Корисничково име ми е многу глупаво, ми текна да биде јуник грл или така некако, па ај после креатура демек, за поинтересно. Безвезе ми е али ај, нема везе. Битно е да се дружиме
Имам пишано во темата за GG, името е всушност презиме на ликот на Џорџина Спаркс. Од 2008 година откако цапна во серијата, стана апсолутно омилен лик од сите серии воопшто (инаку манијак сум серии). Одтогаш, секаде каде што треба да напишам некој ник си го ставам него, и не планирам да го сменам. <3 Georgie.
Феминки знам колку ми е глупаво корисничкото име, ама што да правам имав недостаток на инспирација Нема никакво посебно значење, туку онака го треснав
Rossonerka - навивачка на Милан, уникатно корисничко име, го користам низ интернетов секаде каде што се зачленувам, само јас сум россонерка, нема друга , а и така ме викаат некогаш во приватен живот, знаат дека си ги сакам Милан, си го сакам Милано и ради фудбал и ради модата. Така да ме отсликува имево и не би го мењала за ништо на светов
moeto korisnicko ime i ne e koj znae sto no go izbrav poradi likot od mojata omilena kniga pekolni planovi od sidni seldon
ххахаххаа а јас што кажам за моето? Кога се зачленував јадев чоколатца шери со рум, пола саат мислев какво корисничко име да употребам и гледајќи го чоколатцето ми текна
Немав некоја посебна инспирација и решив македонски збор да го преведам на друг јазик. Корисничкото име ми значи амбициозна
На многу лесен начин дознавам за се што ме интересира .........дали со блеф, дали со правење на Тошо, ама се што сакам да дознаам дознавам. Другарките ме зезаат дека сум ко ФБИ и ко ЦИА......ете од таму ми е корисничкото име btw многу интересна тема
Ич не си го сакам корисничково име, ама пошо не можам да го сменам тоа е . Онака ми текна зошто сите ме сметаат за будала зошто што на ум, то на друм и ич не ми е гајле што ми зборат зад грб за глупостите што ги праам Ама у секој случај не ми е звучно, затоа не го сакам
hehe sekoja cest za temava.pa od-samrak-do -zori zatoa sto najmnogu mi se dopaga toj film od samrak do zori od kventin tarantino.vo glavna uloga george clooney i prekrasnata Carmen Electra.prekrasen e filmot pa od tamu i od samrak do zori. p.s gledajte go filmot nema da zazalite
Не знам дали имаш видено, еднаш постирав текст за Лилит. Го постирав бидејќи искрено, немав поим дека Лилит била првата жена на Адам, па сакав и другите членки да видат. Мене ми беше баш онака, шик француско име
Во Сакам да кажам на 1724страна Тоа е само еден мал дел од текстот што го најдов случајно на нет, па сакав да им ги разрешам заблудите на тие што мислеа како мене дека Лилит е само едно шик француско име
Па овај да,ова е тоа у кратки црти.А инаку,колку и да му падне чудно на некого,со Лилит се запознав уште како малечка,љубопитно дете(секогаш слушав што дискутираат постарите и кога слушнав,Ева му е втора жена на Адам!!! Женкар еден,па после е како сега оваа Ева е толку битна па,коа е втора!),па татко ми ми објаснуваше,па тек во средно ја сретнав повторно (патем,Фауст е а маст!Гете во било кој поглед...нејсе) и си ја разработив психолошки онака како што мене ми одговара,со малце атеистички примеси,субјективни судови и баш е пријатна! На крајот,некогаш биле модерни сервилни жени,денес сме сите мангупки,ако не па! Видиш...не сум го видела ова тогаш,да стегнам еден лајк и да потврдам дека Лилит не е француско име!
edit edit edit edit LELE LUGE KAKVA GRESKA SORRY.Ne e karmen elektra tuku e SALMA HAYEK. ete ja ispraviv greskata
ептен ми е мило што се зачленив на форумов .. инаку имево го ставив заради тоа што ја сакам темноцрвената боја, бојата на виното ммммм ))