Melody13 Бидејќи ја сакам музиката, а воедно така се викам и во нашиот аматерски филм.. A 13 бидејќи толку имав кога се зачленив на форумов
Кога би можела сега би го сменила во нешто подруго. Кога се регистрирав на форумов никогаш не мислев дека ќе останам толку долго и дека ќе ве читам олку редовно. Се регистрирав под ова име најмногу поради маж ми кој ме вика така,а и прв пат ми е регистрација на форум па некако попаметни идеи тогаш немав.
Избрав вакво корисничко име какво што избрав за да бидам упадлив во очите на другите форумџики. Искрено, при регистрација не верував дека толку ќе почнам да пишувам после, а бидејќи корисничкото име не може да се смени, назад нема. А и јас не сакам да го сменам многу. Дали треба да го објаснувам, мислам дека е јасно. Обожавам pussycats! (болдираниот дел повеќе отколку вториот хаха) Некогаш сакам да бидам hunter, ама не кријам дека сакам да бидам и hunted. Сакам да бидам уловен и скротен од некоја женска со особини на јака лавица или тигрица. Ете токму затоа корисничкото име ми гласи PussyHunter и ќе го носам додека членувам тука. Ќе ловам и ќе бидам ловен хехе се шалам.
Исто и јас,немислев дека волку ке се приврзам за форумов,ке коментирам,ке барам совети и итн. Руби,поради глумицата Барбара Мори,бидејки имам коса со локни,на лето посебно добивам прекар Руби,иако според мене во другите црти на лицето не си личиме воопшто,ама тоа име прво ми текна и така се пишав.
Ни јас не знам. Најверојатно ми текна бидејќи таква музика слушав тој период (готик)уште слушам ама тогаш баш бев внесена и плус си реков ај ќе се зачленам којзнае дали ќе ми текне воопшто да се уклучам,а сеа секој ден не можам ако не се уклучам . Да можев би го променила али ете
затоа што имам природно плава коса и можи да се речи така ме знаат бидејќи има повеќе девојки со мое име во друштвото и ко ќе се праша која викаат плавата
Во периодот кога се регистрирав на форумов имав низа од среќни настани, и така дојде Хепи,а бидејќи некој веќе си го искористил тој ник морав да додадам уште нешто па така дојде и уан
Па, во периодот кога се зачленив ја гледав серијата Gossip girl и таму Блер често ја нарекуваат и Queen B и го искористив тоа Queen само што потоа наместо B додадов N (првата буква од моето име)
Ника на грчки значи победа и уште како помала имаше едно девојче од грција ника се викаше и интересно ми стана... Па кога се логирав ми текна на имево а и има исто четри букви и иста прва група како моето име. А 666 ме потсеќа не нешто од минатото... И ете така си го смислив никот
Имево порано на братучеда ми и беше лозинка на фб а јас кога се регистрирав нзз што да ставам па го ставив тоа.сега кога би можела да го сменам би го сменила
затоа што еден мој другар ме опиша како принцеза, а и така ме вика тато Ѕ (с) затоа што тоа е првата буква од моето име..
Сакав да биде нешто слатко и да изгледа убаво, пишав во речник ,,слатко" и од сите што ми се појавија ова ми фати око и не би го мењавала
SarahTayMomsen - Sara ми е името а Tay Momsen е пејачка која ја сакав ми беше омилена, сеуште ја сакам но не ми е омилена веќе -.-
Епа секогаш на никови си ставав мисс таа и таа, мисс онаа и онаа и овде кога се зачленував пишав мисс и ова 666 појма немам од кај ми излезе... Онака ми е.. Секако би го сменила ников, зошто и почнаа да ми го дознават полека па би го сменила кога би имала таква опција.....