pa mi se smaci veke da se objasnuvam po luge i nz kako odma toa bode vo oci vidi sto ubav avatar imam site za nikot se fatile hahahha
Кога уклучив фемина да се зачленам на телевизија играеше филм Lovely па од таму и никот, и после си ја додадов и годината на раѓање.
Си ја средував облеката и на една закачалка пишуваше тетекс,па си викам ајде по фирмата ќе се потпишам.
Ели скратено од името- така би сакала да ме викаат ама уствари никој не ме вика така, а од каде ова мкд ми текнало стварно незнам
Бев во " луди години " тогаш па од таму Крејзи , Грл бидејќи сум женско ( читај бев девојче сеуште ) 15 е моментот кога се зачленив имав толку години .. Затоа КрејзиГрл15
Како и во реалноста,името не обележува и многу говори за оној, кој се крие позади екранот. Моево ја опишува желбата за анонимност, а и состојбата во која сум, додека сум овде.
Јас се зачленив само за да прашам нешто, не ми текнуваше име и само изнастискав букви на тастатурата... ете ме си останав
Према песната од Danity Kane - Stay with me. Многу ја слушав и ми ја опишуваше момемталната состојба бидејќи бев очајна осамена, само дома седев во депресија со угасено светло во соба преку цела вечер не ни спиев и ја слушав песнава. Па ми oдговараше фразата со In The Dark и само си го додадов зборот Lady. Дама во темнината. Разочарана од животот само кон темнината нешто ме влечеше, не дека сега е нешто поразлично но тогаш бев ептен изгубена. Па си викам да го сменам никот ако може. Raindrops, Fall From, Everywhere I Reach Out, For You, But Your Not There So I Stood, Waiting, In The Dark With Your Picture, In My Hands Story Of a Broken Heart
Amaris на шпански значи дете на месечината. А и ми се допаѓа како звучи. Мислам дека гледав некој документарец за месечината кога се регистрирав тука, па оттаму и името.
Кога се регистрирав на форумот на радио одеше песната Poker face од Лејди Гага и немав некоја поинтересна идеја и се пишав poker_face
Моево нејќам да си го прочитам. Кога се зачленував сакав Marigold само, ама беше зафатено и си додадов плус А од името. Сега се заедно прочитано звучи ко име на некоја бајачка од Врање што истерува зли сили. А јакото е што откако се зачленив ми текнаа 15 покреативни и интересни имиња. Ама баш тогаш кога ти е најпотребна инспирација ја немаш.
Периодот кога го правев профилот, комшиите си ја крстија принцезата Дајла (од Турција се), јас прв пат го слушнав ама се заљубив, уникатно е.