Сакам да прашам дали некој има позитивно искуство со snail repair serum од натура терапи ? Ме интересира дали е препорачливо за возрасни под 30 години или е наменето за повозрасни од 30-40години? И дали има ефект?
Искрено морам да ги пофалам корејците со нивнава козметика. Колку се чисти и со јаки состојки, брендови што заслужуваат едно големо браво и се секогаш со нови идеи. Е сега малце криво бидејќи сеуште немаат ретинол развиено за да се на нашиот стандард они се со бакучолот ама и тоа е топ. Искрено преферирам нивни маслен чистач него мицеларна вода или нешто друго што ме пече … Сега секако кој што си бара ама имаат толку голем избор за секаква проблематика и брчки и секој што сака да постигне. Прашање / Кој корејски продукт ви е омилен ? (Може било што да е ) Сакам да слушнам и видам нешто ново.
Здраво во очи ми падна маслениот чистач, мојата двофазна маслена мицеларна од СоБиоЕтик ми е при крај, па ме интересира дали имаш пробано некој ефикасен маслен чистач на шминка кој стварно ја топи шминката па макар и водоотпорна. Без печење и тргачење. Предолго ја користам истата па не е лошо да сменам. Многу фала однапред Инаку јас си ги сакам нивните бб креми Миша и Пурито, еден гел крем со прополис, и сите можни спф креми. Единствено не ми се погодила маската против црнки онаа зелената од SomeByMe мислам
Маслените чистачи на Eyenlip, одлични, вадат шминка без иритации, маскара, се, кожата премека, јас ги имам користено двата подолу, не можам да одлучам кој ми е подобар, ептен добри: https://elloxy.mk/?product=eyenlip-eggplant-pore-cleansing-oil-150ml https://elloxy.mk/?product=eyenlip-ph-cica-cleansing-oil-150ml
Овие изгледаат супер, би пробала. Е сега јас баш ставам бааги шминка на очи тоа ми е најважно да го чисти Фала ти многу.
Во моментов омилени: Чудесната есенција што не ми ја масти кожата, а ми ја хидрира и прави премазна: https://elloxy.mk/?product=eyenlip-intense-rich-active-essence-125ml И најдобриот спф ever: https://elloxy.mk/?product=eyenlip-cica-calming-sun-cream-spf50-50ml Сега сум навлечена на производите за коса од Sumhair, се што сум пробала е навистина топ Да, да, и јас со шминка сум секој ден. Чисти без проблем, веднаш ја раствора, после со мокри раце уште една масажа убаво, па плакнеш, ништо не останува.
Од Олпео или од Кореа преку StyleKorean. Зависи кој производи и која фирма бидејќи они имаат и до тука достава.
Зависи на колку продукти ќе нарачаш ама од 10 евра па нагоре со тоа што они цело време имаат попусти и некој сетови што стварно вредат да ја платиш доставата.
За колку време стасуваат работите и дали има тракинг? Навистина имаат одлична понуда и вреди да се плати достава.
Боже тие се неточни … епа за жал не знам баш другиве корејски страни ги немам користено за да нарачувам за да ти помогнам .
јас го користев убав е ама во комбинација со кремите секако инаку подобар нивен серум ми се виде тој со авокадо но е за пред спиење бидејки го мрси лицето Дали некој користел креми од роунд лаб Се мислам да си ја нарачам од Докдо 1025 на роунд лаб и тонер и крема па ме интересира како сте задоволни ?