Јас се викам Славица...не сакам да ме викат Цаци ама како Cacy на странски звучи поинтересно па така....позз
Дека во моментот кога се регистрирав ја слушав неколку пати евровизиската Ljepa tena на Игор Цукров. Уживав во музиката,ме потсеќа на мирно море и така се роди и моето корисничко име
енца бе, ме изнасмеа! Море, да не има некое значење бројкава, ај ти... Иначе, Вику ми е партизанско (студенско, цимерско) име. Бевме Бибу, Мају и Вику, ама само ние си се викавме така. Наш заштитен знак. Па добро, го користам и по форуми
лина бидејќи премногу ми се допаѓа името и напоменав во една тема дека ако имам ќерка ќе се вика лина, 89 годината кога сум родена. несакав да ставам 89 но само лина беше зафатено па така набрзина ставив 89
Се викам Даниела.Другарките ме викаат Дани,а дома ме викаат Лела,па јас си го споив во Данилела.И често така се потпишувам.
Паа, омилена боја ми е сина и што знам во тој момент кога ја разгледував фемина ми текна на зборот рај хахах, е ова незнам од кај ми дојде на памет, и си реков ај да се зачленам, ама како да пишам. Дали blueeheaven или blueeparadise, и некако blueeparadise по фино ми изгледаше.. и такаа
Во моментот кога се зачленував гледав еден филм ДеЛовли и не знаев како да се потпишам па ај реков така.
Јас го избрав ова корисничко име по еден филм што го гледа уште како мала и кој ми остави голем впечаток, и до ден денес знам да седнам да го гледам и да со плачам Сигурно повеќето го имате гледано, децата во главна улога се викаат Веда и Томас... Ви текнува?
паа.. незнаев како да ми биде корисничкото име па пред мене стоеше мојот омилен кармин и случајно видов и сјајот за усни се викаше trendy и јас одлучив да го направам корисничкото име такво бидејќи немав друг избор