Мистеријата откриена! до сега си се прашував зошто сум го ставила ова корисничко име! Јас...по речникот на мојата професорка.Е,боже
Во далечното минато, пред три години , бев нездраво опседната со Хари Потер. Баш во тој период кога се зачленив на форумот ги читав книгите по којзнае кој пат, и се збореше дека тој е "the one who lived", па си влегов во некој филм... И бидна.
Имав идеја за едно сосема различни од ова име, беше така пооригинално, ама се логирав и на е-маил адресата не ми пристигнуваше за да го потврдам профилот, и вака набрзина го измислив.
Ме понесе бременоста и галапчето во себе. Се изрегистрирав демек колку да посставам прашање во врска со тоа и ете ме останав.
Се крстив вака Tumblr.123 затоа што кога се зачленував, долго време бев затрескана со Тumblr а ова 123 незнам што ми текнало да го ставам..
нa еднa игрa требaше дa внесaм кoрисничкo име и сегa кaкo мислaм,мислaм и ми текнa декa пред тoa јaдев Пицa и првo мислев Пицa дa се пoтпишaм aмa ми текнa декa вo пицaтa имa Кечaп пa пoубaвo ми звучеше и пишaв Кечaп и тaкa нa Феминa кoгa прaвев aкaунт не ми текнувaше некoј ник пa гo пишaв истиoт oд игрaтa
Комплексно...Спој на моите два идоли во женска верзија. Всушност ,Маршелин Амару е моето демонско алтер-его ,вечниот депресивец ,уништителот ,создаден од една моја посебна личност која веќе не е дел од мојот живот. Се уништи самата и си го уништи создателот.
хахаха затоа што немав идеја, и оп кога гледам климата ми се вика филиа додадов уште едно "Л" и ете ме
Сакав да има некаква поврзаност со активноста на еден форум. Што и да беше, ќе асоцираше на некаков интелектуалец "Х" "Y". Намерата пред се ми беше само да следам што се случува т.е. само да читам. Иако сега пишувам никако не го оправдувам самото име "Читател" од една страна, па и некаквата си интелектуална финеса според тоа во темите што го коментирам. Некако заборавив на се и само си се забавувам, со доза на иронија
Воопшто немав идеја како да се крстам .. и на крај вака напишав од една шпанска серија ми остана во сеќавање и се пишав вака ..
Ахахаххаахха Иначе имево ми текна така одеднаш.ми текна ариел а бројот 3 онака ми се допаѓа па ставив 3 3
Незнам кога се зачленував гледав Keeping up with Kardashians и незнаев какво име да ставам и ајде Kimey поради Ким