ е таков не знам. Можеби за луѓе кои немаат дневна рутина еднаш неделно како пилинг би било океј ама мене не ми одговара баш… Пишува дека содржи состојки за одржување на бариера на кожата ама мене ми направи спротивно ми ја исуши уште толку кожата. Следен пат парите ќе ги дадам на професионални третмани.
Дали сте задоволни од производите на Medicube? Кремата розева со колаген дали е добра? Гледам многу ја фалат, дали вреди стварно? Маската е многу добра, лицето ми светеше како ботокс да сум ставала
Јас лично не сум задоволна. Таа крема конкретно ја немам користено други производи имам и мислам дека е само тик ток хајп. Како што беше и Олаплекс (катастрофа само пари се изнадавав за да ми падне цела коса) и Ordinary (исто џабе дадени пари среќа па не ја купив цела линија него само една-две тинктури).
Во право си, дали е до психа не знам, еве маската стварно вреди немам збор лицето како ми се стегна стварно како ботокс да сум ставала…е сега за други производи не знам, го гледав и оној серумот розев со пептиди што е има поделени мислења
Ако мислиш на оваа јас ја користев и веќе ја потрошив , добра е , за комбинирана масна кожа е супер. Не сум мн по гел кремите зошто ми се скоро секогаш лепливи, оваа е нешто погуста од гел. Од колаген маската розевата што е во туба не сум задоволна воопшто. Оваа е подобра и моментално ја користам
Јас се излажав видов исто добри препораки за medicube zero pore и пошто имам проширени пори го земав и прелошо искуство по првото користење имам. Не во врска со порите туку ми го исуши лицето пишував погоре за искуството.
Јас ја имам, мене ми е супер, многу убав сјај ми дава на лицето. Е леплива е малце, особено се забележува тоа оти ја користам како ноќен крем, па знае да ми се лепи лицето на перница, ама ефектот е добар, па го занемарувам тоа. А почесто навечер после миење лице со пена, ставам од Zero pore тонерот на Medicube, после тоа кремот на Eyenlip Multi Care Toner and Cream. Супер комбо ми е, наутро кожата ми е свежа. Двапати неделно ја користам poremizing маската со глина од Madagascar Centella, а наутро како серум под дневниот крем го користам poremizing серумот од истата линија. Факт е дека не ги намалуваат порите, таман работа, ама лицето е чисто и свежо. Што знам, мене ми се ок, ко за некој што користи претежно природна козметика, односно пазам на состојки, сепак решив да земам нешто и од овие. Овие немаат толку лош состав, некаде на средина се, па решив да ги земам, засега се ок. Ретиноли не сакам, секогаш предност ќе дадам на хијалурон, колаген и пептиди.