Корејски серии (Kdrama)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од DarkTulip, 12 септември 2015.

  1. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Не знам дали уште некој/а на формот следи корејски серии.По првата препорака да изгледам барем една бев малку сkептична,но после првата сосем се преобратив:)Најчесто имаат помеѓу 16 до 20 епизоди кои траат по еден час.Најголем дел од нив се уплодираат на час два по емитувањето ,а неколку часа подоцна веќе може да се гледаат со англиски преводи.Еве ви неколку предлози доколку има заинтересирани
    It's Okay, That's Love
    Kill me ,heal me
    Secret
    Secret Garden
    Scholar who walks the night.
    https://www.viki.com/
    www.dramatv.tv
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    42.857
    Интересно, ретко се среќава овде некој да гледа азиски серии :) Јас гледам понекогаш (гледам секакви серии летс би рил :D ) но често знаат да станат многу досадни. Сценаријата им се доста слични, дури знам и на која епизода ќе се случи пресврт :D но тоа што се во просек 16-20 епизоди е огромен плус, а и знаат да бидат лимонатки што е супер.
    Патем од овие што ги имаш набројано ниедна немам гледано :/ Почнав да ја гледам Kill me heal me, сакав да гледам некоја смешна серија, и таа требаше да биде смешна, ама нешто не ми фати за око.
    Моментално ја гледам Twenty Again, со времево некако се навлекувам пак на серии, сакам да ја догледам Misaeng затоа што малце отскокнуваше од вообичаеното, a и The lover.
     
  3. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Знаат да завлечат па накај 13 14та да заплеткаат:)Зависи колку си гледала па може си налетала на неколку со слична содржина,пример Secret има одлична приказна.Kill me heal me е некој микс на драма,а има некои комични моменти(ако те разберат корејците државен непријател ќе си им,една од најгледаните им е годинава:)
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    42.857
    Знам дека Kill me Heal me беше хит, ама ете мене не ме завлече. Најбоље серија до сега ми беше Let's eat, обавезно со храна околу мене :D супер серииче и на сите го препорачувам.
    Историските ги гледаш?
     
  5. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Сега ја почнувам Joseon Gunman,а претходно ја гледав Iljimae:)За храна ако сакаш Late dinner restaurant и Oh my goustess
     
  6. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    О јас велке од кога се канам само да почнам некоја да гледам но никако да почнам |(
    Имам доста познавање од нивната култура музика тие работи бидејки слушам kpop бааги али некој ден ке се наканам и ке седнам ке гледам :inlove::)
     
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.918
    Првпат слушам некој да гледа корејски филмови.
    Каде ги гледате?
     
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    42.857
    https://www.viki.com/
    http://www.dramacool.com/
    http://www.dramago.com/
    и уште еден куп слични сајтови. Јас најчесто на овие 3

    Патем почнав да ја гледам Sassy go go или Cheer Up, како и да се одлучиле да и биде насловот :D Дооооолго време немам гледано некоја средношколска серија, а и Eunji ми е ептен слатка па се навлеков :angel:
     
  9. Kiki Flower_Girl

    Kiki Flower_Girl Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Па јас не знаев дека имало повеќемина кои гледаат Корејски серии во Македонија :) .. Јас веќе едно 3 години ги гледам и се заљубив и во Корејскиот јазик и култура па почнав да учам и Корејски :D
    Прва серија која ја гледав е City Hunter навистина е одлична.
    Некои од подобрите кои сум ги гледала и ви ги препорачувам се: Gu Family Book, City Hunter, The Great Doctor, To The Beautiful You, Boys Over Flowers (кој е љубител на тинејџерски серии одлична е :) ), Heirs, Three Days, Triangle, Pride and Prejustice, It's Okay, That's Love, Heartstrings...
    Имам уште за набројување ама доволни се и овие :hai: Моментално ги следам Remember и Moorim school
    Најчесто ги гледам на Viki.com бидејќи имам Viki pass како квалификуван преведувач и гледам без реклами и се во HD
     
  10. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Beautiful Gong Shim моментално ја делкам.Забавна е.Инаку на линков имате азијски серии и филмови http://kissasian.com/
     
  11. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    안녕하세요!처음 뵙겠습니다 :)
     
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека постои темава, а баш сум си фан на корејските серии.
    Досега имам гледано само романтични драми и комедии, и ептен ми се интересни, посебно што траат по 1 час, најмногу 20 епизоди, идеална бројка за серија.
    Како една од подобрите ја издвојувам It's okay,That's love, тематиката за шизофренија е добро прикажана.
    Омилена ми е Fated to Love You, топло ја препорачувам, неодамна почна и турска серија базирана на оваа, No. 309, досега прилично се исти.
    Додуша, многу турски серии, посебно оние летните лајт ром-ком се базирани на корејски, иако двете култури во принцип се доста различни, содржински многу работи се поклопуваат.
     
    На DarkTulip му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Personal taste ако си по романтични исто е добра :)
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    42.857
    Fated to love you, рекламата за шампон :rofl:
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    Обожавав како се смееше лудаков :rofl:

    Моја препорака, Oh my ghostess, многу ми се допадна (y)
    Ја почнав сега Cinderella and four knights, огромно клише од кдрама, ама навлекува у пм
    Доста ја фалат W Two Worlds, чекам да излезат уште неколку епизоди и ќе ја почнам
     
    На DarkTulip и Marossa им се допаѓа ова.
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    @kravce Леле остај, на почетокот ми беше одвратен, ама после многу го засакав, посебно кога се потшиша, лепотан беше :D
    Ми се допаѓа што е баш машка фаца, бидејќи гледам повеќето Корејци имаат некоја бебешка мила фаца :D

    Инаку јас деновиве ја изгледав Beautiful Gong Shim, смешна е и интересна, онака лајт.
    Сега се двоумам меѓу I remember you и One more happy ending, баш сега ќе ја ѕирнам Oh my ghostess и ќе почнам некоја од нив. Секако ги изгледувам за една недела максимално :D
     
    На DarkTulip и kravce им се допаѓа ова.
  16. DarkTulip

    DarkTulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    @Marossa ако си за уште една со истава глумица Fated to love you,тогаш One more happy ending ,ако си за нешто друго тогаш Oh my ghostess.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kiki Flower_Girl

    Kiki Flower_Girl Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    안녕하세요! 감사합니다, 아주 좋아.
    После една година :D
    Гледате уште К-серии? :) Имаше доста добри серии изминатава година
     
    Последна измена: 29 мај 2017
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Јас изгледав уште неколку од последниот пост, The perfect match ми беше океј, другиве и забораив како се викаа.
    Аа да, и Oh, my ghostess ја изгледав тогаш, во право бевте, супер серија, главниот лик многу ми се допадна.
    Сега почнав со W Two Worlds, ептен позната е во драма ворлд, неколку епизоди имам изгледано, прејака е. Најозбилно ви ја препорачувам. Не знам како ќе заврши, ама тематиката е многу интересна и уникатна, со некои сличности со трилогијата Inkheart, што се баш убави книги за деца.
    Знам се токмев и порано да ја гледам, ама не беше дозволена на viki.com бесплатно, а сега ја отворија.
    И овие корејскиве глумци многу ми се убави :$
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    42.857
    @Marossa
    Од Oh my ghostess глумицата играше сега во една фантазија Strong Woman Do BongSoon, имаше натприродна сила, многу интересно филмче, многу е кјут девојката. Глумецот играше во Jealousy Incarnate, драмава не беше баш нешто популарна, ама јас искрено ја обожавав. Имаше некој чуден хумор, траеше и повеќе од вообичаено и пак малку ми беше :)
    На W Two Worlds бев доста навлечена, ама некаде на средина серијата некако се измеша, едвај ја догледав до крај, а ептен сакав да биде комплетно добра.
    Од моментално што се емитува, ништо не ми се допаѓа :/

     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    @kravce
    Ја изгледав и Strong girl Do Bong Soon, и мене ептен ми се допадна, така лајтерица.
    Исто така и Jealousy Incarnate ја почнав чисто бидејќи видов дека глумецот е тој, ама ја прекинав, некако досадна ми стана и ми немаше смисла.
    W стигнав до 12 епизода и малку ми здосади а слабо со време, ама сакам да ја завршам, сепак ми е интересна и една од подобрите.
    Од новите тешко и да почнам.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.