хааа.. во моментото кога го правев бев во '' депресија '' и мислев дека сум многу несреќна што значи и моето корисничко име unlucky
Инна ми е дел од името, ама никој не ме вика по тој прекар, а Блуд значи крв.. тоа прво ми падна на памет.
требаше да си го ставам Термита бидејќи така и се чувствувам и нарекувам, но веќе бидна го направив овој според мојата омилена страница интересно.ком.мк, на која киснев и се уште киснам, ако не сум тука тогаш таму
Прво сакав пеперутка ама тоа беше веќе зафатено и затоа совршенство- нештото за кое што сите се стремиме, а никогаш нема да го достигнеме
Сите знаат, моето по албумот на Бијело Дугме, а песната е врв, ја знам уште од многу мала, се сеќавам кога ја пееше братучетка ми, тогаш тинејџерка, а јас мислев дека пее нешто најсрамно на свет
што знам зошто го одбрав ова...Ова корисничко име ми е смислено одамна, го имам и на други форуми.Кога го смислував бев во фаза кога многу гледав Charmed, а тие беа се во филмот на тоа како се посебни, одбрани, и не знам уште што.А и јас се чувствувам така некако special(секако, без магичните моќи )
Ме инспирираше насмевката на дечко ми. Најубава му е, често се смее а кога се насмевнува ми го разубавува животот
Во времето коа почнував да пишам по форумите со сестра ми многу често се нарекувавме Идиотко една со друга, па затоа го употребив како корисничко име.
Искрено незнам зошто вака се потпишав,но ми се допаѓа. Шугар-шеќер ме потсеќа на нешто слатко,па можеби и затоа.
Хаха моево е вака ставено оти многу сакам да играм домино, и плус кога се зачленувам до мене стоеше домино и така ми излезе имево
епа вака ова по името вики а она јеј па така многу го користам тој збор..незнам ни јас зошто го ставив
Кога се регистрирав единствена идеја која ја имав беше хороскопскиот знак (не дека верувам во хороскоп, туку бидејќи од тоа што го имам читано за карактеристиките на ракот, во дел од нив се пронаоѓам). Но, не сакав да се потпишам Cancer, бидејќи ме асоцира на заболувањето рак , па од тука излезе морско ракче (The.Crab).
Бидејќи зраците од сонцето продираа во мојата соба и целата беше осветлена а сега можам да го сменам(не знам дали има одговор на оваа прашање ме мрзи да ги читам мислењата..)?
Нејќев да користам по стандардни за мене никови, со кои сум зачленет на други форуми, сакав свеж старт тука. Во филмот Хрониките на Ридик, The EleMentals беа нација или врста, како да ги наречам. Ми се свиѓа и самото зборче. Дополнително ме опишува и бидејќи понекогаш станувам Mental
Епа гледав на Фб едни слики, и имаше едни измачкани од чоколадо и сликата беше потпишана chocolates-girls и јас земав chocolate-girl и двојката онака од памет..