Поминувал ли некој до Олпео да ги погледне асортиманот и цените на Cosrx? Од денес ги пуштиле во продажба ама уште ги немаа онлајн ставено за нарачка, ми треба Low Ph гелот за миење па ме интересира.
Еве линк од гелот, имаш и цена, само што моментално го нема на залиха. Пишаа на инста дека не очекувале толкава побарувачка, но ќе стигне нова пратка за 2 недели. Инаку цената е за околу 200 денари повисока него да го порачаш од yesstyle. https://olpeo.mk/product/cosrx-low-ph-good-morning-gel-cleanser/
Корејската козметика има некои супер производи, но многу производи се провлекуваат со помош на репутацијата дека се корејски. Не значи дека нешто ако е made in Korea мора да е добро со сигурност. Како и конвенционалните брендови од западот, така и со овие производи треба да се внимава и избира внимателно.
Дечки, ја има ли некој Purito Sea Buckthorn Vital 70 кремата, да ми го сликне составот? На Skinaholics.mk и Purito.mk е сосема различен од оној на Yesstyle.com.
Да споделам едно искуство. Претходно порачував од Yesstyle ама годинава како престанаа да доставуваат кај нас, почнав да барам и други страни. Сите што претходно имаа достава за Македонија сега немаа, освен testerkorea.com. Секакви искуства имаше со сајтов и не бев сигурна ама решив да ризикувам пошто ми требаше козметикава (innisfree). Работата е што доставата им е само со брзи пошти и кошта во зависност од тежината на пратката, па кога ќе дојде кај нас мора да се плати лежарина и слично и да испадне ѓавол ипол. Од кога нарачв после 4-5 дена процесирање ја пратија, 7 дена требаше да стигне кај нас и тука уште толку ја држеа, на крај испадна да ја добијам за 18 дена и покрај тоа што е со брза пошта. На сајтот имаат систем за customer service и брзо ми вратија на тоа што прашував. Исто така одпосле ми пишаа дека заради грешка во калкулации сум платила повеќе 2-3 евра за достава и не ми ги вратија на сметка туку ми ги оставија на профил за следни нарачки да ги искористам. Сега за сега ми личи ОК, ќе видиме производиве дали се добри пошто сите беа намалени 40%.
Дали имате искуство со овај производ за двојно чистење на кожа? https://yeppeuda.mk/p/59/original-cleansing-balm-banila-co-100ml
Нема да згрешиш, јас кога и да патував купував залихи! Поготово ако си користиш шминка, ништо ме вади ко него!
Некој да не има купон за попуст за skinaholics.mk ? Знам дека блогеркиве постираат, ама може сум пропуштила некоја.
Уф, тешко да се разбирам до толку . Вака од тоа малку што разбирам, првото ми изгледа ко да има хидрирачки и антиоксидативен ефект (веројатно скоро сите екстракти ја имаат таа намена), можеби дури и избелувачки ефект (нијацинамидот и licorice root extract, иако го има во веројатно мала количина и исто се води и како антиоксидант). Тешко е со корејските производи, затоа што користат многу специфични растителни екстракти, ама мислам дека во голема мера екстрактите имаат или антиоксидативно или смирувачко дејство. Во секој случај, знам дека блендот од повеќе антиоксиданти е пожелен и се преферира пред поединечните антиоксиданти затоа што така производот е постабилен, односно побавно оксидира (и другите антиоксиданти оксидираат по одредено време, не само витаминот Ц) и со тоа подобро функционира/„заштитува". Дали се работи за тоник/есенција, евентуално серум и кој? Второто ми изгледа како да е за миење лице. Мислам дека не би требало да ја суши кожата затоа што колку што знам, тие сурфактанти (3 и 4 состојка) се понежни, а и имаш хидрирачки состојки како сентела, глицерин, алантоин (ова е и антивоспалително). Не знам дали има и анти-акни функција (поради присуството на Tea Tree Leaf Water) или повеќе служи за смирување на кожата (не знам колкава е количината). Жалам што не можам да ти помогнам повеќе . Иако сѐ уште сакам да поднаучувам состојки (особено тие кои се „подокажано" корисни за кожата или еве, некои почести, покарактеристични во производите), некако се откажав од изучување на сите состојки. Не само затоа што е надвор од моја област и не би можела никогаш докрај да научам освен ако не завршам факултет, туку и слушајќи ги баш стручните за овие теми сфатив дека ни тие не можат да кажат сѐ за производот според листата на состојки, затоа што количината и третирањето на состојките менува многу, а тоа не може да се види нигде. За (не)безбедност на состојки не пишувам, знам дека знаеш дека е излишен тој муабет . Мислам, знам дека и ти си во тек со многу работи, па веројатно си го слушнала ова 100 пати, ама ете пишувам за секој случај . Како што кажав, во листата на состојки претежно барам дали и колку на број има одредени состојки што ги сакам за конкретната потреба, а за ефикасност, т.е. резултати и конзистенција сепак најдобар метод останува читањето/слушањето на рецензии (досадно, ама тоа е ).
Ова се производите Баш ме интересираше безбедноста на состојките, сега не можам ретинол да користам, па сакав овој серум да го зедам на негово место...
Ако прашуваш за безбедност поради бременост/доење, тогаш освен тие покарактеристични активни состојки (ретиноидите и некои киселини), мислам дека другото е во ред, најчесто тие се проблематичните. Мислам дека тоа е така поради можноста да пенетрираат подлабоко во кожата или дури и во крвта, ама тој ефект го имаат само тие појаките состојки (со исклучок на AHA и азелаична киселина), обичните состојки мислам дека не навлегуваат подлабоко од епидермисот. Вака други обични состојки не сум сретнала да е споменато дека се небезбедни. Ако тоа е причината, ако сакаш можам да побарам постови од дерматолози наменети конкретно за состојки кои треба да се избегнуваат во бременост/доење.
1. 2. (за акни) 3. (погоре има пост и за доење) 4. (има погоре и за brightening при бременост) 5. (има и втор дел за стрии) 6. (има и за доење) 7. 8. 9. И веројатно ја знаеш Dr. Dray на youtube, има и таа видеа. Можеби и Doctorly, DermAngelo, Sam Bunting (сигурно има), Alexis Stephens, Davin Lim. Горе-долу сите исто кажуваат, со минимални разлики.