Па не мора да биде баш таа маска, која било друга лист-маска ќе заврши иста работа. Гелнава мене ми е убава, ама има и други. Најевтина е таа на Балеа со ретинол - 45 денари. И во Зегин има супер корејски маски за една употреба, од 60 денари нагоре идат цените. Ова за лист-маски посочувам примери, гелните се поскапи. Од Medicube порадо би ја купила маската во туба, таа што им беше вирална.
Серумот го користам 2 пати неделно, навечер, така ми се вклопува во рутината. Одлично ја хидрира кожата, го подобрува изгледот на кожата, ги измазнува фините линии и дава сјаен ефект. Серумот треба да се затвори со хидратантен крем. Сепак треба да се користи подолго време во континуитет, околу 4-5 недели за да се забележат ефектите. Би го препорачала кај сува кожа, дехидрирана кожа и кожа на која и се поребни липиди и хумектанти.
Јас сум опседната со кремава. И на мојот профил неколку пати сум објавила рецензија. Само што содржи ретинол и есенцијални масла. Па за користење најдобро навечер. А и за кожа сензитивна на есенцијални масла, треба да се тестира прво дали ќе одговара.Инаку е одлична за комбинирана кожа.Сега од yesstyle ја зедов и новата PDRN крема на истиот бренд, исто одлична.Се надевам помогнав ☺️
Ја гледав кремава пред скоро и баш ме влече ко за во ноќната рутина, ама се прашувам да не е премногу тешка за комбинирана кожа?
Како ова што ми се погоди за секој ден ништо ми се нема погодено. Таква свежина дава на лицето, покривна е и не е тешка. Совршенство.
Ќе оди ли некоја на саемот на корејска козметика во Сити Мол? Пишете импресии ако оди некоја од вас. Јас се мислам, ако има некои попусти би се прошетала да се почастам со нешто.
Јас сакав да одам и толку се зафатив со некои обврски викендов и изумив. Отиде ли ти, имаше ли попусти? Не знам дали сум на вистинското место ама ги има ли пробано некој Medicube маските за лице да сподели дали е хајпот реален или overrated? Неколку “инфлуенсерки” српски што следам, ептен ги испофалија, а малце се скапички. Секако би купила да пробам ама ме интересира искуство.
@bookslover, за жал не успеав да отидам. А баш сакав да искористам прилика да си докупам некои од серумите што ми се при крај, ама тоа е. Имаше некои попусти онлајн на Elloxy, разгледај дали сè уште траат. Не се сеќавам дали видов онлајн попуст и на Coslovemetics.
Јас со мрсна кожа ја користам и мене ми одговара. Најдобра, потврдувам! Од искуство со секакви други пробани.
Здраво, дали некој има нарачувано од Skinaholics? Сакам да нарачам, но се плаќа само со картичка и некако не ми е сигурно, да не ги дадам парите залудно.
Со месеци им стојат на залиха едни исти работи, а и ко да не се нешто многу активни на социјалните мрежи. Од Black Friday наваму немам видено ништо ново објавено од нив. Можеби не го ни ажурираат сајтот, којзнае. Пробај контактирај ги прво, ако имаат оставено број, мејл или нешто. И мене ми е ризик.
Јас порачав лани од нив , негде август месец. Имав порачано спф во стик , тонер и крема за лице од Skin 1004. Брзо ми стигнаа. И тестерчиња ми имаа ставено. Со картичка се плаќа инаку само.
Летоска нарачав СПФ стикот и вчера пак нарачав х2 зашто најефтин е моментално таму. Се уредно си стигна и плус имаше 2-3 тестерчиња.