По по колу лошо корисничко име имам не дека е лошо го ставив бидејќи тој „значајниот„ бивши во еден момент така ме нарече оф леле идиот колкав е ми иди со него да зборувам да го тепам и шо не Во моментот ми дојде ова незнам ни јас зошто, но секогаш кога ке го прочитам ме потсеќа на него и ме нервира ..... колку се сменив баш поради тој од минатото, оф мори мајко.....................................................................
Во последно време многу ја засакав Велика Британија и тој нивниот британски акцент па сакав да напишам 'I like London' но некако ми беше глупо и во последен момент ми текна дека они велат 'fancy' наместо 'like'. Ииииии се роди нов член на форумов!
моликаМк- од песната ТАЈНО МОЈА на Тоше. Го сакам премногу, па мислев нешто што ќе ме потсеќа на некоја негова песна
Го избрав никот Феникс заради силни причини. Се работи за огнена птица, што го симболизира мојот страствен и непоколеблив карактер. Истовремено, птицата воскреснува од пепелта, што го симболизира мојот став никогаш да не се предавам, дури и кога oколностите се целосно против мене.
коловоз- всушност не мислев да асоцирам на сообраќај -патишта ,но тоа всушност значи овој збор во македонскиот лексикон. Но јас го искористив намерно затоа што тоа е месецот во кој сум родена, односно да бидам појасна коловоз на хрватски го означува месецот август . И моето кориснчко име ме асоцира на летна авантура, месец кога се родени сите луге кои ми значат а и јас ....на прекрасни долги плажи и небесно сино море (ова е затоа што секоја година овој месец сум на одмор)
Пред месец дена си имав гостинче од Канада,внучето од сестра Бидејќи ме немаше видено од кога беше бебе, не знаеше многу за мене и ме праша како се викам. Му кажав,па ме прекрсти во тета Бисквита без причина. Ни ми се римува со бисквита имево,ништо И од тогаш ми остана,и другарките ме викаат Бисквита
Без некое посебно значење,едноставно гледав само да пасува .. Кога би се зачленила повторно ,сигурно не би го избрала ова име -.-
Го одбрав кравче, затоа што ги претставува кравите, свети животни, мили суштества и мирни, тревопасни, имаат убава конструкција, среќни се затоа што често си се на ливада...и така Се зезам, затоа што ме отсликува мене мислам дека пробав некое друго (не ми текнува кое) беше зафатено и си викам ај да видам колку крави има и испадна итс онли ми
вечерта пред да се зачленам го гледав Colombiana и шо знам така го треснав од рукав Каталеја ( нАли името на Зои Салдана и беше така )
Моето име доаѓа од филмот Дамата со камелии со Грета Гарбо, многу ми се допаѓаше. Оригинално се вика Camille, ама не мозеше така, па малце го сменив
повејќето што ги пробав беа зафатени па затоа еве демек "нежна-девојка" ии моите од дома така си ме разгалуваат со тоа, па ете за тоа ова име го стаив
Првата буква е од моето име,а зборчето дојде од значењето на моето име и поради тоа што месечината има посебно значење во мојот живот поради една личност.