Во тој период секаде се потпишував вака, појма немам зошто Најверојатно затоа што знаев да бидам од една страна баш sweet а од друга ептен bitter И ден денес ме опишуваат како личност која оди од крајност во крајност, кај која нема средина.
Ми се свиѓа имево Alice,ама затоа што Alice(сите букви латинични) беше зафатено,јас моето го направив со комбинации од латиница и кирилица Спојлер А(кирилица)lic(латиница)е(кирилица) вака некако мислам дека е
Корисничкото име што порано си го користев тука беше зафатено, па некоја апликација на интернет ми поможи преку тест за ново
Без врска си истрескав букви, ги споив и испадна кјукли или ќукли, кој како сака. Воопшто не ми беше битно како ќе се потпишам.
Tove Lo ,ме инспирираше новава пејачка од шведска што се проби на американскава сцена,нејзините песни во кои се пронаоѓам и е нешто ново во кое и самата она се пронаоѓа и се бори да искочи од тоа со кое што и ние се бориме ,да успееме во љубов живот ,универзум се.. иако нејзиниот прекар (уметничково име) носи сосема друга прича како она го добила ,мене ме придоби што откако би ги смениле првите букви од првиот и вториот збор од Tove Lo БИ ДОШЛО Love To...
Janina - Janina Uhse e akterka koja ja najdiv na edna serija Gute Zeiten, schlechte Zeiten,i mnogu mi se dopadna pa neznaev sto ime da stavam i na toa mi tekna,a u plan mi e da go promenam nikot.
Пa дoстa време мислев кaкo дa ми биде ник нејмoт, пa ми текнa Mr. Right. А никoв бaш ми oдгoвaрa - зaтoa штo секoгaш сум вo прaвo, дури и кoгa не сум.
Паа,Kimberly11... Kimberly е вистинското име на Ким Кардашијан и баш ми е некако убаво затоа и го ставив. А 11ката ден на раѓање Името ми започнува на К!
Во египетската митологија, Нут била божица на небото. Нејзиното име значи ноќ. Некои од титулите на Нут биле Покривачка на небото, Таа што заштитува, Сопственичка на сè, и Таа што држи илјада души. На почеток била божица на дневното небо, но подоцна позната е едноставно како божица на небото.
Кога користам псевдоним, го бирам некако со внимание, за да може да отслика дел од мене. Каетана е име што секогаш ми се допаѓало многу, а е инспирирано од María Cayetana de Silva, војвотката од Алба, муза на Франциско Гоја.
Кога се регистрирав првото мислење ми беше како одговор во темата пмф и прво шо ми падна на памет за ник беше природен.
Во брзање, не знаев кое име да го напишам и ми текна ова Sahlene, по една изведувачка на евровизија... од Естонија.