Женски што користите од корејска козметика? Ајде да споделиме искуства за да знаеме што е добро а што преценето. Јас имам користено од пурито, саме бај ми и ијуник. Од пурито сум задоволна од маслениот чистач иако е доста скап.. исто така од ансенсед кремата со ниацинамид и кремата со вит ц ми се ок. Од ијуник серумот со галактомицес ми е така така, уште не приметувам разлика.. А од саме бај ме го земав чистачот со полжав ама не е ништо посебно..
Некој/а што го користел/а тонерот на Pyunkang Yul? Во потрага сум по хидратантен тонер за потака, на есен, и единствено овој ми фаќа око. Читам супер искуства од скинкер блогерки ама кој еднаш ќе се изгори од Purito и на јогурт дува. На темава, од лично искуство - веќе полни два месеци го користам black snail restore серумот на iUNIK. Воденкаст е и лесен, веднаш легнува на лице. Кожата веќе не ми е беживотна, има убав и здрав сјај. Немам забележано некое (големо) избледнување на флеки од акни, брчки немам ама потпишувам со две раце дека по користење образите се мекани како памукче. Сè уште не сум сигурна дали откако ќе го истрошам ќе го сменам со propolis vitamin synergy или сепак ќе порачам второ шишенче ама знам дека ќе останам верна на брендот.
https://coslovemetics.mk/product/heimish-marine-care-eye-cream-30ml/ https://coslovemetics.mk/product/pyunkang-yul-black-tea-time-reverse-eye-cream-25ml/ Ги користел некој кремиве за околу очи да спореди? Ми треба за чувствителна кожа. Повеќе сум за pyunkang ама се двоумам.
Purito е совршенство . Откако ја открив не користам пудри , имам комбинирана кожа со неправилности и акни Можам да кажам дека многу добро покрива со еден слој секаков вид црвенила и акни. Најдобро ми се нанесува со четка, ја сетирам обавезно и издржува до 5-6 часа. Што се однесува до нијансите ако си ептен светла 21 , но според мене 23 е идеална ( изгледа сиво на рака и тестер ДА , но на лице кога се нанесува се топи со кожата и се прилагодува со тенот ) . Вообичаено 23 оговара на најголем дел . Е сега 27 не ја ни коментирам зашо е прееетемна..
Супер, и јас барав нешто вакво лесно и здраво! Како шо гледам бојата се прилагодува на тенот Дефинитивно ја порачвам, па ќе споделам искуство
Јас ја користам во моментов првата и можам да кажам дека сум позитивно изненадена. За бб крема има одлична покривност. Како што кажа членката и за другата и оваа во прв момент има сива нијанса, но многу убаво се прилагодува и не оксидира.
Јас поради мојата комбинирана кожа а во лето и масна избегнував тоник , ама една другарка ме убеди да го пробам овој и знам летото користев за проба тоа што е во mini size пакување пена тоник и крема И можам да кажам дека овој тоник е совршенство , прекрасен го нанесував на полувлажна кожа 4-5 капки на дланка а потоа низ целото лице со тапкање ( не е како сите останати тоници на кои вообичаено сме навикнати туку е некако погуст ме асоцира исто со HadaLabo хидраторот ) Прекрасно хидрира и некако го освежува лицето и добива убав сјај. Јас бев презадоволна Инаку за овој сет од сликата станува збор , тоникот трае сигурно повеќе од еден месец со секојдневно користење исто и пената за лице е прекрасна многу прави пена и убаво го чисти лицето .. единствено кремата е за 2-3 пати употреба
Азискиот народ вклучувајки ги и корејските жени имаат генетски убава и чиста кожа. Ретки се оние со акни и слично. Многу лесно се залажуваме оти поради козметиката, негата и исхраната имаат таква кожа и лесно можат да изрекламираат и ни продадат козметика. Сепак се слагам оти имаат разновидна и добра козметика. Сакам да пробам за почеток некоја крема, средство за измивање и серум. Не знам од кој бренд да почнам. Комбинирана кожа. Патем, имам друго прашање. Си ги чистев порите со тоа менталното стапче, алатката за blackhead и од силно стискање сега имам гребаници и рани по лицето. Нешто од корејската козметика што најбрзо може да ми помогне? Не можам ваква да излегувам
Јас имам како твојот тип кожа и од се што имам испробано еве дел од моите препораки. 1. Како пена за лице ти ја препорачувам оваа на Heimish , многу е нежна со малку вода прави богата пена и одлично го чисти лицето и остатоци од шминка. 2. Тонер Tiam со витамин Ц и ниацинамид ( го прскам на влажно лице ) а потоа ставам 2-3 капки Tiam ниацинамид серум . Се колнам во оваа комбинација чуда направи со моето лице 4. Purito богата маска ( но би рекла крема ) одлична е кожата ја прави како бебешка , хидрира , совршенство 5. Исто добар тонер кој го користев на полувлажна кожа 2-3 капки со тапкање ( не користам тупфери ) е овој на Pyunkang Yul совршенство е
Доколку прашуваш за Tiam , во составот содржи витамин Ц , ниацинамид и транексамска киселина, бета глукан , служи за осветлување на тенот , се користи за проблематики на кожата како што се акни , хиперпигментација, дава сјај на кожата. Додека вториот е повеќе за хидратација
Ја има некој пробано кремава за окулу очи да сподели мислење дали функционира? Имам пробано кофеински серум од The Ordinary, зелената крема за окулу очи од пурито и последно од Derma E крема за окулу очи. Се чувствувам дека ништо од ова не ми е доволно хидратантно и доволно "избледувачко" за моиве хронични темни подочници.
Искрено незнам зависи до кожата како ќе реагира , јас имам комбинирана кожа склона кон неправилности и не ми создаде ништо туку баш напротив добив само смирена и хидрирана кожа .. но имаш мало пакување кое вреди навистина и пената и тонерот траат многу освен кремата може да пробаш баш е исплатливо а тонерот е 100 мл , од пената е потребно едно зрно грашок со малку вода да го исчисти целото лице
Се надевам овде ке добијам најбрз одговор Каде можам да најдам корејска козметика Досега нарачував од coslovemetics но веке не сум во Мк па некоја доколку знае дали има од некаде да се нарачува онлајн