И мене ми се допадна плотот и почнав да ја гледам, ама таа актерката што е во главна улога, не можев да најдам нерви да ја гледам. Толку лошо некако ми глумеше, со тоа истата фаца што ја правеше, морав да се откажам само поради неа или ќе ми настрадаше екранот Гледате нешто од новите? Немам ништо гледано во последно време, чекав Age of youth 2 да заврши за да ја почнам маратонски, еве следниов викенд таман
Од овие сега што се прикажажуваат како мои два фаворита би сакала да ги издвојам: 1.Because this is my first life Би рекла една од помодерните корејски драми затоа што покрај главното дејство , во секоја епизода се претставени многу општествени проблеми или предрасуди кои општеството ги има за жените воопшто . Годините, бракот, работа ,место за живеење и начинот на кој главните ликови се справуваат со нив,Има многу различни ликови и според мене е breath of fresh air in the drama world.Едноставно не е типична корејска драма. 2.Witch's court Нетипичен женски лик т.е обвинителката Ma Yi Deum која е преместена да работи на случаеви поврзани со сексуални злоупотреби, силувања и слично. Самата си има свој етнички систем кој не е баш прифатлив за другите. Упорна, без влакна на јазикот и се ќе направи за да победи. Целта ги оправдува средствата. Наспроти неа имаме психијатар кој станал обвинител и на некој поморален начин и со емпатија ги решава случаите.Пресвртот настанува кога таа самата станува мета.Секој случај што го работат е предизвик , започнувајќи од силување на хомосексуалец па понатака. Би била во моите топ 3 затоа што е нешто ново,барем за мене.
К-драми гледам 9 години... Заразена сум со нив. Во моментов ја гледам "Cinderella and the four knights"... Но до сега најинтересни ми се "W", "Pinocchio", "Heirs", " Flower boy next door", "Boys over flowers", "While you were sleeping", "Heartstrings", "You're beautiful", "Playful kiss (На сите можни верзии)", "City Hunter", "Come back mister"... Кога видов на вики дека има превод на некои од драмите на македонски, се зачудив, зошто не знаев дека има други unnies и ajummas од Македонија што гледаат...
Има предобри корејски серии. За разлика од турските и шпанските во кој секогаш за едно исто се збори овие се поразлични, поинтересни а и немаат многу епизоди. Не знам како почнав да гледам ама ми се омилени. Би издвоила некои како: Healer, The last empress, Oh my Venus(omilen), Descendants of the sun, Heartstrings... И многу многу други ако сака некој предлог за корејска серија нека ми пише во ЛП.
Искрено, според мене најдобра корејска серија до сега што ја имам гледано е My Love From The Star. Карактерите се предобри, а глумците топ. Содржината на драмата е супер.
За сите што сме љубители на корејски серии, направив група на фб Корејски серии и филмови. Ќе може да си споделуваме импресии од сериите што ги имаме гледано. Поздрав
Доколку некој сеуште гледа kdramа еве ги моите 5 омилени 1.Guardian: The Lonely and Great God 2.Crash landing on you 3.Doom at your service 4.My love from another star 5.Tale of nine tailed
Еве неколку предлози од мене: 1. Hotel Del Luna 2. It's okay to not be okay 3. Sweet home 4. Goblin 5. True beauty 6. So not worth it
1 Penthouse ми е all time favorite, иако на моменти е развлечена и има сцени со апсолутно нула логика. Се работи за ликовите кои сакаат да добијат место на престижен универзитет. Малку е долга ама за тепање време со премотување топ 2. Marry my husband, има засега две епизоди. Излезе на први јануари годинава првата епизода, за жена која умира од карцином а дознава дека сопругот и другарката ја лажеле. Топ е за тепање време, има некои класични спори сцени.
jas gledav edna serija moze korejska bese no ne sum sigurna, vazno od aziskite zemji. bulgasal se vikase edna od najubavite serii sto voopsto sum gledala, e sega ke baram nekoja slicna na tie linkovi, ili preporacajte ako znaete nekoja ko bulgasal ako ja imate gledano
My Demon(2023) тазе е. Убава и кратка. Планирани се 16 епизоди на нетфликс..Уште 4 епизоди треба да се објават...
Обожавам корејски серии. Само некако тешко ги памтам имињата и лицата (многу си личат меѓусебно) Предлози Vincenzo, Hellbound, All of us are death, Happiness, Hospital playlist, Alice in borderland.