Девојки здраво, ги барам производиве, достапни се само во бебе хоум, дали знаете каде на друго место може да се најдат освен таму ?
Да тоа е исто. Испратив порака и до elloxy но од таа линија имаат достапни производи само за нега на лице со оглед на тоа дека овие спаѓаат за тело, ги немаат.
Мислење за i'am from производите? И за balm чистачот heimish? До сега не ме интересираше некакo корејска козметика, ама викам ете наредно да земам нешто да пробам
Ne me voodusevi nesto balmot iskreno vaka go falat vikaat okej e za sekoj razlicno,ima parfemce i masla sto mene iskreno mi smetaat taka da bese od mene ne. Ama probaj mozebi tebe nema da ti smeta ako nemas senzitivna i akni koza kako mene moze i ke ti bide vo red .Jas iskreno preferiram bez maslo,alkohol i parfem bilo sto bidejki toa me isfrla,zatoa i idam na korejska kozmetika ama ete negde gi ima
Ако мислиш на овој јас го имам. Јас сум задоволна. Тврдо е, се гребе со шпатула и се мачка на лице, иако е масно многу лесно се плакне. За чистење шминка е топ. И многу е пријатно на лице, овој мирис ме асоцира на чајно дрво малку, мене лично ми е пријатен, а има и портокалова верзија од истиов, таа не сум ја пробала.
Девојки, дали некоја знае страница која испорачува корејска козметика и skincare до кај нас? Порано нарачував од Yesstyle и jolse ама не носат повеќе, и гледав да најдам други ама шипингот е или 30$ или пишува дека носат ама кога ќе стигнам до внесување на адреса не ја има МК како опција
Од кој бренд конректно? Кај нас има доста избор на страници, соslovemetics; olpeo; skinaholics; elloxy; beautyhub; abaouther.
Decki im pisav na insta na coslovemetics, im go sliknav liceto mi ispratija rutina za mojot problem, sakam da prasam dali nekoj primetil rezultati od proizvodi sto mu gi preporacale kako rutina ili e zadovolen od nekoj od ovie proizvodi oddelno
Од овие немам ништо користено, ама од тие мене што ми ги препорачаа сум засега задоволна. Едино гледам серумов што ти го препорачале содржи 10% ниацинамид, сличен користам, само друг бренд е мојот. Препорачуваат во зависност од типот на кожа и проблемот, дали се црнки, акни, проширени пори, брчки. Јас приметив средени пори и намалено црвенило на образите, флеките од акни не ми се уште комплетно средени, ама се намалија и се побледи после еден месец. Од прва ако приметиш skin purging не се стресирај, значи дека производите делуваат. Јас се исфрлив првата недела-две, а после еден месец приметив разлика. Според сликите што ги споделуваат на сториња, има огромно подобрување кај некои луѓе по 4-6 месеци користење. Ако се одлучиш да ги земеш, сподели после искуство од Mary may кремата, ја имам пробано од тестер само, и ептен пријатно ми делуваше, ме интересира каква е на подолг рок.
@idktbh The face shop Light cleansing oil е солиден продукт. Потрошив две пакувања од истиот пред да поскапи цената како последица на пандемијата. Инаку ретко повторувам продукти поради големото изобилие од корејска бела козметика и сакам да менувам разни марки. Значи, ми се допаѓаше но за моменталната цена (на Амазон) преферирам да пробувам нови продукти. Со другите три производи немам искуство.
Има купон на групер за попуст на корејска козметика од Елокси https://grouper.mk/deal/korejska-kozmetika-elloxy Ако некој користи од понудениве производи ќе му се најде.
Jolse уште носат, нарачав пред една недела ско не се лажам, али само коа имаат фри шипинг и нарачките ги правам до 22евра за да не плаќам царина