Lady Godiva и нејзиното име и моето значат дар од господ Иначе таа го молела мажот и да го намали данокот, а тој и рекол дека ке ја послуша ако го сврти градот јавајки на коњ - гола..и го послушалa :geek: :
Го ставив затоа што ми е убаво,многу. Некако ми е весело,ме асоцира на пролет,сонце... Ме расположува
Го одбрав ова име бидејќи сум голем фан на HIM.Poison Girl е нивна позната песна ,а Valo заради Ville <3
dressed to kill ми е омилен албум од групата KISS а и KISS ми е омилен бенд и многу убаво ми звучи па затоа често го користам како корисничко име насекадее
Многу ми е дебилно. Дури не се ни викам така. Го користев одамна на страни кај што е потребно да се регистрирам за да симнам нешто и слично, за да го запамтам секаде истото го користев, и овде туку така сум го шлапнала кога се регистрирав. А сега многу ми пречи. Тогаш не мислев дека ќе дремам секој ден тука, ама едно по едно мислење и почнувам да се навлекувам. Размислував да си отворам и нов профил бидејќи правилата на форумот не дозволуваат менување на корисничкото име. Ама ајде може некоја од модераторките ќе прочита и ќе се смилува да го смени. Не за друго роденден ми е утре т.е. денес, па ќе ми дојде како поклон од Фемина
mayyya ^^^ среќен роденден btw моето го избрав затоа што сакав нешто со романтики да биди, а ништо тогаш не ми текнуваше и исто ко тебе мислев само кратко ќе бидам на форумот... и ајт..
Правилата не дозволуваат и имање на втор профил http://forum.femina.mk/pravila-i-novosti/pravila-na-forumot-t44/
Моето корисничко име е превземено од грчката митологија. Во митовите за создавањето на светот се вели дека во почетокот владеел неограничен Хаос, исполнет со темна магла, огромна бездна, праизвор на целиот живот на светот.Од него настанале Геа ( Земјата ), Тартар (темниот понор под Земјата) и Ерос (Љубовта), како основна творечка сила. Понатамошниот избор на никот е длабока симболика.
Го избрав заради славната жаба, што си ја кренала ногата и нејзе да и ја потковаат како на коњите. Всушност дента гледав нешто на Анимал планет и имаше кратко клипче за жабите и ми текна на приказната дур една од тие си го тегачеше тоа ноџето и рипаше ко луда по тоа зеленишот. Пак и некако како пред сецирање се чувствував во целиот тој период, бидејќи премногу работи ми беа ставени на грб и само од мене зависеа. Па ко да бев под микроскоп на Хефе и бандата, бидејќи јас ги работев нормално, а тие триеја рачиња. И тоа е. И јас кренав ноџе да ми потковаат пред Фемина. Зашто да не бе.
cigarce хахахах паа бидејќи во моментот сите имиња без веќе зафатени и ми се пушеше цигарче а немав моментално
епаа по книгата La Reina Del Sur...аа и уште од малечка ме викаа кралицата или La Reina (од кога почнав да зборувам шпански) и по к.и. : Кралицата на Југот )
Немојте да ми се смеете, мене корисничкото име ми е по Адријана Лима Многу си ја сакам и еден колега од работа ми кажа дека личам на неа па ете затоа се одлучив, а 87 е за мојата година на раѓање. Поздрав