Jenniffer- Не знам ни јас зошто ова име. Ми се допаѓа името Џенифер-Џени. Не можеше да биде Jennifer па додадов уште едно F па испадна Jenniffer. Убав избор, убав избор.
Јас на пример, сум била многу креативна и иновативна, на денот четиринаесетти февруари. Среќа што не сум го пишала цело име и презиме.
Моето корисничко име atala е од романот Духот на христијанството од Шатобријан според главниот женски лик бидејќи тој лик ми оставил многу силен впечаток поради растргнатоста меѓу овоземното и духовното што резултира со негово самоубиство со труење со арсеник во вода на крајот од романот исто како во Мадам Бовари од Флобер!Приказната не е воопшто весела,трагична е,но токму тоа ја прави возвишена главната хероина и поради тоа јас многу си го сакам моето корисничко име и не би го менувала воопшто!
хахахаха ..морам да признам дека на почетокот ви бев малку лута и тебе и на Ариел, ама се помирив сега . А нема друга Ариела којзнае што сум правела за да не го прифати ма да и боље вака, не иде две ариели
Кога ќе ја видам бубац и себе си се мешам меѓу нас двете. Два саати смислував име и сакав само buba4e не оди бее нејќе пиши нејќе пиши влечи нејќе. Ќе му стаам број реков сега ако не успее ќе се откажам, оп фати од прва а фаќало од првааа добро е јас сум buba4e89 фала многу пријатно.
Не, па и мене не ми даваше да се пишам само Ариела а Ариел не сакав. Којзнае која Ариела ни го скршила филмот и на двете
Insatiable оти многу ми е волшебна песнава, можам со часови да ја слушам, се опуштам и се губам во неа. http://www.youtube.com/watch?v=9u7hGkL57N8 А 13 оти сум баксуз се подразбира
аnonymous - по филмот "Anonymous" - а исто така и убаво ми е кога сум анонимна 16 - датата има посебно значење за мене и најлесно ја паметам бројкава.
Па,прво сакав да биде Maroon5 но беше зафатено,пробав со Smile некои,исто беа зафатени тие што сакав,па потоа се обидов со chocolate-girl некако да биде и тие беа зафатени.Најпосле пробав вака chocolate-me и бидна,кога после неколку часа на форумот забележав дека има и друга феминка со истово име chocolate.me(со точка)...се разочарав од некреативноста .Сега да би се зачленила одново,имам уште милиони идеи како да се потпишам,но што е тука е . Спојлер Се извинувам на феминката chocolate.me бидејќи испадна дека ја ископирав во целост .
Апел до девојките кои планираат да се зачленат: Strachatella - вака потпишете се ако ви се допаѓа. Прекрасно е!
па штом така ти е значењето, бар (the) dreamed girl или a girl from your dreams. зашто вака нема смисла
Stefani999........Па ногу нормално,од името Ах кај ми бил паметот кога го правев.Можев ногу по оригинално...А 999 ставив оти 9 ми е убав број(помалце и среќен)
RockNroLLGirL - шо мојт да ми текнет мене друго освен ова прво сакав RockGirl ама после си викам ова ќе биде поубо