Во моментот кога се зачленував тако ми беше пусштил стари хитови и одма после тоа почнува Dancing queen од ABBA и така си реков ај нека биде dancing.queen
Кога се зачленував на форумов гледав една серија не и го знам точно името , но една плава женска во серијата која толку многу ми се допаѓаше како глуми а и прекрасна беше на изглед во серијата се викаше Исидора и така ми се допадна и името и женската,и тоа беше главна инспирација за името на мојот профил
па кога се зачленував не знаев кое корисничко име би го ставила и ми текна на моето омилено парфемче лили пруне кое многу си го сакам и си реков тоа ке биде.
Леле сега кога ќе ми текне што име сум си ставила, си го мразам. Многу ми е глупаво бре. Ај да беше бар Блу само. Кај ми текна баш на ова А морам да ги пофалам корисничките имиња на Сенза и Тенкаи, многу биле креативни и ептен ми се допаѓаат. И јас ја сакам Италија и италијанскиот јазик исто како Сенза.
Името си го ставив по насловот на еден од моите состави во кој пребувао се опишани моите емоционални пореметување (така да ги наречам) поточно како тоа женско се заљјубува во женско
па името... Little & Princess немаат некое посебно значење а RNB е бидејќи ја слушам таква музика и онака си го напишав нема некое посебно значење моете име
Lolyta777...по филмот Лолита, девојчето е многу убаво и нежно, иако филмот е контроверзен...Самото име лолита за мене значи кокетна, заводлива, самоуверена ...на некој начин сакам тоа да е моето алтерего. А 777 затоа што три пати имам скршено огледало
Јас името го ставив мередит , бидејќи од серијата вовед во антомија - незнам дали сте ја гледале , мередит ми е омилената актерка.
Во последната книга што ја читам се спомнува дека значењето на името Теодора било-од Бога дадена. Ми се допадна па го искористив тоа име.
сакав да биде нешто единствено, па од таму дојде и името срцекршачка (некоја што ги крши машките срца ) хахахаха
лолита, се вели дека ако скршиш огледало ке имаш 7 години несрека во љубовта-колку е тоа вистина незнам
Дафни...Дафне... Лик од грчката митологија. Нимфа во која се вљубува Аполон... Опишана е како борец и убавица... Концептуално ми е ...идеална.
Да и јас така имам слушнато, па затоа и го користам бројчето три пати Намерно... Да ја избркам несреќата...ха ха ха...