Исклучителна бидејќи не ретко сум црна овца во стадото на ставови и мислења. Презирам стереотипи и предрасуди.
Peach-праска. Обожавам праски, и еден период дечко ми ме викаше праскичка. Така настана моето корисничко име.
Не сум пишала ми се чини...името мое и кога се зачленив имав 25 год па така ги споив мислев дека не треба празно место да има просто како грав
Здраво на сите! Јас сум нова на профилот,па затоа не ме познавата,а можеби и нешто мое до сега сте прочтитале без разлика што сега се регистрирав,подолго време го следев форумов и ете така се одлучив и јас да бидам дел од него. Лаки грл(среќна девојка)...епа искрено јас не сакав да бидам вака (ај да кажам) престаставена,но сите идеи ми беа искористени-па се одлучив за оваа опција.Зошто?! сметам дека јас сум среќна личност,опкружена со многу позитивни и мили лица(моето семејство со нивната бескрајна подршка,пријателите и познаниците кои секој ден ми го прават се поубав,момчето кое ми ја пружа несебичната љубов,начинот на кој што се справувам со секојневните проблеми,карактерот според кој сум претпознатлива-лав во хороскоп ,и уште ред други работи за кои ќе ми требаат премногу редови да се објаснам себеси како појава во нашето општество-тоа во некоја друга тема хихи )
Од филмот The Chronicles of Ridick. Тој, колку што се сеќавам беше Фјориец, и имаше една жена, беше на страната на добрите, беше од врстата Елементал. Кај мене е со голема М, нели ЕлеМентал, дека често знам да избувнам, енд гоу ол ментал
Bobby.pin дека интересно ми звучеше. На оние hair tutorial видеа на YT цело време тие шнолки ги користат и така х)
Black.Beauty, бидејќи ја сакам убавината во црната боја (црна убавина)... Не дека се носам во црно нон-стоп, туку како боја ја сакам многу, нормално и други бои како црвена, бела, виолетова Може да се каже дека корисничково име...сум јас!?
Smurfette.M Бидејќи ги сакам штрумфовите, а само Smurfette не беше достапно па морав да додадам уште нешто. Нема некое посебно значење на буквата M, едноставно "ја извадив од ракав" .......
Серафим е највисокиот ангелски чин на небесата . А исто и по Св. Серафим Саровски, голем руски светител, кој премногу го сакам и почитувам .
Лик од еден од моите омилени хорор филмови. На моменти ми е ужасно криво што не се потпишав со едно друго име кое го користам пречесто, така сум и на мсн, под тоа име имам блог, се потпишувам секаде, го обожавам..мое алтер его едноставно, ама така лесно можеа да ме препознаат многу луѓе, па ајде вака..
Anna-Banana. Еве ја историјата за моето име:Ана една моја улога во театар,а Banana да се римува со Ана,а и многу сакам да јадам банани
Пеперутка90 - бидејќи секогаш кога ми се случува нешто убаво ги имам оние пеперутки во стомакот, а бројката е 90 е дел од годината на моето раѓање