е баш безвеза ми е ова корисничкото име, онака го ставив, прво сакав со името мое па годините 17 ( сега 18 имам ) ама беше зафатено името па прво штоми дојде на памет беше агирл и така
Моето корисничко име е по моето име, Сара, ова другото sweet така го додадов во моментот не ми текнуваше нешто друго, се што пробав беше зафатено а и мораше подолго Малку детско ми изгледа sarasweet ама нема врска
Моето име е Даниела, ама бидејќи беше зафатено додадов една н (врска немам зошто) и 5 бидејќи ми е среќен број
Тој ден мнооогу кикирики изедов и затоа им го посветив овој профил. Инаку треба да се внимава стварно, имав јас порано профил ист ко името на скајпот ми беше и имав само неколку мислења ставено ама одма ме дознаа најблиските
па во моментот кога се зачленував ја слушав песната morena my love и од тука ми текна името пошо се беше испозафатено а 22 ми се годините
обично го користам никот Танана ама беше зафатено...па пробав со Тања ...и тоа беше зафатено...и ми текна Тантица кој btw ми е стар ник од cheezburger (т.е таму е Тантичка..ама нели сеа постара) и би Тантица...... and that's the way the cookie crumbles ))
По филмот Блек Сван премногу ми се допадна и Натали ми е омилена глумица.Исто така и поради тоа што сум си црно лебедче некако се доживувам како таква а тоа 5 ми е среќниот број.
Си гоо мразам едноставно поглупаво не сум можела да смислам ми изгледа ептен сељачки но нема што да се прави...
Паааа италијанскиот подобро го зборувам отколку пишувам што може да се види и од имете А зборот Vittoria-Победа го користев како име и во една шах игра Првото нешто кое ми падна на памет.
Неззнам зошто ми е ова фет,но бидејќи неможеше само бјутифул аи тоа не ми е правилно напишано,ставив фет добро де имам некој кг вишок,но не сум искомплексирана личност туку имам голема самодоверба и така фетбјутифул
Се би дала да го сменам. Ама не правам нов профил. Инаку не знам во моментот изгледа ми се има јадено благо па..
хахахахаххахах...улата....зошто секогаш така ме викат па ти си улааа хахаахах..иначе малце сум поткачена и затоа