Snow-Star ... Зошто многу ја сакам зимата . Го сакам и снегот . Ме потсетува на некои случки од минатото и затоа се одлучив за тоа .
Butterfly-Girl, поглупо корисничко име не сум можела да ставам Не ми текнуваше ама баш ништо во моментот, батерфлај бидејќи многу сакав пеперутки а грл изгледа бидејќи само батерфлај беше зафатено, неам појма
nevermet18, искрено, поима неам зошто го пишав. 18ката, бидејќи едно детенце кое секој ден ме замара низ дома е родено на тој датум ,never, си мислев тогаш на работи кои никогаш нема да се случат, а met... Поима немам
Македонка-инспирирана од нашата држава Македонија Мак-уште се чудам од кај ми теклано тоа да го напишам, но знам дека беше зафатено само макеедонка и едноставо морав да се снајдам. Во тој момент така ми текнало Во секој случај, убаво е. Не се жалам.
Јас сум зачленета на форумот 2012 иако тогаш не бев активен член. Тогаш за мене животот беше rainbows, bubbles, bunnies, flowers А потоа научив дека животот не е тоа затоа се одлучив да се потпишам Rainbow за да ме потсетува на тоа, да не очекувам дирекно виножита пред дождот. Ама Rainbow беше зафатено, па го ставив ColoursOfTheRainbow. Моето корисничко име ме опишува како позитивна личност, а исто така и како личност во повеќе бои, светли и мрачни Виножитото има и светла и мрачна страна
Јас моето корисничко име го пишав поради то што многу ја сакам зимата и снегот . Имам многу спомени од случки кои ми се случиле во зима . Но ако би можела да го сменам би го сменила во Alone.Girl , или нешто слично . Но и овака си го сакам .
Ayda 1.Многу ми се допаѓа името 2.Верди има таква опера во која Аида е етиопска принцеза 3.На арабски значи добивка А броевите ми беа на маилот и да го памтам никот полесно
Заради фустаните, а и кога ќе го прочитам зборот eliesaab ми е синоним за неповторлива елегантност,па и некако моќно звучи
Абе глупост,,,, не ни паметам што ми здотекнало,,,, везе нема со моето име Па сакам да си го сменам паааа...