Незнам со кој памет сум го ставила корисничково има Камо барем еднаш да имав шанса да го сменам Али ајде тоа Срцката ми текна бидејќи мојата професорка нон-стоп збореше со колешките Срцка,ша кај сибе она ова и јас само додадов -та со моите омилени броеви 2 и 8
Последниот филм кој го гледав пред да се зачленам: Strucked by a lightning. Па така и на многу други места си го користам името лајтнинг. И сама себе си се нарекувам лајтнинг поради идеите кои ми излегуваат од главата ко од гром.
Испробував 1 час и се зафатено и на крајот ми текна на една книга што ја имав читано пред 2 години. Во книгата имаше една маѓична пеперутка што се викаше Ондула и по тоа
Пред да се зачленам слушав песна од Beyonce и бидејќи неа ја викаат Qween B, јас направив само Qween,а SM е името и презимето на дечкоми.
Наусикаа, по Nausicaa of the Valley of the Wind, еден од моите омилени филмови http://www.imdb.com/title/tt0087544/
кога се зачленив многу ја сакав Мајли и затоа така се пишав.А сега се чудам кај ми бил паметот .Едно мало "с" да можев да ставам напред,би била задоволна,но ете неможам
Имаше нешто на телевизија за торти незнам што беше шлаг ли нешто го рекламираа и кога ќе ми каже некој шлаг си замислувам слика бел шлаг со црешичка и така ми дојде и корисничкото име англиски од цреша на врвот
Обожавам криминални серии, а една од омилените ми е Менталист. Воопшто не се двоумев, знаев дека така ќе биде затоа што ја обожавам неговата психичка сталоженост и смиреност. Сакам барем малку да научам од него, да не бидам толку лесно избувлива, ама што е тука е
Сакав да биде пооригинално име,многу сакав да имам корисничко име на латински јазик,ама беа зафатени тие што ми се допаѓаа и на крај го ставив Anabelle.Amorette. Oва име Анабел ми е убаво,нежно име,а ова аморет значи сакана(beloved).
гледав некои слики и имаше една и на неа пишеше CutieWithABooty па јас малце го сменав наместо Booty напишав Beauty ии така ми се напрај моето корисничко именце..
Јас имав симпатија на буквата С а моето име почнува на буквата Е и тогаш и на гламстик и на аск и на други места ко го отворив профилот на фемина оти секаде беше еловес решив и тука така.
Уште кога првпат се сретнав со стилските фигури, некаде во основно, оксиморонот ми остави впечаток. Беше интересен и лесен за препознавање. Буквално, оксиморон значи остроумна глупост, што се поистоветува со многу од моите изјави Понекогаш глупав, понекогаш луд, но никогаш незабележан. Ги балансира противречностите и ја бои мислата, а тоа е нешто што и јас се обидувам да го правам Пред да го направам профилот овде, подразмислив некое време, поучена од претходниот мој избор на кориснички имиња на форуми (на еден бев пишана со гОлЕмА-мАлА буква, украсено со ѕвездички, а на друг корисничко ми беше личното име), но затоа сега воопшто не се каам и корисничкото име никогаш не би го сменила