Кога се мислев,мислев за корисничко име и се сетив да тоа биде blackstyle ради тоа што обожавам да носам црна облека
Си имав јас порано на друг форум едно прилично специфично и оригинално име, сама си го смислив и многу си го сакам. Но, за да ги избегнам предрасудите да не речам, почнав со нов ник. Затоа што кога ќе те видат со истиот ник, веднаш знаат која си и однапред имаат оформено мислење за тебе. А така не е интересно. Doozy го најдов случајно како збор, поточно е сленг. Значи нешто необично, нешто прекрасно а често го употребуваат и како бизарно. Ми се допадна како звучеше како збор, иако сега од оваа перспектива би ставила можеби нешто друго.
Пупи затоа што другар ми ме вика така и јас него тоа уште од 8мо одделение girl хммм онака на памет ми падна
Јас корисничкото име Cookiemonster скоро на сите форуми ми е тоа тоа бидејќи кога бев мала многу го сакав Cookiemonster од Елмо и по тоа ми е корисничкото име
Ammy Lee - бидејќи по наше би се прочитало Ејми Ли..А вистинското име ми е Емилија..Другарки ми ме викаат Еми,но има една посебна личност што мн ми значеше а ја изгубиф .... Тој....ме викаше ЕЈМИ ....
Несакав да си го користам името од друг форум а ми се сакаше да се регистрирам и овде. Имево, онака рандом. Разгледував нешто за Гејладските музи и наидов на Калиопево кое е муза на еповите и најголема инспирација за Илијада и Одисеја. Без двоумење го плеснав за корисничко име. На прв поглед веднаш потсетува на истоимениот бренд за облека, но нема врска со тоа.
Епа пробав прво preety ама не беше слободно пробав и со други имиња не беа слободни па го лупнав ова preety со наша транскрипција и така
па вака пошто сум луда девојка и секаде се потпишвам како crazyshka но тука згресив наместо crazyshka јас стиснав усте едно а и испадна crazyshaka ама како и да е не ми пречи
Па се викам Елена, а Рбд ..од латино-мексиканската музичка група РБД ..за која некои од вас можеби слушнале поздрав
Читав некоја сторија на американска страна во која беше напишано ова име а воедно и се зачленував на форумот. Па кога требаше да напишам корисничко име само го вметнав „Cynthia“... Полека, полека почнав да се заљубувам во ова име. Сега ми е едно од најубавите имиња кои ги имам слушнато/прочитано-whatever.