Во Зегин K-Beauty денес има 25% попуст на цела козметика, слават прв роденден. Се врти и тркалце, може да си добиете гратис производ или некое подароче.
Мене искрено оваа козметика ич не ме привлекува, во Зегин не успеаа да ме излажат аптекарките досега , и покрај тоа што се упорни , јак карактер, нема што
Мене вчера... ме напнаа за серум од 1200 денари. Јас сакав само пудрата на orjena таа со перниче слична на TirTir, a они ко ме запнаа сметка над 1800 да направам за да добијам ташна за плажа мала, а па над 2500 голема ташна. Коа се мислев, мислев, стоевв и си дремев... и на крај кога реков сепак не земам, кога се налути аптекаркава, ме остави друг да ми наплаќа
Зимаат ама не на сите производи. Другарка работеше порано и ми имаше кажувано. Тие што ги увезува зегин, на тие имаат најмногу. Плус имаат процент на направен дневен промет.
Потврдувам, во Зегин вработени се напаст! Страшно напнуваат со нивни производи, тие што ги увезуваат, од козметика до суплементи. Неретко се случува, да те напнат за производ шо е сосема поразличен од то шо го бараш и тука сметам дека преминуваат граница.
И со лекови. Барам вентор, упорно Нимер ми дава, поефтин бил. Знам нимесулид, иста генерика. А за козметика најмногу земаат од корејската.
Дефинитивно зимаат процент работеше другарка во зегин и имаат одредени производи за кои зимаат бонуси на месечно ниво зависи колку ќе продадат . Затоа не им верувам кога ми нудат нешто а и последниот пат кога ми се запна таа за некој нови што донеле серуми и креми корејски си викам сигурно има процент инаку нема да е упорна.
https://elloxy.mk/produkt/eyenlip-ac-clear-toner-150ml/ Може ли овој тонер да се користи во бременост?
После неколку месеци користење корејска козметика, можам да кажам дека, од мое лично искуство, кај нив е се' агресивен и добар маркетинг. Длабински ефект за нега немаат воопшто. Барем кај мене така се покажа, само негативни ефекти добив од нив. Па една Балеа има поквалитетни производи од корејскиве, башка содржат состојки што се забранети во козметиката што се продава во ЕУ, и се прашувам дали воопшто се продаваат некаде таму. Кожата ми стана помрсна откако почнав да ги користам корејските производи, што всушност е резултат на дехидратација. Секако си ја испитав и со камера, тоа само ми потврди дека ми е дехидрирана, а претходно не ми беше таква. Се враќам на проверените производи од Мадара и Новексперт, вистина се поскапи од корејските, ама барем имаат ефект. Претпочитам квалитетна препаратива, а овие не се воопшто квалитетни.
@Annath кои се тие состојки што се забранети во ЕУ? Еве конкретно јас Medicube и Skin 1004 користам...
Искрено, гледав на Inci Beauty, ама не ми текнува за кои производи конкретно гледав. И кај одредени состојки имаше зошто се штетни и како флоскула дека се забранети во ЕУ. Ако најдам, ќе ги пишам, иначе и јас на Medicube и Skin 1004 имам производи.
Истото искуство го делам. На почетокот си реков ејј корејска козметика топ избор, ама кога седнав да читам и да гледам подетално состав на продуктите видов само колку ги вадат на карта добар маркетинг. Цените и рекламите си го прават своето. Не дека во целост корејската козметика е неквалитетна или лоша. Меѓутоа не делуваат нешто многу ефикасно или да ти направат чуда на кожата за тие цени и реклами. Единствено нешто од корејска козметика што ми одговара е само Cosrx aloe vera spf кремата. Лицето ми делувало многу посвежо и понегувано со продукти и од Balea и друга природна козметика што не е толку исхајпана, ама сепак со проверен и квалитетен состав. Сега сум ориентирана кон Gamarde, Jonzac, Alverde, Madara, брендови кои што имаат ефект и добар состав.
И јас купив многу корејски производи, но не сум нешто и воодушевена. Проблем некој не ми направиле, а шубе ми е некогаш од состојките И јас Medicube, Beauty of joseon ги користам..
Јас пак некои од корејскиве не би ги менувала воопшто. Секако детално ја анализирам секоја состојка пред да нарачам производ, и откако го правам ова, немам промашено производ. Не ми е доволно да видам дека е за мој тип кожа, или пак дека е вирален продукт. Имам специфична кожа, склона кон запушување пори, па веднаш увидувам дали некој продукт е за мене, или не.
+1 И јас исто мислам, а имам и исто искуство. Си ја знам кожата, знам што не ми треба и што не ми прија, па со малку research немам утнато ништо. Утки правев на почетокот можеби, додека сакав да пробам сè што ќе ми привлече внимание и ептен бев ориентирана на активни состојки. Сега веќе не. Презадоволна сум како ми изгледа кожата, тенот ми е рамномерен, кожата изгледа здраво и сјајно, тоа ми е најбитно.
Не сум користела нивни производи, ама имаат нешто подобар состав од повеќето корејски производи според моите истражувања. Ама не сум купила ништо од тој бренд, најверојатно и нема, барем засега.